Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #009

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #009


 

#9то продолжение

 

Себастијан и Каталина продолжија да талкаат по џунглата барајки било каква трага од цивилизација која би ги спасила од преживување.

Тој одеднаш наслушна дека Каталина не го следи па се заврте. На неколку метри зад него, таа бараше нешто на земјата помеѓу тревите.

–       Што правиш?

–       Загубив нешто и морам да го најдам.

–       Тоа е приоритет? Нештото кое си го загубила?

–       Не разбираш. Се работи за многу драг подарок.

–       Не, не можам да разберам. Сега заборави на драгите подароци и да продолжиме пред да падне ноќ. Ако продолжиш да бараш, остануваш сама. Јас нема да те чекам.

Колку и да ја нервираше тој надмен тон, Каталина мораше да премолчи и да продолжи по патот. Сонцето нема да грее вечно. Тажна поради загубениот подарок, продолжи да го следи Себастијан.

На неколку чекори зад неа, мистериозниот патник со мустаќи, меѓу тревите пронајде златен прстен, оној кој што Каталина залудно го бараше. Го зеде во своите раце и го смести во џебот на панталоните пред да продолжи да ги следи.

 

 

Службениот хелихоптер на авиокомпанијата Фалкон, на чело со Лусијано Ламас, ја прелетуваше областа на границата помеѓу Мексико и Гватемала, онаму каде што радарот за последен пат го регистрираше авионот на компанијата Игуана.

–       Ништо, никаква трага, – рече пилотот на леталото, додека Лусијано молчејки со двоглед шараше низ панорамата.

–       Активирај ја засилено потрагата, – Лусијано му нареди на пилтот до себе. – Двојно повеќе истрага во текот на ноќта. Авионот не може да биде далеку.

–       Жалам господине Ламас, но и самите знаете колку е невозможно да се трага во текот на ноќта. За половина час заоѓа сонцето. Ќе мора веднаш да се вратиме во базата.

Колку и да не му одговараше ваквата вест, Лусијано мораше да си признае дека пилот е во право.

–       Тогаш сабајле со првото сонце полетуваме, – издаде наредба. – Има ли некакви новости таму?, – праша преку радио базата.

–       За жал, коплетната потрага исто не резултира со успех, – одговори некој преку радиото.

–       По ѓаволите, – низ заби процеди Лусијано и го врати двогледот на своите очи.

 

 

Додека Себастијан внимателно гледаше околу себе, чекорејки низ густата џунгла, сонцето веќе го боеше хоризонтот во црвено, а Каталина не престануваше да се жали.

 

–       Зошто мораме да одиме баш по овој пат?

–       Бидејки е единствениот пролазен пат, госпоѓице. Но, ако продолжиш да се жалиш, да застануваш и да бараш загубени подароци, никогаш нема да се извлечеме од тука.

–       И што бараме всушност?

–       Вода или планина. Ако има планина можно е да има село, ако има село има и луѓе, – и ја одговори добро научената лекција од својот татко.

Одеднаш Себастијан застана. На неговото лице се развлече насмевка.

–       Слушаш?, – ја праша.

–       Да, слушам како комарците ми зујат околу уши.

–       Не тоа. Слушаш доток на вода?

Каталина го начули слухот и Себастијан беше во право. Доток на вода кој доаѓаше од близина.

–       Вода? Вода!, – ликуваше. – Самиот рече, каде што има вода има и луѓе. Доколку најдеме луѓе, во животот повеќе нема да ме видиш, пилоте Себастијан.

Совладана од еуфоријата, Каталина заборави на заморот и жедта. Потрча во правецот кој водеше до водата кога на патот нагзи на стапица. Јаже обесено за една гранка и го заврза стапалото и ја подигна кон дрвото, висејки на глава.

Каталина почна да вреска на сиот глас. Себастијан за момент се преплаши, но кога ја виде закачена за дрвото како див вепар, почна гласно да се смее приоѓајки и.

–       Не е смешно! Ослободи ме! Ослободи ме одовде!

–       Молчи. Не паничи. Ова е стапица не некој локален ловџија. Штом има стапица, значи има и животни. Затоа не врескај, додека не се појави некоја пума од околината.

–       Ме боли главата и имам вртоглавица, ослободи ме.

–       Секако дека ќе те ослободам, но прво ќе ме сослушаш. Ветуваш?

–       Да.

–       Знаеш дека не можам да те истрпам? Неподнослива си колку што си убава. Овој пат ќе те пуштам, но следен пат кога ќе почнеш да се буниш и да се жалиш ќе те оставам сама да нагазиш на следната стапица и да висиш вака додека главата не ти се наполни со крв. Дали сум јасен?

–       Ослободи ме…

–       И сакам да знаеш дека никогаш не се сомневав дека си соучесник во саботажата. Само ми беше интересно да те задевам. Дали сме јасни сега?

–       Да, се е јасно, само ослободи ме. Ќе умрам…

–       Во ред, – рече Себастијан, го извади џебното ноже и го пресече јажето кое ја држеше Каталина во воздух.

 

 

Семејната куќа на фамилијата Уриостеги, беше пространа бела вила во елитната населба Ломас де Сан Анхел, опркужена со многу зеленило, цвеќе и дрвја.

Мерседес Уриостеги имаше навика да спие секое попладне макар по еден час. Но пред да заспие, бараше од посулгата да и биде читано. Онака како што таа им читаше на своите ќерки кога беа мали. Сакаше да и бидат читани класици, а руските и беа омилени.

Рафаел Уриостеги се врати во куќата пред самиот залез на сонцето. Ја остави својата актовка на подот и седна на кожната фотеља во дневната просторија. Немаше сила дури да си наточи ни чашка коњак, што најчесто првеше кога ќе се вратеше дома. Знаеше дека е време за попладневната дремка на неговата сорпуга и дека собарката најверојатно и чита во собата. Одеднаш слушна познат машки глас.

–       Како си Рафаел?

Изрипа од фотељата како попарен. Со едната рака потпрен на својот бастун, а со другата држејки чашка со жесток пијалок, покрај него стоеше Мануел Ламас, кој очигледно веше влезен во куќата пред него.

–       Што бараш и овде?

–       Интелигентно прашање, Рафаел. Те чекам. Твојата собарка ме познава и ми дозволи да влезам.

–       Добро е што си тука. Давам отказ од компанијата, Мануел.

–       Не дојдов тука да ги слушам твоите патетични муабети, Рафаел.

–       Ти си нашол мене да ме нарекуваш патетичен?

–       Ќе се направам дека не го слушнав последново, -мирно рече Мануел, откопчувајки го поселдното копче од кошулата.

–       Денес падна авион во џунглата на Гватемала, – додаде Рафаел и повторно седна на кожената фотеља. – Онака како што сакаше. Со цел да паднат акциите на Игуана, за да можеш да ја купиш и да ја прошириш компанијата во Европа. Мојата мисија е завршена. Затоа давам отказ.

–       Отказ? Дали си сигурен? Знаеш ли што се може да дознае твојата болна жена или ќерка за тебе…

–       Не ја мешај Каталина во ова!

–       Каталина е веќе и повеќе замешана во ова.

–       Слушај ме, Мануел. Јас и ти сме од самиот старт вмешани во ова. Искрено веќе и заборавив чија беше првичната идеја. Најважното е дека целта е постигната. Сега ќе можете да ја купите Игуана по пониска цена. Но, нештата излегоа од конторла. Умреа луѓе. И ако ти немаш грижа на совест, јас имам.

–       Од каде ти знаеш што е грижа на совест?, – извика Мануел, грабнувајки ги Рафаел за вратот. – Мојот роден брат беше пилот на тој лет. Дали ме слушаш? Затоа немој мене да ми зборуваш за грижа на совест. Како што кажа, двајцата го започнавме ова и двајцата ќе истераме до крај. Стореното е сторено.

–       Ако сакаш да останам во Фалкон, ова е последната саботажа, – беа условите на Рафаел Уриостеги.

–       Невозможно – одби Мануел. – Не сме сами во ова како шо мислиш. Тој некој сака да продолжиме.

–       Да саботираме?

–       Не…Или можеби да. Тој некој не сака да заработи од ова. Тој некој сака да порасне компанијата, да направи империја од Фалкон.

–       Кој е  тој некој? За кого зброуваш, Мануел?

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!