Џастин Бибер пред концертот не се чувствувал добро, но поради фановите сепак излегол на сцената во Глендал во Аризона. Сепак, на сите им било јасно дека не му е добро уште на самиот почеток, со оглед на тоа дека два пати го прекинал концертот оти бил исцрпен, за на крајот да поврати на сцената пред фановите. Публиката добила извинување поради тоа што се случило, но тие не биле лути туку го поздравиле со громогласен аплауз, како вистински фанови.
Ивана Таневска | ТВ Пакет