Една од најмасовните анкети која ја спроведоа турските медиуми неодамна меѓу гледачите ширум арапскиот свет од Блискиот исток, преку Азија до Африка, покажа дека Киванч Татлитуг и Сонгул Оден се најомилениот актерски пар меѓу Арапите. Зад милениците од „Ѓумуш“ следуваат Мурат Јилдирим и Нургул Јесилчај како претставници на серијата „Љубов и казна“, а на петтото место се најдоа Халит Ергенч и Мерием Узерли (Величествениот). Листата е збогатена и со прекрасните Кенан Имирзалиоглу и Џансу Дере од „Езел“. Овие двајца на Балканот го држат првото место.
Ивана Таневска | ТВ Пакет