Сто и четврто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Дијана излезе од лифтот на катот каде што беше нејзината соба, кога во ходникот наиде на Карлос.
– Зборуваше со Алехандро?, – ја праша.
– Да. Фабијан ќе и даде развод на Марија Клара и ќе се омажи со Алехандро.
– Тоа значи дека детето е негово?, – праша тој.
– Не е. Детето кое го чека Марија Клара е на Фабијан.
Аурора и Алехандро се најдоа на кафе, тоа попладне и таа си дозволи да го праша за неговиот вистински идентитет.
– Се викам Алехандро Молина, – одговори тој, откако повлече готка од пенливото капучино.
– Зошто измилси толку лаги додека беше во болница?
– Ти кажав дека сакаа да ме убијат.
– Еве го и Бенигно, – рече Аурора, покажувајки кон рецепционерот кој приоѓаше до нивната маса.
– Каква случансот, – рече момчето пред да седне.
– Не се преправај, – го предупреди Аурора. – Му кажав се.
– Што е се?
– Седни, Бенигно, – му рече Алехандро. – и не плаши се, ова ќе остане меѓу нас. Барем што се донесува до мене, – додаде, погледнувајки во Аурора.
– Сакаш да кажеш дека сум озборувачка?, – го праша таа.
– Не, но си доста комуникативна, за што сум ти благодарен, – одговори Алехандро. – А ти не ме гледај така, – му рече на Бенигно. – Нема да му кажам на Артемио за нашиот разговор.
– Дон Артемио е човек кој има доверба во мене, – рече рецепционерот.
– Ноќта кога некој луѓе ме барале во Црвениот крст, онаа ноќ кога побегнав, се сеќаваш?, – ја праша Аурора.
– Да. Ги имал пратено дон Артемио Сантибањез.
Марија Клара слезе во дневната просторија, откако Имелда ја извести дека има посетител. Кога слезе по скалите и го виде Карлос, му пријде во прегратка.
– Карлос, колку пријатно изненадување.
– Марија Клара, дојдов да зборувам со тебе бидејки слушнав нешто што воопшто не ми се допаѓа.
– Што?
– Ако се омажиш за Алехандро, ќе бидеш многу несреќна.
– Од каде сега тоа?
– Затоа што не е вљубен во тебе, – одговори тој. – Сеуште ја љуби Лорена.
– Не е вистина!
– Секако дека е вистина. И кога ќе му помине ова лудило, ќе те остави тебе и детето кое го очекуваш.
– Зошто ми го кажуваш ова?
– Марија Клара, те молам, биди свесна. Освен тоа, Фабијан не заслужува така да го лажеш, велејки дека детето кое го чекаш е од Алехандро.
– Не е вистина! Детето е од Алехандро!
– Лажеш! Алехандро и кажал на Дијана дека не е негово! Дијана ми кажа.
– Што се случува овде?, – праша Клеменсија, кога влезе во салонот.
– Не му верувај, тетко, – рече Марија Клара. – Карлос не знае што зборува.
– Биди искрена, Марија Клара. Детето е од Фабијан?, – ја праша тетка и.
– Да, е, – низ солзи потврди девојката. – Но те молам, тетко, те молам не му кажувај на Фабијан, – ја преколнуваше низ созли. – Остави нештата да си одат по нормален тек.
– Мене ми е многу непријатно, – рече Карлос кој се почуствува непожелно. – Ако ми дозволите, би заминал, – додаде и ја напушти просторијата.
Алехандро го сопре својот автомобил пред хациендата и кога излезе од него, се најде лице во лице со Епигменио.
– Сакам да зборувам со тебе,- рече шоферот.
– За што?
– За нешто што те засега тебе. Нешто кое не сакаш да биде слушнато помеѓу ѕидините на оваа хациенда.
– Во ред. Кажи каде сакаш да зборуваме?
– Вечерва, кога ќе паднае ноќта. Кај мочуриштето.
– Ќе бидам таму, – ноншалантно одговори Алехандро и се упати кон хациендата.
По рагзоворот со нејзината внука, Клеменсија го посети Фабијан во неговата работна соба и го извести за новоста која ја дозна.
– Детето кое го чека Марија Клара е твое, Фабијан. Нели сфаќаш? Алехандро не е татко. Но, зошто си таков, Фабијан? Како да не сакаш детето да е твое.
– Секако дека сакам…
– Тогаш? Во што е проблемот? Повеќе не ја сакаш мојата внука?
– Не е лесно да се живее со жена која е вљубена во друг маж. Освен тоа, сметам дека сето ова е само уште една игра на Молина.
– Каква игра?, – праша старицата.
– Можеби сака да се ослободи од обврската која ја има да се ожени со Марија Клара. Карлос е негов пријател и чудно ми е што неговиот пријател дошол со таа новост. Можеби Молина го испратил.
– Да речеме дека е ака, тоа е најдобрата опција.
– И сакате јас да се грижам за дете кое е од друг маж?
– Не биди тврдоглав, Фабијан. Детето е твое. Ако се сомневаш, остани со Марија Клара додека да се роди тоа дете, а потоа разведи се ако докажеш дека детето е на тој човек. Ако останеш со мојата внука, верувај дека ќе бидеш награден со голем дел од наследството.
Ваквата примамлива понуда го замисли Фабијан.
– За каква награда зборуваме, госпоѓице Клеменсија?
– Третина од она што го има мојата внука.
– Примамливо…
Вечерата беше послужено во трпезаријата во пансионот на доња Висента а отсутсвото на Матилде го забележа Крисанта.
– И каде е Матилде?, – праша старицата.
– Излезе со Маргарита, – одговори Виснета.
– Прашувам бидејки не ја видов ни на ручек.
– Тоа време беше излезена.
– Со кого?, – праша Крисанта.
– Со еден човек, – одговор Виснета не откривајки го името на Артемио.
– Го загубив апетитот, – помалку дрско рече Крисанта и ја напушти трпезаријата.
Лоренсо забележа дека Висента е отсутна со мислите, па си даде дозвола да ја зеде нејзината рака и праша:
– Што е проблемот, Виснета?
– Загрижена сум за бизнисот. Пансионот не функционира како порано. Сите заминаа, останавте само ти и Крисанта.
– Тоа е само период, сигурен сум дека на лето повторно трпезата ќе биде полна. Иако мислам дека те загрижува нешто друго. Матилде?
– Не, – негираше Висента.
– Знаеш дека мене можеш да ми кажеш се. Имај доверба.
– Матилде беше на ручек со оној човек, Артемио Сантибањез и лута сум бидејки не требаше да ја прифати неговата покана. Тој човек е ѓавол и може лесно да ја заврти против мене. Кој знае со што и ја полни главата.
– И зошто мислиш така? Можеби навистина ја сака. Сепак и е татко.
– Тоа не го прави помалку бесрамен, – процеди Висента.
– Луѓето се менуваат.
– Волкот ги менува своите влакна, но не и својот табиет. Длабоко во мене знам дека тој човек не е искрен, Лоренсо. Решив да зборувам со Алехандро Молина. Матилде го цени тој човек. Ќе му објаснам се и знам дека може да ми помогне.
Кога падна ноќта, Епигменио го чекаше Алехандро на договореното место кај мочуриштето. Веќе ја допушуваше втората цигара, погледна на часовникот. Алехандро доцнеше. Слушна звук од автомобил и фаровите го осветлија мрачниот предел.
– Еве сум, – рече Алехандро кога се најде лице во лице со Епигменио. – За што сакаше да зборуваме?
– За адвокатот Фрагосо, – одговори Епигменио и ја фрли цигарата. – Беше многу силен кога тврдеше дека дон Фабијан го убил адвокатот а јас сум му помогнал.
– Сеуште стојам зад тоа, – рече Алехандро.
– Вистина е, – потврди Епигменио. – Дон Фабијан во момент на бес го турна адвокатот кој дојде на хациендата да му префрли дека не постои посмртница. Адвокатот падна со главата и дон Фабијан веруваше дека е мртов. Ме задолжи да се ослободам од телото и го доведов на ова исто место.
– И зошто мене ми го кажуваш ова, Епигменио?
– Подоцна кога го најдов телото, телото на адвокатот беше на друго место, не беше онаму каде што го оставив. Беше тука, – покажа кон мочуриштето. – На неколку метри од она место каде што јас го оставив неколку часа претходно.
– Тоа значи дека адвокатот бил жив, дека се борел за живот, – рече Алехандро. – И истрагата го потврди тоа.
– Ако е така, зошто тогаш манжетните на адвокатот со неговите иницијали ги најдов во твојот плакар?
– Бидејки дента пред да почине, дон Балдомеро ми ги подари.
– Не е вистина. Никогаш нема да го заборавам тој ден кога требаше да се ослободам од телото. Го помнам секој детал, секое парче кое адвокатот го имаше на себе. Манжетните беа на неговата кошула кога се ослободив од телото. Истите оние кои ги најдов во твојата остава. Не можел адвокатот да ти ги подари, бидејки тие ги носеше кога беше убиен. А тоа ме доведува до заклучок дека ти си го убил.
Саркастична насмевка се развлече на лицето на Алехандро.
– Ти си убиецот!, – процеди Епигменио.
– А ти неможеш никому да докажеш, – рече Алехандро. – Бидејки ти си следниот.
Епигменио посегна по својот пиштол меѓу ременот. Го впери оружјето во телото на Алехандро, кој не ја тргаше циничната насмевка од своето лице. Со еден покрет на ногата, го турна Епигменио во калта и успеа да го земе оружјето кое падна на земја.
– Не ми беше во планот да те убијам, – му рече вперувајки го пиштолот кон шоферот. – Се гледаме во пеколот, – додаде и го повлече чкрапалото. Се слушна истрел.
Естер гасеше цигара врз цигара во пепелникот, додека ја читаше исповеста на Алехандро во документот кој успеа да го зеде од неговиот компјутер. Се препотуваше, бледееше…Дојде до делот каде што опишуваше како го убил адвокатот Фрагосо.
– “Се појави на вратата од колибата, главата му крвареше…Пријдов по преврски. Ми кажа дека Фабијан сакал да го убие затоа што открил дека не постои посмртница на мое име. Го пратил неговиот верен пес Епигменио да се ослободи од телото. Но ниту еден од нив не му го проверил пулсот. Го оставиле телото близу колибата и дојде да ме предупреди. Додека ја барав кутијата за прва помош, го видел отворениот лаптоп и прочитал дел од вистината. Немав друг начин освен да го убијам. Го вратив телото онаму каде што ми кажа дека претходно бил оставен. Лесно е кога вината паѓа на другите.”
Естер помина со дланките низ косата. Беше видно вознемирена од она што го дозна.
Во меѓувреме, Алехандро го сопре автомобилот кај реката, го извлече безживотното тело на Епигменио од гепекот, наполни една вреќа со камења, ги заврза за нозете на мртовецот и го одвлече трупот кон водата. Го пушти во длабочините. Тежината на камењата го повлекоа телот кон дното. Алехандро ги истресе валканите раце и погледна кон небото. Месечината беше полна.
LucasScott | ТВ Пакет