Почетна / Серии / За летните горештини, МТВ 1 ќе емитува две нови тинejџерски серии

За летните горештини, МТВ 1 ќе емитува две нови тинejџерски серии

 

Од понеделник до петок на МТВ 1 – две нови тинејџерски серии

 

Oд понеделник до петок на првиот канал на Македонската телевизија се емитуваат две нови тин серија. Двете започнаа од понеделникот и ќе се емитуваат во текот на летото. Кандската драма “Следен чекор” еснимена во 2013 година во 75 епизоди, а гледачите на МТВ 1 ќе имаат можност да ја гледаат во 11.30 часот претпладне и реприза вечерта во 19 часот.

 

 

Танцувачкото студио “Следен чекор” одржува аудиција за 10 танчари во групата А, кое оваа година има шанси да настапува на регионален натпревар. Младите танчари мора да пронајдат начин да ги надминат меѓусебните разлики, ако сакаат да победат на првенството. Тие се цврсто сплотени, тренираат, играат и се дружат, почитувајќи ја јасно одредената хиерархија што ја предводи ѕвездата Емили и нејзината танцувачка група, кои се навикнати да бидат главни во студиото.

 

 

Кога младата и талентирана девојка Мишел се приклучува на групата, на површина „испливуваат” тајни, емоции, скриени кланови и … атмосферата во студиото се вжештува. Првенството се наближува и танцувачите мора да се сплотат, да ги решат проблемите и да соработуваат, ако сакаат да влезат во конкуренција за државни прваци.

Улоги: Александра Битон, Викторија Балдесара, Британи Рејмонд, Тревор Тордиман

 

 

Покрај “Следен чекор”, МТВ 1 ова лето ќе емитува уште една тинејџерска серија. Се работи за “Акватим” која ќе се прикажува од понеделник до петок во 11 часот, со реприза во 18.35 часот.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!