Младиот канадски пејач Џастин Бибер имаше незгода во текот на концертот во Париз. Имено, пејачот ја удри главата во стаклен ѕид, и откако ја испеа последната песна се онесвести на бината.
Бибер изјави дека се почувствувал чудно додека ја пеел последната песна, и оти за 15 секунди по завршувањето на песната паднал во несвест. Докторите на младиот пејач му препорачаа да се одмора, затоа што имал мал потрес на мозокот.
Инаку, Џастин моментално работи на својата европска турнеја, и го промовира албумот „Believe“. Во текот на оваа турнеја потресот на мозокот не е единствената незгода со која се соочи. Во Осло го дочека голема група од обожаватели, каде дојде до голема турканица во која се повредија околу 15 девојки.
Chris | ТВ Пакет