Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #008

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #008

#8мо продолжение

 

 

По разговорот со Каталина, Себастијан пријде до Фредо и Марија кои седеа на еден камен во близина на трупот од авионот.

–       Зборував со Каталина…Скоро сум сигурен дека не е поврзна со саботажата.

–       Скоро си сигурен? И како ја стекна таа доверба во тебе? Ти клекна на колена и ти го испуши во шумата?, – дрско но иронично го праша Фредо.

–       Не биди морон, Алфредо! Затоа и реков скоро сигурен. Немам доверба во никој од патниците на летот. Секој можел да го стори тоа.

–       Жалам, Себастијан, но со Фредо сум во ова. Девојката те прелажа со тој пар костенливи очи. Но не заборавај дека за неа сме сигурни дека леташе под лажно име, – се надоврза стјуардесата.

–       Што ви е на вас двајца? Сте склучиле заговор против мене?, – ги праша Себастијан со висок тон. Кога сфати колку дрско им се обрати и колку Фредо и Марија не го заслужуваат тој третман, седна до нив на каменот и рече;

–       Извинете, дечки. Се искалувам на вас а најмалку сте виновни. Но, морате да разберете дека сум нервозен. Според мене, таа девојка, Каталина Уриостеги нема врска со саботажата на летот.

–       Ако така велиш, така нека биде. Ти си пилотот, – на крајот рече Фредо.

–       Сега е најважно да бидеме пронајдени, да се вратиме во цивилизација. Тогаш ќе бараме виновници за несреќата.

–       Себастијан, како мислиш да бидеме пронајдени кога ни самите ние не знаеме каде се наоѓаме?, – праша Фредо.

–       Како не знаеме каде се наоѓаме?, – праша Марија, барајки одговор со поглед во Себастијан.

–       Не знаеме, – и потврди. – Моравме да ги смениме координатите поради надојдената бура. Само бог знае каде сме, Марија.

 

 

Ева, секретарката на Лусијано, ги завршуваше своите дневни обврски, кога во канцеларијата се врати Мануел.

–       Мислев дека заврши за денес, – му се обрати.

–       Се предомислив, – дрско и одговори Мануел седнувајки зад своето биро.

Заѕвоне неговиот мобилен телефон и ја замоли секретарката да го остави сам пред да ја воспостави комуникацијата.

–       Ало? Кучкин сине, зошто не ми кажа дека брат ми управува со тој авион? Не, не сакам да те слушам! Не ме барај повеќе!, – дрско додаде и го прекина телефонскиот разговор.

 

 

Мерседес Уриостеги живееше во својот свет. Затворена во своето ателје, на кровот во големата куќа, тоа попладне ја доработуваше својата последна слика, “Рана есен“.  Ја стави четката во жолтата боја и повлече блага линија на платното пред себе.

–       Оваа година залади порано. Не верувам дека ќе можеме да го прославиме роденденот на девојките во градината како други пати. Бидејки на двете им е роденден во иста недела, секогаш сме им ги славеле родендените во едно. Доаѓаат нивните другарчиња од школата, нивните учителки, мајките на другарките…Поставуваме големи маси во градината под јаворот. Родителите уживаа во детскиот џагор, додека децата си играа во базенот. Но, оваа година…Оваа година лисјата почнаа да жолтеат многу порано. Есента подрани. Мојата кутра Каталина. Кутрата Каталина која толку многу ужива во тие роденденски прослави. За разлика од неа, Луз се адаптира полесно.

Во галеријата на поткорвјето влезе медицинската сестра, носејки сребрен послужавник со чаша вода и шишенце лекови. Беше пет часот попладне, кога како и секој ден Мерседес Уриостеги требаше да ја испие својата доза.

–       Секој пат цртате се поубаво госпоѓо, – и рече сестрата приоѓајки и од зад грб.

Мерседес ја стави четката во вода, па посегна по дозата лекови.

–       Сакав да ти кажам за забавата во градината, – и се обрати на сестрата откако ја врати полупразната чаша со вода назад во послужавникот. – Роденденската забава за моите девојчиња.

–       Госпоѓо Мерседес, времето помина и вие го знаете тоа. Вашите ќерки повеќе не се деца. Каталина има дваесет и шест години.

–       Не, не, не…- Мерседес Уриостеги одбиваше да ја прифати реалноста. Едноставно светот за неа беше поубаво место во спомените, во минатото.

 

 

 

Каталина врескаше на сиот глас за да биде ослободена откако Себастијан ја заврза за стеблото. Кога тој се врати назад, ја погледна со насмевка, а тоа уште повеќе ја направи нервозна.

–       Се надевам дека ја научи лекцијата до сега, – и рече пред да почне да ја одврзува. – Ајде, доволно ти беше. Одиме.

–       Одиме? Каде? Јас немам намера да одам никаде со тебе! И немаше право да ме заврзеш како што ме врза!

–       Реков да одиме.

–       Не сакам. Одбивам да одам било каде со тебе.

–       Тогаш, остани тука, извади бело шамивче и мафтај надевајки се дека некој ќе те пронајде. Бидејки јас немам намера да се залагам за тебе. Ти одлучуваш.

 

 

Лусијано Ламас имаше добро претчувство дека Себастијан ќе успее да се извлече од ситуацијата во која се наоѓа. На крајот, неговиот син беше трениран за нешто такво. Се сеќаваше дека кога Себастијан беше адолесцент, и кога ги покажуваше првите знаци да лета со авиони, една од првите лекции кои му ги одржа Лусијано беше како да се снајде во слуачај на несреќа или приморно слетување во ненаселено место. Беше едно од оние летни распусти во Колима кои семејно ги минуваа на хациендата Ла Лома. Себастијан се качи на високиот јавор, а Лусијано од долу му даваше инструкции.

–       Што гледаш?

–       Ништо, – одговори младото момче од некоја гранка на дрвото. – Само поле. Крави, едно магаре…

–       Не гледаш планини?

–       Не.

–       Некои повисоки дрвја од ова?

Младиот Себастијан го фокусира погледот кон хоризонтот и здогледа дрворед на тополи во непосредна близина.

–       Да. Не некојси триста метри одовде.

–       Слези тогаш, – му заповеда татко му.

–       Ако има планина, значи дека има луѓе,- беше советот кој Лусијано тогаш му го даде на својот син. – На секоја планина има село, а ако има село има и куќи, штом има куќи има и луѓе. Но, штом ситуацијата е ваква, штом нема планина, што правиме тогаш?

–       Прво, проверувам во авионот дали има сигнал да бидам поврзан со најблискиот радар.

–       Ако нема?

–       Ако нема, се качувам на највисокото дрво кое го гледам и барам можна трага од луѓе во хоризонтот.

Лусијано беше горд на својот син. Себастијан беше брз ученик. Имаше бистар ум и сфаќаше лесно. Го потапша по рамениците и рече;

–       Кога бев во близина на твоја возраст, имав принудно слетување во Веракруз…

Да, Себастијан сигурно ќе знае како да се извлече од местото каде што се наоѓа, повторно помисли Лусијано гледајки како долетува хеликоптерот кој го чекаше на хелиодромот. Откако пилотот му даде знак за прилаз, Лусијано со брзи чекори се упати кон леталото.

 

 

Додека Себастијан и Каталина бараа траги од човештво низ џунглата, пилотот се обидуваше да дознае која е функцијата на Каталина во компанијата која работи и зошто летала со лажно презиме во Игуана.

–       И која е твојата фунција во “Фалкон Ерлајнс“? Ти си некој вид патетичен авио шпиун?

–       Барем не се обидов да поставам бомба, – иронично му дофрли Каталина, преморена од долгото чекорењ низ џунглата. Беше гладна, жедна и изморена од трагањето во безтрага.

–       Не, навистина ме интересира која е твојата работа. Што значи да бидеш шпиун на интернационални летови?

–       Многу си смешен, – иронично му дофрли Каталина. – Правам компарација и анализа на се што подразбира еден авион. Дизајнот, услугата, комуникацијата на персоналот со клиентите…

–       Но, најважното не го забележа на летот со Игуана. Дека се подготвува саботажа на истиот. Не си толку добра во сојата работа, по се изгледа. И те молам, побрзај малку, никаде нема да стигнеме со ова темпо.

–       Од овој момент си сам, – се предаде Каталина, облеана во пот, потпирајки се на најблиското дрво. – Јас немам сила да продолжам да талкам по оваа џунгла.

–       Очигледно во Фалкон не те обучиле комплетно. Не си спремна за приндуно слетување ниту снаоѓање во крзни ситуации како оваа.

–       Смачено ми е да те слушам повеќе! Постојано ми наоѓаш забелешки или ако не тоа ме правиш терорист…

Додека Каталина се жалеше од неговиот третман, Себастијан слушна некое движење во нивна близина. Со десната рака и ја затвори устата за да не зборува.

–       Шшш…

–       Што е?, – го праша тивко откако тој ја тргна својата рака од нејзината уста. – Мислиш дека мистериозниот патник со мустаќи не следи?

–       Ми се слушна нешто, но најверојатно е животно. Да продолжиме.

Себастијан и подаде рака и двајцата продолжија по патот. Но, никој од нив не претпоставуваше дека Каталина е во право. Дека мистериозниот патнтик со мустаќи ги следи во чекор.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!