Утревечер во 20:00 часот сите ќе бидат упатени кон Спортскиот Центар Борис Трајковски, бидејќи токму таму утревечер ќе се одржи голем концерт на финалистите од регионалниот „Х Фактор“.
На концертот ќе имаат настап буквално сите финалисти, од Харис Чато и Илма Карахмет до Маид Хечимовиќ и Даниел Кајмакоски. Нашата ѕвезда и победникот на шоуто ќе го отвори шоуто кое е организирано според стандардот на „Х Фактор“, односно ќе се монтира истата сцена со квалитетно озвучување. Сите вие што сеуште не сте набавиле карти сторете го тоа што побрзо, бидејќи овој спектакл не смеете да го пропуштите.
Ѕвездите од музичкото шоу денеска беа присутни во Капитол Мол и се дружеа со новинарите и фановите.
| ТВ Пакет