Почетна / Живот / „Шерпа“ – трагедијата која ги промени походите на Еверест

„Шерпа“ – трагедијата која ги промени походите на Еверест

 

24 април 2016 година, 22 часот на Дискавери

 

Големите трагедии придонесуваат човекот да размислува за своето постоење како и чекорите и постапките кои ги презема во даден период. Една таква трагедија и последиците од неа се документирани во документарецот „Шерпа“ кој ќе се прикаже во недела, 24 април во 22 часот на Дискавери каналот.

 


 

 

Ако го пребарате зборот „шерпаси“ на интернет, најголем дел од резултатите кои ќе ги добиете од пребарувањето се однесуваат на трагедијата која се случи во 2014 година на Монт Еверест и однесе 16 животи. Оваа трагедија своевремено беше број еден вест во светот, а документарниот филм „Шерпа“ од прва рака ги документира последиците од трагедијата која ја стави на тест цела алпинистичка индустрија на Монт Еверест.

Потресната приказна на заедницата шерпаси на Монт Еверест која се обединува во тагата и бесот по смртоносната лавина која на 18 април 2014 година усмрти 16 нивни колеги.

 


 

Преку сведоштвата на самите шерпаси и нивните семејства како и алпинистите кои се подготвувале за искачување на врвот во моментот кога се случила катастрофата, филмот ги следи моментите на истрајноста кои шерпасите и нивните семејства ја прикажуваат додека размислуваат за иднината и следните искачувања на Еверест, како и прашањата дали постои оправданост за опасноста на која се изложуваат.

   Несреќата довела до темелно преиспитување на целата алпинистичка индустрија која ги следи искачувањата на Еверест, а за бројните шерпаси и нивните семејства претставува пресвртница во размислувањето дали ќе продолжат да работат на планината.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!