Почетна / Забава / Ѕвездите вчеравечер го „запалија“ Кратово

Ѕвездите вчеравечер го „запалија“ Кратово

 

Вчеравечер се разбуди уште еден изгаснат вулкан во Македонија, се прелеа лавата, но лава од емоции, енергија, фини луѓе и многу, многу музика!

 

Спектакуларен почеток на Кратовските Златни Денови 2014. Никој не остана рамнодушен на гламурот на Лила, енергијата на Докторите, моќниот глас на Маид, уникатноста на составот Љубојна, убавината на Тамара, слатката хистерија околу Даниел Кајмакоски и старите добри хитови на Коки со Тајфата.

 

Градот кој е сместен во грлото на еден изгаснат вулкан вчеравечер повторно ја почувствува топлината. Многу мештани со ведри лица, љубопитни новинарски екипи и насмеани туристи ја видоа убавината на настанот зад којшто стои беспрекорна организација.

Но, ова е само почеток, Златните Денови штотуку започнаа, па и вечерва сите патишта ќе водат токму кон Кратово, не пропуштајте и вие да бидете дел од ова случување.

 

{gallery}062014/kratovo2{/gallery}

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!