Почетна / Сапуници / Српската комична драма за „Семејството Синѓелиќ“ продолжува на Сител

Српската комична драма за „Семејството Синѓелиќ“ продолжува на Сител

 

Од среда во 22 часот – продолжуваат авантурите на “Синѓелиќи”

 

Од среда, 8 февруари на Сител телевизија се враќа српската комична серија “Семејството Синѓелиќ”, која со нови епизоди продолжува секој работен ден во 22 часот, веднаш по “Вљубениот ерген”.

 

 

“Сингелиќи” е српска верзија на светски популарната шпанска серија “Серанови”, своевремено емитувана на А1 телевизија. Досега се снимени 90 епизоди, а снимањето продолжува и во 2017-та година. Серијата има доста драматични, доста комични, но и тажни случувања, кои некогаш ќе ве насмеат, а некогаш и расплачат.

Сторијата за ова лудо семејство започна кога Сретен се ожени со Лила и двајцата почнаа да живеат заедно со децата од своите први бракови.

 

 

Имајќи сфатено дека сам не може да се грижи за своите деца по смртта на сопругата, Сретен се реши да се ожени со Лила, негова девојка од средношколските денови и на тој начин да оформи повторно семеен живот. Тој е сопственик на кафаната “Сокаче” и тренер на фудбалскиот клуб “Сингелиќи”. 

Лила, пак, е професорка по српски јазик, која по разводот од првиот маж, решила да се омажи за Сретен. Лила има три ќерки, а Сретен тројца синови. Животот во заедничката куќа навидум се чинеше како правилен избор, но постепено и двајцата почнаа да се прашуваат дали е тоа сепак вистинската работа што ја одлучиле.

 

 

Синовите на Сретен се Методија, Коља и Гојко, а тука се и неговите двајца браќа Јездимир и Момчило. Од друга страна, ќерките на Лила се Ева и Тереза, а со нив живее и мајката на Лила, Ксенија. Животот во куќата за Ева и Методија значеше ново запознавање, вљубување и чувства кои на почетокот и можеби не е лесно да се признаат. Меѓу другите ликови се Федор и Николина, најдобрите пријатели на Сретен и Лила.

 

 

Сите тие заедно ги освоија гледачите и ќе донесат низа на нови хумористични и интересни моменти. Караници, љубовни препирања, секојдневни проблеми, сето тоа ги очекува ликовите во новите епизоди на комедијата “Синѓелиќи”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!