Почина фронтменот на групата Морал
Со големо жалење, соопштуваме дека македонскиот пејач Влатко Илиевски е пронајден мртов вчеравечер околу 23 часот во својот автомобил. Причините за смртта на младиот пејач се засега непознати, а телото е дадено на обдукција.
Влатче Морал беше и претставник на Македонија за Песна на Евровизија, а неговата “Русинка” остана една од неговите најпознати песни. Пред неколку дена го прослави својот 33-ти роденден. Важеше за еден од најдружељубивите личности на македонската естрада. Нека почива во мир!
Дани | ТВ Пакет