Почетна / Вебновела / Црвена месечина 105

Црвена месечина 105

Сто и петто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Алехандро го сопре својот автомобил пред хациендата и кога излезе од него, се најде лице во лице со Епигменио.
– Сакам да зборувам со тебе,- рече шоферот.
– За што?
– За нешто што те засега тебе. Нешто кое не сакаш да биде слушнато помеѓу ѕидините на оваа хациенда.
– Во ред. Кажи каде сакаш да зборуваме?
– Вечерва, кога ќе паднае ноќта. Кај мочуриштето.
– Ќе бидам таму, – ноншалантно одговори Алехандро и се упати кон хациендата.

По рагзоворот со нејзината внука, Клеменсија го посети Фабијан во неговата работна соба и го извести за новоста која ја дозна.
– Детето кое го чека Марија Клара е твое, Фабијан. Нели сфаќаш? Алехандро не е татко. Но, зошто си таков, Фабијан? Како да не сакаш детето да е твое.
– Секако дека сакам…
– Тогаш? Во што е проблемот? Повеќе не ја сакаш мојата внука?
– Не е лесно да се живее со жена која е вљубена во друг маж. Освен тоа, сметам дека сето ова е само уште една игра на Молина.
– Каква игра?, – праша старицата.
– Можеби сака да се ослободи од обврската која ја има да се ожени со Марија Клара. Карлос е негов пријател и чудно ми е што неговиот пријател дошол со таа новост. Можеби Молина го испратил.
– Да речеме дека е ака, тоа е најдобрата опција.
– И сакате јас да се грижам за дете кое е од друг маж?
– Не биди тврдоглав, Фабијан. Детето е твое. Ако се сомневаш, остани со Марија Клара додека да се роди тоа дете, а потоа разведи се ако докажеш дека детето е на тој човек. Ако останеш со мојата внука, верувај дека ќе бидеш награден со голем дел од наследството.
Ваквата примамлива понуда го замисли Фабијан.
– За каква награда зборуваме, госпоѓице Клеменсија?
– Третина од она што го има мојата внука.
– Примамливо…

Вечерата беше послужено во трпезаријата во пансионот на доња Висента а отсутсвото на Матилде го забележа Крисанта.
– И каде е Матилде?, – праша старицата.
– Излезе со Маргарита, – одговори Виснета.
– Прашувам бидејки не ја видов ни на ручек.
– Тоа време беше излезена.
– Со кого?, – праша Крисанта.
– Со еден човек, – одговор Виснета не откривајки го името на Артемио.
– Го загубив апетитот, – помалку дрско рече Крисанта и ја напушти трпезаријата.
Лоренсо забележа дека Висента е отсутна со мислите, па си даде дозвола да ја зеде нејзината рака и праша:
– Што е проблемот, Виснета?
– Загрижена сум за бизнисот. Пансионот не функционира како порано. Сите заминаа, останавте само ти и Крисанта.
– Тоа е само период, сигурен сум дека на лето повторно трпезата ќе биде полна. Иако мислам дека те загрижува нешто друго. Матилде?
– Не, – негираше Висента.
– Знаеш дека мене можеш да ми кажеш се. Имај доверба.
– Матилде беше на ручек со оној човек, Артемио Сантибањез и лута сум бидејки не требаше да ја прифати неговата покана. Тој човек е ѓавол и може лесно да ја заврти против мене. Кој знае со што и ја полни главата.
– И зошто мислиш така? Можеби навистина ја сака. Сепак и е татко.
– Тоа не го прави помалку бесрамен, – процеди Висента.
– Луѓето се менуваат.
– Волкот ги менува своите влакна, но не и својот табиет. Длабоко во мене знам дека тој човек не е искрен, Лоренсо. Решив да зборувам со Алехандро Молина. Матилде го цени тој човек. Ќе му објаснам се и знам дека може да ми помогне.

Кога падна ноќта, Епигменио го чекаше Алехандро на договореното место кај мочуриштето. Веќе ја допушуваше втората цигара, погледна на часовникот. Алехандро доцнеше. Слушна звук од автомобил и фаровите го осветлија мрачниот предел.
– Еве сум, – рече Алехандро кога се најде лице во лице со Епигменио. – За што сакаше да зборуваме?
– За адвокатот Фрагосо, – одговори Епигменио и ја фрли цигарата. – Беше многу силен кога тврдеше дека дон Фабијан го убил адвокатот а јас сум му помогнал.
– Сеуште стојам зад тоа, – рече Алехандро.
– Вистина е, – потврди Епигменио. – Дон Фабијан во момент на бес го турна адвокатот кој дојде на хациендата да му префрли дека не постои посмртница. Адвокатот падна со главата и дон Фабијан веруваше дека е мртов. Ме задолжи да се ослободам од телото и го доведов на ова исто место.
– И зошто мене ми го кажуваш ова, Епигменио?
– Подоцна кога го најдов телото, телото на адвокатот беше на друго место, не беше онаму каде што го оставив. Беше тука, – покажа кон мочуриштето. – На неколку метри од она место каде што јас го оставив неколку часа претходно.
– Тоа значи дека адвокатот бил жив, дека се борел за живот, – рече Алехандро. – И истрагата го потврди тоа.
– Ако е така, зошто тогаш манжетните на адвокатот со неговите иницијали ги најдов во твојот плакар?
– Бидејки дента пред да почине, дон Балдомеро ми ги подари.
– Не е вистина. Никогаш нема да го заборавам тој ден кога требаше да се ослободам од телото. Го помнам секој детал, секое парче кое адвокатот го имаше на себе. Манжетните беа на неговата кошула кога се ослободив од телото. Истите оние кои ги најдов во твојата остава. Не можел адвокатот да ти ги подари, бидејки тие ги носеше кога беше убиен. А тоа ме доведува до заклучок дека ти си го убил.
Саркастична насмевка се развлече на лицето на Алехандро.
– Ти си убиецот!, – процеди Епигменио.
– А ти неможеш никому да докажеш, – рече Алехандро. – Бидејки ти си следниот.
Епигменио посегна по својот пиштол меѓу ременот. Го впери оружјето во телото на Алехандро, кој не ја тргаше циничната насмевка од своето лице. Со еден покрет на ногата, го турна Епигменио во калта и успеа да го земе оружјето кое падна на земја.
– Не ми беше во планот да те убијам, – му рече вперувајки го пиштолот кон шоферот. – Се гледаме во пеколот, – додаде и го повлече чкрапалото. Се слушна истрел.

Естер гасеше цигара врз цигара во пепелникот, додека ја читаше исповеста на Алехандро во документот кој успеа да го зеде од неговиот компјутер. Се препотуваше, бледееше…Дојде до делот каде што опишуваше како го убил адвокатот Фрагосо.
– “Се појави на вратата од колибата, главата му крвареше…Пријдов по преврски. Ми кажа дека Фабијан сакал да го убие затоа што открил дека не постои посмртница на мое име. Го пратил неговиот верен пес Епигменио да се ослободи од телото. Но ниту еден од нив не му го проверил пулсот. Го оставиле телото близу колибата и дојде да ме предупреди. Додека ја барав кутијата за прва помош, го видел отворениот лаптоп и прочитал дел од вистината. Немав друг начин освен да го убијам. Го вратив телото онаму каде што ми кажа дека претходно бил оставен. Лесно е кога вината паѓа на другите.”
Естер помина со дланките низ косата. Беше видно вознемирена од она што го дозна.

Во меѓувреме, Алехандро го сопре автомобилот кај реката, го извлече безживотното тело на Епигменио од гепекот, наполни една вреќа со камења, ги заврза за нозете на мртовецот и го одвлече трупот кон водата. Го пушти во длабочините. Тежината на камењата го повлекоа телот кон дното. Алехандро ги истресе валканите раце и погледна кон небото. Месечината беше полна.

Карлос беше штотуку излезен од под туш, капките вода сеуште лизгаа по неговото голо торзно, кога некој затропа на вратата од неговата хотелска соба и појде да отвори. Беше Дијана.
– Зборував со Марија Клара, – рече таа откако влезе во собата. – Не требало да и го кажеш тоа.
– Немав намера и другите да дознаат, – рече Карлос во своја одбрана. – Само сакав да ја разубедам.
– Карлос, ќе ти кажам нешто лично. И јас сум вљубена. Вљубена сум во Алехандро. Дури и јас сакав да го разделам од Марија Клара како што сега сакаш ти. На почетокот одбивав да ги прифатам тие чуства, сакав да гледам на него само како на пријател кој му е потребна помош, но факт е дека сакав да ги разделам бидејки го сакав за себе. Но, сега сфаќам дека е глупост. Дури и да се разделат, не значи дека Алехандро ќе се загледа во мене.
– Можеби си во право. Но, ме разбеснува тоа што тој ја користи ситуацијата. А со тоа само ја користи Марија Клара. Таа е невина девојка, која сонува за поубав живот, полна е со илузии, наивна и затоа секој може да ја манипулира.
– Тука грешиш,- го негираше Дијана. – Вистина е дека Марија Клара е наивна и полна со илузии, но не може секој да ја манипулира. Таа е силна и одлучна. Многу поодлучна одошто изгледа.

Марија Клара го чекаше Алехандро на тремот. Кога ги забележа светлата на автомобилот, притрча до него и само цврсто го прегрна.
– Морам да ти признаам нешто, – му рече.
– Што?
– Детето кое го чекам е на Фабијан.
Алехандро не рече ништо, само длабоко воздивна. Марија Клара ја зеде неговата дланка и на истата забележа крв.
– Што е ова, Алехандро? Крв?
– Ништо страшно, – рече тој. – Се пресеков. Да влеземе внатре, ноќта е студена, – додаде тој, ја зеде под рака, вртејки се назад, имаше чуство како некој да го следи. Да не го турнеше Епигменио во реката, ќе веруваше дека е тој.

Кога Алехандро се упати кон бањата, Марија Клара тргна кон својата соба на катот, кога слушна гласови од собата на Фабијан и пријде до вратата да преслушкува. Зборуваше со Магнолија.
– Морав да се согласам на развод, бидејки ми вети дека ќе заборави на смртта на својата жена, на островот Лос Рејес…Тој човек е многу мудар, Магнолија. Сигурно сака нешто од Марија Клара што прифатил да одгледува дете кое не е негово.
– Ја љуби, – рече таа.
– Почнувам да се сомневам во тоа. Тој човек не е од доверба. Речиси сум сигурен дека никогаш не ја сакал Марија Клара. Ја користи само да докопа по она што е дојден, а многу набрзо ќе дознаам што е тоа.
– Мене ми делува дека ја сака.
– Никогаш не му верувај на човек кој е актер. Бидејки знае да глуми.
Очите на Марија Клара се полнеа со солзи додека го слушаше сето тоа. Истрча кон својата соба.

Откако го прочита целиот документ, украден од лаптопот на Алехандро, Естер се чуствуваше должна да го пријави за сторените злосторства, но се плашеше дека ако игра со отворени карти, ќе биде залудно. Стана од креветот и запали цигара, додека рацете и се тресеа од нервоза. Го зеде мобилниот телефон и ја побара Марија Клара.

Марија Клара ги избриша солзите од лицето и пријде до тлефонот кој упорно ѕвонеше.
– Марија Клара, мораме да разговараме, – рече Естер од другата страна на линијата, со растреперен глас.
– Што се случило, Естер?
– Нешто што мораш да знаеш. Поврзано со Алехандро Молина. Тој не е она што се претставува.
– Како?
– Не можам да зборувам по телефон. Да се најдеме утре некаде, ќе ти кажам се. Само ти можеш да ми помогнеш. Го имам неговиот т.н дневник пред себе. Алехандро не те љуби, Марија Клара. Никогаш не те љубел. Го пишува тоа овде.
– Со кого зборуваш?, – ја праша Алехандро кога влезе во полумрачната просторија.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!