Завршеток на “Squadra antimafia – Palermo oggi”
Понеделник и вторник во прајмтајм на Телма ова лето ќе се емитува осмата сезона од италијанската крими акција “Антимафија”.
Тимот за борбата против мафијата ќе мора на секој можен начин да ја спречи динамиката на мафијашките семејства и нивните цели и активности, па макар да се служи и со шифрирани пораки, прислушкување на телефони, сателити и софистицирани шпионски технологии.
Враќањето на босот најавува нова етапа во оваа возбудлива драма на Телма, понеделник и вторник во 20.30 часот.
Дани | ТВ Пакет