Џорџ Клуни и неговата девојка Стејси Киблер овие денови престојуваат во Италија на одмор, но, нивното уживање го расипа вечерата на која се отруја од храната.
Стејси Киблер и Џорџ Клуни вечераа со своите пријатели во еден ресторан во италијанскиот град Сернобио и се покајаа поради тоа. Следниот ден Стејси на својот Твитер профил напиша: „Конечно и во Италија пробавме нешто лошо. Целото друштво се отру од храната. Но тоа е што е, барем сеуште сме во Италија“.
Менаџерот на ресторанот изјави дека друштвотo веројатно се отруло на другo место затоа што не е можно такво нешто да се случи во нивниот ресторан. Сепак, на крајот се заврши добро и без последици.
Chris | ТВ Пакет