Некогашната популарна серија „Чувари на плажата“ добива филмско продолжение, кое наскоро ќе почне да се снима, а главната улога му е доделена на Џастин Тимберлејк.
Филмот е најавен уште во март 2011-та година, но сеуште не е напишано сценариото што на челниците на продуцентската куќа Paramount ќе им изгледа доволно добро за го повтори успехот на 242-те епизоди од серијата која се емитуваше пред повеќе од 11 години.
Тимберлејк во филмот би требало да глуми поранешен олимписки пливач кој тренира нова екипа на чувари на плажата – и пред самите да прашате, во филмот ќе глуми и Памела Андерсон, која се прослави со улогата во оваа серија. Тука ќе биде секако и Дејвид Хаселхоф.
Chris | ТВ Пакет