“Што ако се венчаме?” – ново шоу на TLC
По неуспехот да пронајдат љубов на традиционален начин, четворица ќе се обидат да направат нешто драстично: ќе се венчаат со некој кој цел живот им бил пред нос, а досега го немаат доживеано како материјал за брак… барем не досега.
Во новиот серијал „Што ако се венчаме?“ кој на TLC ќе се прикажува секој вторник од 5 јули во 20 ч, се тестира што е подобра формула за успешен брак: компатибилноста која ја пружа пријателството или пак сексуалната хемија.
Серијалот се врти околу два пара- едниот пар се двајца кои цел живот биле само пријатели, а односот на вториот пар бил исклучително од сексуална природа. Што ќе се случи кога ќе се одлучат да се венчаат?
Овој фасцинантен социјален експеримент ќе ги следи паровите со надеж дека конечно ќе најде и одговор на дилемата дали основата на успешен брак е во сексуалната привлечност или пријателството. На ТЛЦ ќе го дознаете одговорот.
Дани | ТВ Пакет