Почетна / Живот / Шест години од смртта на Тоше Проески

Шест години од смртта на Тоше Проески

 

Шест години од кобното утро, шест години од мигот кога Македонија, Балканот па и светот со неверување ја прими веста дека македонската музичка ѕвезда Тоше Проески трагично го загуби животот во несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

 

 

По шест години фановите сеуште плачат поради прераното заминување на Тоше, но неговите песни кои постојано одекнуваат од сите страни како да ни велат дека тој е сеуште со нас, дека не гледа од таму некаде.

Пред десет дена фановите на Тоше организираа „Ѕвездено небо“ кое ја одбележа шестгодишнината од неговиот последен концерт во Скопје. Традиционално и годинава 16 маратонци во чест на Тоше тргнаа од Нова Градишка на 13. октомври во 6:20 часот, трчајќи по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше. Тие треба да стигнат денеска напладне во Крушево на неговото вечно почивалиште.

 

По повод шестгодишнината од смртта на Проески на видео сервисот Јутјуб се појави досега необјавена снимка. Тоше Проески тука ја изведува „Зајди, зајди“.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!