Почетна / Серии / Џејми Дорнан повторно на МТВ 1 во вечерната реприза на „The fall“

Џејми Дорнан повторно на МТВ 1 во вечерната реприза на „The fall“

Крими трилерот репризно на МТВ од вторник по 23 часот

 

Ова лето на Македонската телевизија ќе се репризира извонредниот британски трилер “The Fall”, снимен во 3 сезони од 2013 до 2016 година. Во продолжение потсетете се на сижето на серијата, која премиерно се емитуваше ланската есен.

Дејството е поставено во Белфаст, каде оперира убиец на кој полицијата не може да му влезе во трага. Во истрагата ќе се вклучи детективката Стела Гибсон (Џилиан Андерсон) која навистина знае како да се снајде во свет во кој доминираат мажи. Нејзина цел е да го открие убиецот кој планира совршени убиства, без да остави трага зад себе. Убиецот е лик по име Пол Спектор (Џејми Дорнан), лик кој однадвор никогаш не би рекле дека е способен за такви брутални убиства кои имаат сексуална нота.

Неговиот идентитет не е нешто што треба да го откривате, напротив, по само некоја минута во серијата го знаете неговиот лик. Тоа е доброто во оваа серија. Не е насочена кон тоа да ве тера вие да погодувате за ликот, туку ви ја прикажува главната игра која ја игра серискиот убиец и детективот кој треба да го улови.

Серијата дава извонреден и воедно загрижувачки опис на еден сериски убиец. Тој не е изолиран, а сепак живее во сопствен свет. Има семејство, а способен е да измачува друго човечко суштество. Пол Спектор е силен и привлечен човек, за кој соседите би рекле дека е речиси совршен, но воопшто не е онаков каков што се прикажува. Преку епизодите ќе дознаете како успева да се маскира и што крие во себе, како и кои му се методите преку кои доаѓа до жртвите.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!