Популарната актерка Берѓузар Корел, или подобро позната како Шехерезад од „1001 ноќ“, ќе ја гледаме повторно на малите екрани, но овој пат со Кенан Имирзалиоглу – Езел, јавува поратлот Курир.
Името на новата серија во која „Езел“ и „Шехерезад“ ќе разменуваат нежности сеуште не е соопштено. Продукцијата Ay Yapim откри само дека Берѓузар ќе заработува по 16.000 евра од епизода. Инаку, таа по венчавката со Халит Ергенч го роди синот Али и извесно време беше повлечена од телевизијата. Во меѓувреме на кратко се појави во серијата „Величествениот“, но нејзината прва голема улога по онаа во „1001 ноќ“ ќе виде токму оваа.
Chris | ТВ Пакет