Хрватскиот стилист му се додворуваше на српскиот политичар!
Невен Цигановиќ, на Костарика не се бореше за опстанок туку за дечко! Хрватскиот стилист и деклариран хомосексуалец се вљуби во Марко Караџиќ, српскиот политичар, објавија балканските медиуми.
Невен Цигановиќ, стилист и единствен припадник на хрватскиот моден свет кој призна дека е геј, за време на снимањето на “Срвајвр” на Костарика му се додворуваше на Марко Караџиќ, комесар за човекови права во Србија. Како што вели блискиот извор, по десет дена Невен се повеќе се доближувал до Марко, прво му пришол на пријателски начин, а потоа отворено и пред сите почнал да му се додворува. На Караџиќ не му било пријатно, но бидејќи доаѓа од партија која се бори за човековите права на геј популацијата, се обидел целата ситуација да ја претвори во шега.
По завршувањето на снимањто двајцата натпреварувачи беа повикани од медиумите да разговараат на оваа тема, но и двајцата ги негираа шпекулациите дека меѓу нив се случило нешто повеќе од пријателство. Марко изјави дека немал коментар за таквите глупости, а Невен додаде дека тој флертувал со сите подеднакво, не само со Марко.
Chris | ТВ Пакет