Деведесет и осмо продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Естер се врати од хотелот и го забележа автомобилот на Фабијан паркиран на паркингот, но не очекуваше дека ќе го затекне во компромитирачка положба. Кога влезе во собата, го наиде во интимна положба со Маргарита, додека нивните алишта беа расфрлани по целата куќа.
– Зошто во мојот кревет?, – извика бесно, фрлакји ја чантата по него. – Не можеше ли да го користиш твојот?
Маргарита се почуствува посрамено. Ја потегна прекривката преку градите и ја спушти главата.
Марија Клара го покани Карлос на чај во градината и додека чекаа да бидат послужени, таа изјасни колку е среќна што Алехадро не е сам, откако тој и кажа дека Дијана заминала со него.
– Марија Клара, јас мислам дека најдобро е да го заборавиш. Таквите процеси знаат да бидат бесконечно долги. Знам дека тој тврди дека ја видел жената која наводно ја убиле но нема начин да го докаже тоа. Можеби ќе поминат години додека ја докаже својата невиност.
– Не ми зборувај така, Карлос. Знам дека ќе се врати. Го чуствувам тоа. Истото го мисли и Магнолија. Вели дека има претчуство и дека истото никогаш не ја прелажало.
– Да речеме дека Магнолија има право, што тогаш?
– Тогаш кога Алехандро ќе се врати ќе бидам најсреќната жена на светот.
Фабијан и соопшти на Естер дека Алехандро заминал да се пријави, откако таа го прекори што носи жени во нејзината куќа.
– Алехандро го сторил тоа? И како ќе ја опрвдаш лажната посмртница која ја донесе од Островот?
– Не знам, Естер, не ме прави понервозен одошто сум. Алехандро рече дека само сака да ја докаже својата невинсот, дека ако нема потреба нема да ме вмеша во случајот, само за да и дадам развод на Марија Клара.
– И ти мислиш дека ќе го исполни ветувањето? Те молам, Фабијан, не биди толку наивен. Тој човек се пријавил само со цел да те уништи тебе и да го уништи Артемио. Пред некој ден го гледав неговиот филм, Зазорување. Тој човек е проклето добар актер, Фабијан. Одглумил пред тебе само за да и дадеш развод на Марија Клара.
– Гледам дека си станала негов фан, – Фабијан и префрли цинично.
– Која би му одолеала? Згоден е и проклето добар актер.
– Тогаш моли го бога да не е навситина така добар актер како што велиш. Бидејки ако е така, сигурно веќе знае дека ти го уби Гаспар Рамирез и само глумел пред тебе дека не знае ништо.
Дијана не можеше да ги смири своите нерви додека очекуваше јавување од Алехандро. На секоја минута го гледаше телефонот, плашејки се дека има пропуштен повик, дека не го слушнала. Во таквите мисли ја прекина тропање на хотелската врата. Пред неа стоеше Алехандро со широка насмевка на лицето.
– Што се случило?, – го праша во еден здив.
– Нема никаква парница против мене, – одговори тој низ широка насмевка.
– Што значи тоа?
– Дека се било фарса. Тоа значи дека можам да си го повратам идентитетот, да бидам оној стариот, да се вратам на работа, да правам што сакам…слободен сум! Слободен сум, Дијана!
Дијана му се нафрли во прегратка а тој почна да ја врти низ хотелската соба, среќен како никогаш претходно.
Откако се смирија страстите, Алехандро седна покрај Дијана за да и објасни се што му се случуваше во полициската станица, додека таа внимателно слушаше.
– Се се вклопува, некој ми ја наместил стапицата, жената очигледно не била мртва, склучиле пакт со шефот на затворот за да ме притворат, и секако, не поднеле никаква пријава, бидејки не постоело никакво злосторство за да се пријави. Крајната цел била да ме убијат. Прво, сакаа да направат да побегнам за да ме убијат, а потоа и пожарот…
– Не знаев дека сакале да побегнеш, – рече Дијана, земајки ја подадената чаша со вино.
– Некој од вработените ми даде таква идеја. Неколку дена подоцна, ме извлекоа од келијата за да ме одведат во клиниката…
– Беше болен?
– Не. Според нив, на некоја си санитарна контрола. Да не беше пожарот, немаше да бидам тука и да ти раскажувам.
– Но тоа не значи дека зад сета оваа оперција стои Фабијан.
– Секако дека стои. Сега сум повеќе од сигурен, – рече Алехандро.
– Зошто?
– Бидејки не заборавај дека Фабијан ја има мојата посмртница, а властите од Островот не можеле да му ја дадат, бидејки според нивните регистри јас никогаш не сум бил таму. И ќе мора да објасни од каде му е таа лажна посмртница. Не само пред мене, туку и пред властите.
Фабијан, во меѓувреме, седеше на софата со чашка коњак крај себе, додека Естер ја бараше неговата прегратка, очајно плачејки.
– Многу се плашам, Фабијан. Не сакам да завршам во затвор. Сторив толку многу злодела и не знам како можам да живеам со таа грижа на совест.
– Од кога имаш пиштол?, – ладнокрвно ја праша Фабијан.
– Артемио ми го даде.
– Да знаеш колку само го презирам тој човек, – рече Фабијан низ пристисната вилица. – По негова вина сме замешани во ова каша. И сигурен сум дека ако еден ден се отркие се, тој ќе не обвини нас. Сигурен сум дека има некој доказ против нас. Тој човек нема скрупули, ниту совест. Ние сме само негови жртви, Естер, секогаш сме биле.
– Не ми зборувај така, Фабијан, – крикна младата жена низ созли.
– Освести се, Естер! Каде се алиштата на Алехандро и Гаспар? Ги зеде од хотелот, така?
– Да, но еден од соработниците на Артемио ги зеде за да ги уништи.
– Ете го клучот, Естер, – се сети Фабијан. – Артемио ги чува тие алишта за еден ден да може да те обвини за смртта на Гаспар.
– Не ми зборувај така, Фабијан, те молам.
– Естер, не си ми потребна ваква, бидејки не служиш за никаква помош.
– И што сакаш да направам?
– Да бидеш нормална. Освести се, ќе одиме по доказите кои Артемио ги има против тебе.
Маргарита со трчање дојде во пансионот на доња Висента, бидејки мораше итно да зборува со некого за она што се случи предмалку. Ја затекна Матилде во кујната, ја затвори вратата зад себе и рече;
– Матилде…Ова што ќе ти го кажам, не смееш да го кажеш никому.
– Што се случило, Маргарита? Ме загрижуваш.
– Сестрата на дон Фабијан не затекна во кревет.
– Со кого беше во кревет?
– Со Фабијан.
– Но, дали си полудела?, – прекорно ја праша Матилде. – Како можеше?
– Не знам ни јас како се случи.
Пребарувајки по апартманот на Артемио, во хотелот Реал дел Монте, зад еден портрет на ѕидот, Фабијан пронајде пластифицирана папка со документи, меѓу кои и оние на Гаспар.
– Што ќе правиме сега?, – го праша Естер.
– Не знам сеуште. Но ќе размислам добро. Во секој случај ни збор за ова на Артемио. Нека продолжи да мисли дека не има в раце.
– А што е со Молина?
– Кога тогаш имбецилот ќе дознае дека нема никаква парница против него. Затоа немаме многу време.
– Што ако прозбори за тебе и Артемио?
– Утре ќе дознаеме.
– Ме загрижува посмртницата, – рече Естер и го прегрна.
– И мене исто, – призна Фабијан.
Алехандро уживаше во својата повратена слобода на терасата од хотелот, вдишувајки воздух, чуствувајки се како птица на која и се залечени крилата за да може повторно да лета. Стоеше потпрен на оградата од терасата и благо се смешкаше, кога до него пријде Дијана.
– И што ќе правиш сега со својот живот?, – го праша таа.
– Повторно ќе живеам како слободен човек.
– Навистина ми е мило што го слушам тоа, Алехандро, – рече таа и го прегрна.
– Марија Клара мора да е многу нервозна. Сакам да и се јавам.
– Остави сега. Прво да прославиме, – рече Дијана и потрча да се преслече. Алехандро се врати назад во апартманот кога некој затропа на вратата и појде да отвори. Пред него стоеше Сесилија, онаа млада девојка од пансионот на доња Висента која беше вљубена во него.
– Сеси?!, – крикна, кога ја здогледа пред себе.
– Здраво, Диего, или повеќе сакаш да те викам Алехандро?
– Од каде знаеш?
– Ми кажа доња Висента. Те побарав телефонски во пансионот и ми кажаа дека оддамна си се отселил и дека повеќе не си Диего Луна. Се распрашав и те најодв тука.
– Навистина не знам што сакаш од мене.
– Имам новости за тебе, – рече девојката и го слече својот капут. На неа се познаваше стомак и не беше тешко да се заклучи дека е бремена.
– Чекам твое дете, – му соопшти низ насмевка.
Продолжува…
LucasScott | ТВ Пакет