Првите луѓе на Македонската радио телевизија денеска (среда) ќе ги престават новите уредници на информативната редакција, јавува порталот Либертас.
Марјан Цветановски, сопственик на порталот Курир и Захариа Вулгаракис, бивш портпарол на МНР, закажале состанок со новинарите од дневната редакција на телевизијата за да им ги претстават новите уредници. Главен уредник на информативната редакција ќе биде Горан Петревски, долгогодишен новинар во А1. Негов заменик ќе биде Душко Арсовски, новинар од МТВ кој извесен период беше презентер во Алфа. Економијата на МТВ ќе ја води Билјана Трендафиловска, новинар од економската редакција на Алфа.
Утринската редакција на јавниот сервис, пак, ќе ја води Тања Атанасовска, препознатлива по својата емисија „Бумбар“ што се емитуваше на Сител. Од Либертас открија дека Горан Петревски од денеска и официјално ќе ја преземе уредничката позиција и оти најверојатно ќе се појави и на вестите на МТВ.
Chris | ТВ Пакет