Сто и второ продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Ноќта веќе беше надлабоко спуштена. Алехандро и подготвуваше мате, а таа не знаеше како да му ја каже новоста, исплашена од стравот кој и го всади Магнолија, го праша дали сака деца и дали размислувал за истите.
– Секако дека сакам деца, – одговори тој, подавајки и го нејзиното мате.
– Твој или туѓи?
– Мои сеуште немам, но претпоставувам дека моите ќе ги сакам повеќе од туѓите.
– Колку деца сакаш да имаш?
– Од каде доаѓаат сега овие прашања за деца?
– Ако еден ден се венчаме, логично е да сакам да знам што мислиш за истите. Останува тоа дека сакаш да ти бидам сопруга?
– Секако дека сакам. Но, прво мораш да се разведеш. Потоа ќе мораме да чекаме една година.
– Една година? Зошто?
– Така налагаат законите во ова земја.
– Не можеме ли да се венчаме порано? Би сакала да ти бидам жена, пред да се роди детето кое го чекам.
– Дете? – ја праша со грутка во грлото.
– Наше дете, – му потврди. – Брмена сум!
– Но, тоа е невозможно, Марија Клара.
– Сигурна сум дека е твое.
– Колку време си бремена?
– Седум недели, вели докторот.
– Кажа ли некому?
– На сите. И на сите им кажав дека е твое. Тетка инсистираше да кажам дека е на Фабијан, но одбив.
– И Фабијан знае?
– Да. Му кажав вчера.
– И како реагираше?
– Добро. Ниту се налути, ништо…Ќе го сакаш ли ова дете?, – го праша низ солзи, земајки ја неговата рака и ставајки ја на својот стомак.
– Секако дека ќе го сакам. Се што е твое сакам. Но, сигурно ли детето е ме. Не е на Фабијан?
– Зошто ми зборуваш така? Детето е твое.
– Ако ти така велиш.
– Те љубам многу. Не знам што би правела без тебе, – рече и силно го прегрна. Но, во неговиот поглед се читаше блага меланхолија.
Бениго го посети Артемио во неговиот апартман, откако тој го повика.
– За што ме баравте, господине?
– Си замина ли жената која ја сретнав долу?
– Аурора? Да. Работи во Црвениот Крст и вели дека ве познава.
– Ти кажа нешто друго?, – праша Артемио.
– Дека сте се сретнале во Мексико Сити. Вели дека сте и ветиле дека ќе и дадете работа, па затоа дошла.
– И го ветив тоа за да ја тргнам од себе.
Следното претпладне, Лусија и Лоренсо се најдоа на кафе во локалната кафетерија. Ја интересираше како се снаоѓа во пансионот и како напредува неговиот однос со сопствеичката.
– Од ден во ден има се повеќе доверба во мене. Мислам дека се оди според планот.
– Во секој случај, одиш многу споро, – го прекори Лусија.
– Правам се што можам. Што сакаш, да ја грабнам и да ја одведам насила во мојата соба?
– Зошто да не? Никоја не би можела да одолее на згоден маж како тебе.
– Не знам колку си известена Лусија, но на овој свет сеуште има чесни жени.
– Како и секогаш, твоете шеги ти се смешни само на тебе, – му рече прекорно. – Неподнослив си!
Додека Лоренсо се смешкаше, ја здогледа Крисанта како ја минува улицата. Сакаше да се сокрие, но беше предоцна. Таа веќе го здогледа.
– Која е оваа?, – го праша Лусија.
– Една стара трачарка која живее во пансионот. Сигурно ќе и каже на Висента дека ме видела со тебе.
– Да видиме како ќе се извлечеш од ова, бидејки твојата Висента знае дека работам за Артемио.
Додека Пас го подготвуваше ручекот во кујната, а Маргарита подготвуваше кафе за Фабијан, влезе Епигменио.
– Пристигна Господарот, – рече иронично, алудирајки на Алехандро.
– Кој?, – праша Пас.
– Диего, или како и да се вика.
– Подобро за тебе да го третираш како господар, – го посоветува Маргарита. – Не заборавај дека е половичен сопственик на Ла Луна. За твое добро, подобро да му се обраќаш со господине.
– Никогаш нема да го наречам господине! За мене единствен господар овде е дон Фабијан.
– И дојде сам или со докторката?, – праша Пас.
– Дојде со госпоѓа Марија Клара, не знам од каде.
Маргарита се врати во работната соба на Фабијан со бараното кафе и веднаш го извести својот господар за враќањето на Алехандро.
– Мојот вујко вели дека ги видел заедно со госпоѓа Марија Клара, – додаде девојката, знаејки дека тоа ќе го налути.
– Што сакаш да кажеш со тоа?- ја праша грубо.
– Не сакам да кажам ништо, – му врати дрско. – И ако уште еднаш ми се обратите со таков тон, нема веќе да ви кажувам ништо.
– Имаш право. Не знаеш колку ме вознемирува присуството на тој човек.
– Вистина ли е дека повеќе нема никакви кривични докази против него?
– Од каде знаеш ти за тоа?
– Ми кажа Матилде. Доња Висента, мајката на Матилде го посетила Алехандро во градот и тој и кажал дека нема никаков кривичен долг кон законот.
– Што барала таа жена во Мексико Сити?! Во секој случај, Матилде е лоша озборувачка. Кога сме кај неа, знаеш ли дека е ќерка на Артемио Сантибањез?
– Да. Дон Артемио сака да ја придобие и да ја натера да живее со него. Но Матилде не сака. Вели дека не сака да ја остави мајка и, која патем не и е мајка, туку тетка. Матилде е ќерка на Дон Артемио и сестрата на доња Висента. Изгледа дека дон Артемио е цврсто решен да ја придобие љубовта на Матилде.
– Навистина?
– Вели дека таа му е единствена ќерка.
– И од каде знаеш ти за плановите на Артемио Сантибањез?
– Еднаш ме покани на ручек за да му помогнам и да ја убедам Матилде дека е чесен човек. По она што ми го кажа, сигурна сум дека е искрен во своите намери.
– Кој би рекол дека Артемио Сантибањез има меко срце? Интересно.
Бенигно се најде на кафе со Аурора, медицинската сестра.
– Одвај успеав да излезам од работа, – ја извести кога дојде во кафетеријата.
– Кажи ми, Бенигно, за што се работи сето ова?
– Мене ме прашуваш? Ти си онаа која треба да ми објасни. Зошто дон Артемио се претставувал како дон Фабијан?
– Тоа не е се. И еден друг го стори истото.
– Кој?
– Еден тип кој сакаа да го убијат, – одговори Аурора.
– Кој сакал да го убие?
– Не ми кажа. Но зборуваше за некое наследство. Јас сакав да му помогнам бидејки ми беше жал за кутриот. Дури му го позајмив и мојот телефон за да се јави некаде.
– И каде се јави?,- праша Бенигно.
– На Артемио Сантибањез, претставувајки се како Фабијан. Потоа пред да замине од болница, го бараа едни луѓе. Тетка ти вели дека сигурно сакале да го убијат, бидејки личеа на мафијаши. Но, немаш претстава колку згоден маж беше тој. Висок, со црна коса, млад, атлетски граден…
– Не ми вели дека зборуваш за Диего Луна?, – навестуваше Бенигно.
– Кој е Диего Луна?, – збунето праша Аурора.
– Еден мистериозен маж кој одговара на описот кој го даде.
– Можеби ако го видам ќе ти кажам дали е тој или не.
Матилде потрча кон ходникот на панисонот, откако веќе долго и упорно ѕвонеше телефонот.
– Ало?!
– Здраво, ќерко. Како си?, – ја праша Артмио од другата страна на линијата.
– Добро, – кратко и јасно одговори Матилде.
– Бев на патување и само што се вратив. Ти заедов подарок кој сакам да ти го врачам лично. Се надевам дека нема да го одбиеш како и цветовите кои ти ги пратив?
– Кои цветови?- збунето праша девојката.
– Букетот кој ти го пратив пред некое време. Не го доби?
– Не.
– Не би знаел зошто. Како и да е, можеме ли да се најдеме денес за ручек?
– Не, – одговори девојката и го прекина разговорот.
Артемио видно вознемирен поради дрскиот третман на Матилде, погледна во Лусија која седеше наспроти него.
– Нели ти реков да и пратиш букет на мојата ќерка?, – ја праша.
– Го сторив тоа, но Лоренсо вели дека Виснета не сакала Матилде да го види и ги фрлила во канта.
– Проклета жена, – низ заби процеди Артемио.
Кога Марија Клара замина по Фабијан и нејзината тетка, Магнолија кружеше околу Алехандро како мршојадец околу својот плен.
– Невозможно е да те пуштиле на слобода за толку кратко време. За таквите истраги е потребно време. Фабијан смета дека никогаш и не си се пријавил во полиција.
– И што ако е така? Што ако не се пријавив?, – ја праша двосмислено.
– Знаев дека е така, – се замеша Фабиан кога влезе во просторијата, оставајки бел чад од пурата која ја допушуваше. – Знев дека немаш храброст да се соочиш со вистината и законот!
Во следниот момент во просторијата влегоа Марија Клара и Клеменсија.
– Како сте госпоѓице Клеменсија?, – ја поздрави Алехандро.
– Добро, – одговори кратко.
– Нема да ви одземе многу време она што ќе ви го кажам, – додаде Алехандро, гледајки во сите поединечно.- Фабијан, грешиш ако мислиш дека не сум се пријавил. Го сторив тоа истиот ден кога стигнав во главниот град. Дијана ја имам за сведок. Таму се јавија во зтворот на Островот и им беше кажано дека нема никакви записи за злосторството за кое бев обвинет, како што нема никаков документ дека сум лежел во затвор.
– Можеби пожарот ги уништил сите докази, – го наклевети Фабијан.
– Пожарот не допрел ниту еден дел од архивата. Огнот ги зафатил само келиите, – објасни Алехандро. – Но, сепак постои жена со наводно забоден нож во срцето. Моето присуство во тој затвор не беше мој кошмар. Затоа и сум сигурен дека беше нечија стапица.
– Вие сте актер, добар актер велат, што ако ова е само ваша глума?, – го праша Клеменсија.
– Ако не ми верувате, слободно јавете се во затворот на Островот Лос Рејес. Фабијан го има телефонскиот број. Самиот сум сведок дека се јавуваше неколку пати.
– Во тој случај како ми ја дадоа твојата посмртница?, – праша Фабијан, со желба да ги убеди присутните во својата чест. – Јас лично бев по таа посмртница и мене ми ја врачија.
– Не се сомневам дека си ја набавил мојата посмртница, – рече Алехандро, внесувајки му ги своите зборови в лице. – Но, си набавил лажна посмртница!
– Немам зошто тебе да ти се правдам! Посмртницата ми ја дадоа од затворот на Островот!
– Лажеш, Фабијан! Можеби можеш да ја прелажеш госпоѓица Клеменсија, но јас и ти добро знаеме деака никогаш не ти била издадена моја посмртница, едноставно бидејки не постои таква! Бидејки сум ж-и-в!, – му спелуваше буква по буква.
– Најважно е дека си жив и дека се се расчисти, – рече Марија Клара.
– Не, најважно е да дознаеме кој ја убил сестра ти!, – ја поправи Алехандро. – И нема да се смирам додека не го разоткријам убиецот!
Продолжува…
LucasScott | ТВ Пакет