Од следната среда аргентинската телевизија Телефе ќе почне да ја емитува новата серија “La Duena” (Сопственичка), а на чело на актерската екипа се појавува Мирта Легранд. Ѕвездата од “Ангели”, Петер Ланзани, исто така ќе биде дел од екипата. Нему му е доделен лик кој е сосема спротивен од оние на кој работел досега.
Миленикот на тинејџерите ќе влезе во кожата на Елисео, тој е син на Раул Таибо и Андреа Фригерио, и внук на Софиа Понте (Мирта Легранд). Петер ќе го гледаме како млад женкар, егоист кој трча по наследството и единственото нешто што го интересира е да биде сопственик на семејната фирма. Но исто така ќе покажува и безусловна љубов кон својата сетра.
Следните месеци овој актер ќе биде особено зафатен, покрај снимањето на новата серија, следуваат и пробите за концертите со Teen Angels кои, овој период ќе се збогуваат со својата публика засекогаш.
Ivana T. | ТВ Пакет