#4то продолжение
“Поради тебе го загубив најголемото богатство во мојот живот “! Во глава и се вртеа зборовите на Лусијано додека слегуваше по лифтот. Многу добро знаеше на што се однесува таа констатација.
Пред точно пет години, Себастијан го поправаше својот Харли Дејвидсон во куќната гаража. Испотен, со валкани раце, облечен во тексас кошула и џинс, изгледаше како од каталог. Како што растеше, постариот син на Лусијано стануваше опасно згоден. Емператриз се сеќаваше на првиот пат кога се врати од студиите во Мадрид. Имаше дваесет и две години, беше висок 1.90 цм, со густа кадрава коса, атлетски граден и акцент кој го правеше уште понеодолив.
Тоа попладне, слезе во гаражата. Ја прегриза долната усна гледајки го во задникот.
– Ти треба нешто? – ја праша.
– Ми беше здодевно во оваа голема куќа, па решив да видам што правиш. Спретен си со тие раце твои.
– Морав да научам многу за да се издржувам додека живеев сам во Мадрид.
– Ме мразиш поради тоа?
– Зошто би те мразел, Емператриз?
– Бидејки делумно јас го потикнав татко ти да учиш во интернат и да студираш од другата страна на Атлантикот.
– Јас не мразам никого, – и одговори незаинтересирано.
– Не ја лажи мама, Бастинасито. Гледам презир во твојот поглед. Знам дека откога влегов во вашата фамилија ме сметаш за натрапничка. Но, поминаа години. Ти и брат ти пораснавте. Сега кога си тука, сакам да бидеме пријатели.
– Ок, – одговори отсечно и продолжи да го работи моторот.
– Зошто не ти се допаѓам, Бастиансито? Знаеш дека брат ти не е како тебе?
Се доближи до него и своите раце ги стави околу неговото торзо а своите долги, црвени, вештачки нокти ги зари во неговата кожа.
– Престани, Емператриз!
– Зарем не гледаш дека ми се допаѓаш?
– Реков доста!, – извика Себастијан, зграпчувајки ја за рацете. И го внесе своето лице близу за да и ги потенцира своите зборови. – Ќе заборавам на овој немил настан и нема да кажам никому ни збор. Но, сакам да заборавиш на мене! Дали сум јасен?
– Ќе зажалиш за ова, имбецилу! Ти се колнам дека ќе зажалиш!
Авионот леташе осум илјади метри над Атлантикот. Себастијан беше молчелив, додека неговиот колега зборуваше за некоја девојка што ја запознал на нет. По две шољи кафе, Фредо имаше доволно елан да раскажува цел пат, но Себастијан како да не беше присутен.
– Што ти е, Бас? Имаш некој проблем, колега?
– Спомени, – одговори отсутно а во мислите отпатува оној суден ден пред пет години.
Татко му го бараше низ куќата како бесен тигар. Беше втор пат во животот кога го видел во такво издание. Првиот пат по несреќата на Мануел и тогаш.
– Каде си, имбецилу?! Каде си?!
Влезе во неговата соба. Себастијан лежеше на креветот со слушалки во ушите. Лусијано го грабна за јаката на кошулата и го подигна од постелата.
– Што се случило?
– Немој ти на мене што се случило?! Никогаш повеќе нема да ја допреш мојата жена! Никогаш повеќе.
Требаше да знае дека Емператриз има замешано прсти. Се обиде да му објасни што точно се случило, но Лусијано беше глув.
– Излегувај од мојата куќа! не те сакам овде! Од денес, ти не си повеќе мој син!
На Себастијан му беше дојдено преку глава. Дојдено преку се од сите настаби во животот.
– Да, ќе си одам! Ќе си одам бидејки не сум среќен тука! Но, сакам да знаеш дека никој во животот нема да те сака како што те сакаат воите синови.
– Оди и не враќај се. Не сакам во животот да те видам!
– Нема ни да ме видиш! Никогаш повеќе!
Така и беше. Таа ноќ за последен пат ја остави куќата на својот татко и никогаш повеќе не се врати назад. Со себе зеде само еден ранец долна облека и својот мотор.
Три дена подоцна се врати во Мадрид.
Сега, пет години подоцна, доби телеграма. Пет години немаше слушнато за својот татко, се до завчера. На својата адреса доби телеграма од Лусијано Ламас. Бараше да се видат.
Себастијан не можеше да разбере од каде тоа. Му ја покажа телеграмата на својот колега, бидејки три дена ја носеше со себе и ја препрочитуваше од ново.
– Не можам да го разберам твојот страец. Што сака со ова?
– Да се видиме, очигледно. Можеби го открил правото лице на Емператриз, не знам.
Себастијан навистина немаше одговор. Ни самиот не знаеше од каде таа промена кај неговиот татко, кај човекот кој никогаш не ги менуваше своите одлуки во животот.
Во кабинаата за пилоти влезе стјуардесата да ги послужи со пијалок.
– Се е во ред, Карина?, – ја праша Себастијан.
– Се е мирно освен едно дете кое ме излудува и на кое очигледно никогаш не му кажале не.
Малиот палавко не се смируваше. Завртен кон задните седишта, почна да фрла конфети кон Каталина и господинот со мустаќи.
– Госпоѓо, Ве замолувам да си го приберете синот!, – на крајот со нервите и нареди на мајката на детето.
– Извинете, господине.
– Јас можеби ќе треба да го трпам до крајот на летот, но Вие ќе треба да го трпите до крајот на Вашиот живот.
„Злобна забелешка“, во себе помисли Каталина, додека мајката се обидуваше да го скроти момченцето, па се врати на книгата која ја читаше.
– Госпоѓице, – господинот со мустаќи ја побара стјуардесата. – За колку време треба да слетаме?
– За три часа треба да бидеме во Мексико Сити, господине.
Господинот со мустаќи погледна на својот рачен часовник. Се одеше според планираното.
Рио Дулсе, Гватемала
На шанкот во хотелот каде што престојуваше, Рафаел Уриостеги го пиеше омиленото кафе лате и гледаше како се движи берзата на лаптопот пред себе, кога во џебот му заѕвоне мобилниот телефон.
– Ало?
– Господине Уриостеги. Овде Ева, секретарката на Лусијано Ламас. Младиот осподинот Ламас сака да зборува со Вас.
Ева го префрли повикот и Рафаел го слушна гласот на младиот Ламас.
– Мануел?! Не, штотуку дојдов. Гватемалците не сакаат да соработуваат.
– Ќе почнат да сакаат, не грижи се, – Мануел го уверуваше својот долгогодишен соработник.
– Лусијано се сомнева?
– Татко ми не знае ништо, но и не постои начин да дознае. И да дознае, до тогаш договорот ќе биде веќе потпишан.
– Ако медиумите дознаат за ова, ќе потонам, Мануел. Ќе потонам како Титаник. Најдобро е да заборавиш на Гватемала.
– Попладнево ќе го промениш мислењето, Уриостеги, ти гарантирам.
Како авионот на шпанската авио компанија се приближуваше до Мексиканскиот залив, така турбуленциите стануваа се посилни. Одвај успеваше да добие и солиден прием од контролата на летови која го следеш авионот.
– Што се случува?, – праша стјуардесата откако влезе во кабината.
– Ништо страшно. Наидуваме на бура, можеш да најавиш дека турбуленциите ќе бидат чести додека не слетаме. Но, слетувањето нема да биде на време. Ќе мора да го промениме курсот. Ќе слетаме со задоцнување од половина час.
– Како тоа ќе доцниме половина час?!, – избувна господинот со мустаќи, откако стјуардесата ја пренесе на патниците инструкцијата од пилотот. – Имам состанок кој што не може да биде одложен!
– Господине ве молам, бидете рационален, – го замоли Каталина која не можеше да ја разбере реакцијата на патникот.
– Каков рационален? Ова нема да остане вака, – додаде човекот па стана од своето седиште и покрај инсистирањето на стјуардесата дека мора да остане врзан за време од остатокот на летот.
Себастијан и копилотот внимателно ги следеа координатите. Не беше прв пат за двајцата да летаат во тешки услови за работа.
– Реши ли што ќе правиш?,- Фредо го праша својот колега и пријател.
– За што?
– Во врска со татко ти.
– Навистина немам идеја. Татко не потклекнува пред ништо ниту пред никого. Не можам ни да замислам што се случило овие пет години што решил да ме побара.
– Можеби се покаал, – претпоставуваше Фредо кој ја знаеше целата приказна за својот пријател.
– Стариот? Не го познаваш Лусијано Ламас.
– Сеисто. Јас на твое место би отишол да се видам. Немаш што да загубиш.
– Искрено и немам некоја желба да се видам со него, ниту со Емператриз. Но оној кој сакам да го видам е мојот брат. Иако по толку време одалеченсот сигурно ќе бидеме како двајца странци.
– Не се работи за брат ти сега. Се работи за стариот и што сака од тебе. Ако е таков како што велиш, знаеш ли колку време му требало да ја прати таа телеграма?
Фредо беше во право. Себастијан го знаеше тоа. Но, не знаеше што ли го натерало Лусијано да ја испрати таа телеграма. Зошто сега по толку години бара да го види?
Каталина мирно го читаше романот кој и го имаше препорачано нејзината сестра. Со обврските на работа и брзиот ритам на живот, понекогаш авионите беа единствени места каде што имаше место и време за читање.
Господинот со мустаќи кои седеше до неа, ја собра својата новина и погледна на часовникот. Беше точно пет часот попладне по средно европско време, или единаесет часот претпладне според локално.
Силна експлозија го затресе задниот дел на авионот. Сирената за пожар почна да свети црвено во пилотската кабина.