Почетна / Вебновела / Интервју со авторот на новата вебновела

Интервју со авторот на новата вебновела

 

TВ Пакет | На читачкиот аудиториум сте познат по тоа што кај нас го донесовте поимот „вебновела“. Што всушност претставува овој тип на забава?

Автор | Вебновела е феновен на 21 век кој особено е популарен во земјите на Европа и Латинска Америка. Самиот поим веб новела значи интернет роман. Тоа е како телевизиска сапуница со сите свои елементи како актери, soundtrack, мамутски број на епизоди…

TВ Пакет | Со колку вебновели сте се презентирале на македонската публика и кои се тие?

Автор | Во 2011 година, значи пред полни пет години започнав да ги објавувам вебновелите на овој портал. Првата беше „Одовде до вечноста„ која одеше со неделни епизоди. Втората беше “Црвена месечина“  која постигна голем успех, а воедно беше и вебновела со најголем број на епизоди, 130. Потоа следуваа „Одмазда“, „Предавство“, „Врела Страст“ и сега „Научиме да летам“.

TВ Пакет | Раскажете ни ја малку содржината на новата вебновела. За што се работи?

Автор | Дејствието на „Научиме да летам“ е сместено  во Мексико. Во центарот на случувањата е фамилијата Ламас, на чие чело е Лусијано, женет со фригидната и екстравагантна Емператриз. Лусијано е моќен магнат и има два сина од првиот брак Себастијан и Мануел. На почетокот на новелата Себастијан и Мануел се разделени повеќе од пет години поради интригите на својата зла маќеа Емператриз. Една од вработените во компанијата, Каталина, патува во Мадрид испратена да го истражи тамошниот авио пазар, кога на еден лет ќе го запознае Себастијан и ќе се вљуби во него.  Но, летот во кои ќе се најдат и двајцата ќе биде кобен и ќе заврши како несреќа, а двајцата ќе бидат преживеани во една централно американска џунгла. Тука, борејки се со џунглата, далеку од цивилизацијата се раѓа голема љубов која ќе трае до последното продолжение.

TВ Пакет | За колку продолженија овој пат ќе станува збор?

Автор | Сеуште не е одреден бројот на продолженија, бидејки новелата е сеуште во фаза на пишување. Најверојатно бројот ќе зависи од успехот кој ќе го има истата. Ако се биде во ред, новелата ќе остане активна до почетокот на летото 2016.

TВ Пакет | Заинтригирајте ја повеќе публикта. Која е магијата на оваа вебновела?

Автор | Се работи за една атипична вебновела со доста крими и трилер елементи, мистерии кои ќе ги навлечат читателите подеднакво да уживаат во секое наредно продолжение.  Драмата ќе има доста елемнети на напнатост а ликовите се така комплексно изработени што читачите ќе имаат можност да се поситоветуваат со нив. Пример односот на браќата Себастијан и Мануел е доста комплексен и далеку од стереотипен. Мануел му се восхитува на постариот брат а истовремено и го презира, но читачите нема да го мразат Мануел, напротив ќе имаат разбирање за него бидејки ликот е многу детално обработен.

TВ Пакет | Кои актери ќе ги толкуваат главните улоги?

Автор | Изборот на актери е внимателно одбран и во кастот има многу филмски и театарски мексикански ѕвезди како Гонзало Вега кој го толкува патријархот на фамилијата Ламас.  Иван Санчез е замислен како ликот на Себастијан, модерен херој кој е нежен и борбен во исто време. Жаклин Бракамонтес е  Каталина, хероината на приказната. Нејзиниот лик е еден од најкомплексните во приказната. Читателите лесно ќе ја пронајдат Каталина во Жаклин бидејки истовремено хероината е силна но и кревка, млада жена која многу ќе страда но и многу ќе научи. Остатокот од кастот го сочинуваат ѕвезди од рангот на Марија Сорте, Јоана Бенедек, Алфредо Адам, Маријана Кар, Хорхе Поза и многу други.

TВ Пакет | За кога е закажана премиерата на вебновелата и кој денови ќе излегуваат продолженијата?

Автор | Премиерата е на втори ноемрви, а публиката ќе има нови продолженија секој понеделник, среда и петок во вечерниот термни, со омнибус за викендите.

TВ Пакет | Редакцијата на нашиот портал ви посакува уште една успешна и читана вебновела.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!