Пепси ја најави својата глобална креативна изложба, обединувајќи ја фотографијата, уличната уметност и спортот, со цел да ја прослави „Уметноста на фудбалот“, како дел од фудбалската кампања на брендот за 2014 година. Шесте најдобри фудбалери на планетата, Лео Меси, Робин Ван Перси, Џек Вилшир, Давид Луиз, Серхио Агиеро и Серхио Рамос, беа модели за креативната изложба направена од шест водечките улични уметници и фотографот Дени Клинч.
Резултатот на оваа соработка се шест спектакуларни платна 3х3 метри избрани специфично да ги претставуваат вибрациите и духот на земјите на глобалните играчи.
Со цел да се долови страста на спортистите и нивната возбуда за играта, Пепси (Макс) го ангажираше фотографот Дени Клинч, чии одбрани, остри, црно-бели слики на легендарни субјекти добија глобално признание. Сликите на Клинч потоа беа појачани од шестте улични уметници, давајќи и на фотографијата неконтролирани, креативни рабови, урбана суровост, смели бои и чувство на движење.
„Фотографирањето на едни од најритмичните и најенергетични индивидуалци на чист и едноставен начин беше навистина возбудливо искуство. Нивните индивидуални карактери навистина доаѓаат до израз пред камерата“ – изјави Клинч.
Иновативната уметничка соработка е важен дел од годинешната Пепси (Макс) фудбалска кампања. Уличните уметници кои учествуваа ги вклучуваат професионалниот бомбер од Британија, Хети Стјуарт, аргентинскиот урбан артист Јаз, бразилскиот илустратор и уличен уметник Рикардо АКН, визуелниот уметник од Барселона Зосен, Меријн Хос, визуелен уметник од Холандија, како и аргентинскиот уличен уметник Евер.
Кристин Патрик, Глобален Пепси Маркетинг директор, ПепсиКо, вели: „Постои инстинктивна поврзаност меѓу уметниците и фудбалерите во нивната енергија, страст и креативност – без разлика дали е на платно или на терен. Ние сме страсни во креирањето на визуелен јазик кој ја доловува енергијата и движењето на фудбалот во животот на моќни и уникатни парчиња уметност, кои ги портретираат нашите играчи во духот на моментот. Овие се двете херојски слики на годинешната глобална Пепси фудбалска кампања и прекрасно го отсликуваат нашето мото Живеј ја сегашноста“.
Како дополнување на колекцијата „Уметноста на фудбалот“, Пепси (Макс) ќе продолжи да им овозможува на фановите возбудливи и интерактивни содржини низ годината – од ограниченото пакување со глобалните Пепси играчи и глобална телевизиска реклама, па се до интеграција со музика, филм, дигитални и интерактивни искуства – со што ќе ги приближи до играта која ја сакаат.
За повеќе информации за Пепси или “Live For Now” посетете го сајтот www.Pepsi.com.
{gallery}022014/pepsi1{/gallery}
| ТВ Пакет