Почетна / Вебновела / Црвена месечина 108

Црвена месечина 108

Сто и осмо продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

По појадокот во пансионот, Виснета го пиеше своето утринско ккафе со Лоренсо, кој ја начна темата од претходниот ден.
– Размислував за она што ми го кажавте дека сакатеда побарате помош од оној господин, како се викаше…Молина. Искрено, сметам дека не е најдобра идеја.
– Зошто?, – го праша Висента.
– Бидејки не знаете каков е навистина. Можеби нема добри намери.
– Го познавам Алехандро Молина од дете. Иако тогаш беше Алехандро Негрете. Неговата мајка, Рут ми беше најдобра пријателка. Кога таткото на Алехандро почина, Рут и Алехандро заминаа од селото. Сега кога знам кој е, не можам a да немам доверба во него. Што се однесува до Артемио Сантибањез, кога го запознав беше обичен сметководител, работеше за господинот Валенсија.
– Стариот сопственик на Ла Луна?
– Да. Артемио не беше богат, живееше од својата плата. Потоа исчезна на многу години. Кога се врати, се врати многу богат. Се врати како сопстевник на агенции за посредување. Мислите дека со тоа заработел толку многу пари, Лоренсо?
– Можеби, – одговори Лоренсо, повлекувајки нова голтка од кафето.
– Јас се сомневам, – додаде Висента, посегнувајки по бокалот сок од портокал. – Речиси сум сигурна дека Артемио и Фабијан Монтеро се соучесници за сите злодела за кои ги клевети Алехандро Молина.
– Висента, – рече Лоренсо, земајки ја нејзината рака. – Јас можам да ви помогнам. Нема потреба да барате помош од Молина.
– Како?
– Познавам една жена која работи за Артемио Сантибањез.
– И мислите дека таа ќе каже нешто?
– Не ми е тешко да се обидам.
– Би ви била вечно благодарна, Лоренсо.
– Го правам тоа со задоволство, бидејки не сакам да Ве гледам загрижена. Секој ден ми станувате се по драга, Висента.
Ваквите зборови на младиот гостин, предизвикаа црвенило кај жената. Стана од масата бидејки бојата на нејзините образи не сакаше да ги издадат нејзините емоции.

Кога се врати од утринското јавање, Марија Клара слезе од својата кобила, ја повлече за уздите кон шталата, каде што ја чекаше Алехандро.
– Марија Клара, морам да зборувам со тебе.
– Јас и ти немаме повеќе за што да зборуваме.
– Да имаме, – инсистираше тој. – Мораме да зборуваме за она што ти го кажала Естер Монтеро.
– Не ме интересира. Знам дека ќе негираш, дека ќе се колнеш во твоите чуства кон мене.
– Затоа што тоа е вистина.
– Не, не е вистина, Алехандро. Самата прочитав…Пишуваше за нашиот прв бакнеж кај изворот. Тогаш кога си сфатил дека уште ја сакаш Фернанда.
– Марија Клара, во тоа време имав сомнежи, мораш да разбереш. Но, повеќе немам, – додаде тој, гледајки ја во очи.
– Прости ми, но не ти верувам. Ти си злобен. Ме имаш многу повредено.
– Не зборувај така, – рече тој и ја зеде во прегратка. – Знаеш дека те љубам како ниедна друга.
Додека таа слепо веруваше во неговите зборови, тој подло се смешкаше зад нејзиниот грб.

Магнолија го пиеше утринското кафе на тремот, разлистувајки ја дневната новина кога до неа пријде Имелда со телфонската слушалка во рака.
– Госпоѓице Магнолија, ве бараат.
– Во ред е Имелда, можеш да одиш, – рече Магнолија откако ја зеде телефонската слушалка. – Ало?!
– Како си, Магнолија?, – праша Артемио од другата страна на линијата.
– Се досадувам, како и во поголемиот дел од времето овде. Ти?
– Добро сум. Се јавувам бидејки сакам да ручаме заедно.
– Секако. Каде? Договорено. Ќе бидам таму.
Откако заврши со разговорот, до Магнолија пријде Фабијан.
– Зборував со Артемио Сантибањез. Ме покани на ручек.
– По кој повод?, – ја праша.
– Немам претстава.

Марија Клара лежеше на креветот во колибата, онаму каде што ги помина најубавите интимни моменти со Алехандро. Тоа беа времиња кога комплетно се предаваше на љубовта и слепо веруваше дека и нејзината приказна ќе заврши со среќен крај како во книгите кои ги читаше. Ја начека Алехандро.
– Знаев дека си тука, – рече тој, затворајки ја вратата зад себе.
– Немав желба да се вратам на хациендата.
– Сакаш да знаеш зошто не сакам да се разведеш од Фабијан додека не се роди твоето дете?, – ја праша, седнувајки до неа на креветот.
– И ќе ми ја кажеш вистината овој пат? Или веќе размисли која лага ќе ми ја кажеш?
– Фабијан знае колку многу те љубам, и бидејки мене не може да ми направи ништо, се плашам дека може да се одмазди преку тебе.
– Не сакаш да страдам, не сакаш да ми наштети Фабијан а сепак ме оставаш со него? Навистина не те разбирам. Кажи ми ја вистината барем еднаш. Кажи ми дека не ме сакаш, – му рече додека солзите лиеа по нејзиното лице. – Кажи ми дека никогаш не ја заборави Фернанда.
– Секако дека никогаш не ја заборавив. И секогаш ќе ја носам во себе. Но, Фернанда веќе не постои. Мртва е.
– За тебе не е.
– За мене и за остатокот од светот. Да ги оставиме мртвите да почиваат во мир. Единствена жена која ја љубам, онаа на која мислам деноноќно, си ти.
– Ако е така зошто ме оставаш со Фабијан? Ако е за презимето на детето, можеш да му го дадеш твоето. Што е проблемот? Кажи ми. Зошто не сакаш да го исполниш она што му го вети на Фабијан? Сеуште сакаш да го обвиниш за смртта на Фернанда. Ако е навистина така, ако сеуште сакаш да ја одмаздиш нејзината смрт, тогаш моите сомнежи се точни. Сеуште ја сакаш повеќе од мене.
– Не се работи за реванш, – ја разубедуваше. – Само не сакам Фабијан да те повреди.
– Не ме задоволува твојот одговор.
– Тогаш, жалам. Тоа е единственот одговор кој го имам, – додаде тој и ја напушти колибата оставајки ја младата жена во агонија и солзи.

Такси возилото го чекаше Карлос пред влезот на хотелот, додека во лобито тој се поздравуваше со Дијана.
– Ако дознаеш нешто ново за Гаспар, те молам веднаш да ми јавиш. Алехандо и јас имаме надеж дека сеуште е жив.
– Кога ќе се вратам во Гвадалахара, веднаш ќе одам во полиција. Жив или мротв, ќе го најдам. Ти се колнам, Дијана.
– Догледање, тогаш. Ќе останеме во контакт, – рече таа откако го прегрна.
– Остани добро, – и посака тој и излезе од хотелот. Влезе во таксито и го напушти Сан Кристобал.

Лоренсо ја отвори вратата од пансионот, пред која стоеше Алехандро.
– Добро утро.
– Добро утро.
– Ми треба Матилде, – рече Алехандро.
– Кој ја бара?, – праша Лоренсо.
– Алехандро Молина.

Тоа попладне, Лусија се најде на состанок со Кармен Армендариз, сурова бизнис жена која и нудеше стратегија која Лусија не можеше да ја одбие.
– Знам дека го познаваш од мала и дека ти е драг, но ако Артемио направи грешка, сите ние ќе ја плаќаме истата.
– До сега се оди според планот, – рече Лусија.
– Да, но дон Рубен смета дека Артемио е замешан во некој проблем од кој нема излез, а и двете знаеме дека дон Рубен никогаш не греши.
– Каков проблем?
– Артемио му кажал дека сакал да им направи услуга на Естер и нејзиниот брат. Но излегло дека човекот на кој му наштетиле бил премногу паметен. Знаеш ли за што се работи?
– Не,- излажа Лусија.
– Немој да лажеш, Лусија. Мислам дека до сега веќе требаше да знаеш на чија старна ќе играш. Не заборавај дека ако го турнеме Артемио, ти ќе останеш со агенциите. Дон Рубен не заборавил дека бизнисот претходно му припаѓаше на татко ти. Размисли и јави ми.

Со шоља кафе, Матилде му раскажуваше на Алехандро за нејзиниот последен разговор со Артемио.
– Не знаев дека толку ја сака госпоѓа Марија Клара. Ми расакажуваше кога била мила и кога живееле во градот.
– Не ми зборувај, – сомнително рече Алехандро, повлекувајки голтка од врелото кафе.

Кога Имелда ја пушти да влезе во дневната просторија, Дијана ја затекна Клеменсија на троседот, отсутна во мислите.
– Како си, Клеменсија?, – ја поздрави.
– Добро, благодарам
– Дојдов за да зборуваме за нешто многу важно.
– Повели седни.

Во меѓувреме, Естер работеше на документите од агенцијата, кога некој затропа на влезната врата од куќата. Ги извади очилата и стана од масата за да ја отвори вратата. На свое големо изненадување, пред неа стоеше Алехандро.
– Здраво, – ја поздрави и влезе во куќата.
– Од каде ти овде?, – го праша.
– Дојдов да видам како се носиш со откритието. Верувам дека никому ни збор не кажа за она за што зборувавме онаа вечер.
– Само со Марија Клара. Не ме гледај така, морав да и кажам бидејки пред да разговарам со тебе, и имав навестено нешто.
– Марија Клара ми кажа, – мирно рече тој. – Но нема да ми биде тешко да манипулирам со неа.
– Кажи ми ја вистината? Што сакаш од неа кога не ја сакаш?
– Ти зборував за мојата одмазда и за тоа дека сакам да дојдам до богатството кое го кријат на хациендата. Марија Клара е единствената која може да ме однесе до тој бесценет рубин.
– Мислиш дека Марија Клара знае каде се наоѓа?
– Клеменсија мора да и кажала до сега. Старицата нема уште долг живот пред себе, мора да кажала некому, а кој ако не на својата сакана внука!?
– И што тогаш? Што ќе правиш кога ќе го најдеш тој рубин?
– Ќе го продадам. Велат дека е бесценет, но сигурно можам да му одредам сума. Мојот сон е да станам најмоќниот човек на светот, а благодарение на Марија Клара и тој рубин на добар пат сум да го остварам својот сон.
– Морам да признаам дека ти завидувам на генијалниот ум кој го имаш.
– Благодарам. Во последниве денови дознав нешто ново, Естер. Нешто што нема да ти се допадне.
– Што тоа?, – го праша помалку загрижено.
– Вашиот соработник, Артемио Сантибањез, сака целата вина да ја префрлина тебе и Фабијан.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!