Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #010

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #010

 

#10то продолжение

 

 

 

–       Ако сакаш да останам во Фалкон, ова е последната саботажа, – беа условите на Рафаел Уриостеги.

–       Невозможно – одби Мануел. – Не сме сами во ова како шо мислиш. Тој некој сака да продолжиме.

–       Да саботираме?

–       Не…Или можеби да. Тој некој не сака да заработи од ова. Тој некој сака да порасне компанијата, да направи империја од Фалкон.

–       Кој е  тој некој? За кого зброуваш, Мануел?

–       Не знам ни јас. За сега станува збор само за анонимни јавувања и мејлови.

 

 

Сонцето светеше со последните краци, а Себастијан и Каталина сеуште не беа близу до водата која неодамна ја слушнаа како тече. Каталина беше преморена, одвај стоеше на нозе. Падна на коленици и се потпре на едно стебло.

–       Не можам повеќе. Не можам повеќе. Не можам, – повторуваше како во бунило.

–       Не сум во состојба да направам чекор повеќе. Се ме боли. Ме болат нозете, ме боли грбот, ме боли главата…Ќе умрам. Се откажувам. Што ме гледаш така? Продолжи. И онака ми се закани неколку пати дека ќе ме оставиш сама. Еве ти шанса.

–       Не можеш да се откажеш сега. Поблиску сме до водата со секој нареден чекор.

–       Не можам. Оди и кога ќе се вратиш ако Бог сака ќе ме најдеш жива, ако не закопај ме тука.

Себастијан почна гласно да се смее на нејзините зборови.

–       Бог мора да е многу голем штом ги сослуша твоите молитви.

–       Што зборуваш?

Себастијан се смилува на нејзините зборови. Ја зеде во своите раце и ја поведе неколку чекори. Пред нив се наоѓаше една скромна колиба, изградена од сув папрат. Не беше ништо посебно, но беше преноќиште.

Ја внесе Каталина во колибата  носејки ја на раце.

–       Не знам зошто ова треба да ме радува, – праша таа кога застана на свои нозе.

–       Бидејки нема да мораме да спиеме на отворено. Потрагата по цивилизација ќе ја продолжиме наутро. Освен тоа, гледај на позитивната страна. Некој ја изградил оваа колиба, што значи дека не сме многу далеку од цивилизацијата.

–       Јас овде не би можела ниту на секунда да заспијам. Погледни, има пајажини, а само Бог знае што има под оние лисја…

–       Како сакаш. Јас ќе одам по уште папрат.

–       Види го ти него. Сакаш да го уредиш домот или?, – го праша иронично.

–       Те молам направи ми услуга и затвори ја устата на некое време.

–       Само сакам да те известам дека внатре јас не спијам.

–       Во ред. Ти одлучуваш. Добра ноќ.

 

 

Кога падна ноќта, послугата се собра во кујната на фамилијарната вила на Ламас. Пандора, главната и одговорна домарка, мирно седеше челно на масата, пиеше чај и ги надгледуваше останатите вработени. Тааа вечер вечерата не се послужи. Емператриз остана сама во собата, а Мануел и дон Лусијано не беа ни вратени.

–       Баш ми е жал за младиот господин Мануел, – рече младата собарка Роси. – Толку згоден а инвалид.

–       Роси не го познава младиот господин Себастијан, – воздивна готвачката, прегризувајки ја долната уста. – Беше најзгодното момче кое сум го видела. Пет години не знаеме ништо за него. Кој знае каде е.

 

 

Од насобраните папрати и суви гранки, Себастијан направи легло во колибата, додека Каталина стоеше пред вратата каде што запали оган и јадеше еден од двата сендвичи кои ги зеде во ранецот. Како што ноќта стануваше подлабока така повеќе заладуваше. Посегна по својата јакна и ја облече. Мобилниот телефон сеуште покажуваше изгубена мрежа. Виде секавици горе на небото и полека почна да паѓа ситен дожд. За кратко небото над нив беше осветлено од силни грмотевици а дождот стануваше се посилен.

 

 

Назад во базата за итна помош, Лусијано и останатите овластени за потрагата ги сумираа резултатите од регионот кој дента го минале.

–       Ова е последното место каде што авионот на Игуана е виден на радар, – Лусијано покажуваше на мапата. – Ако син ми преживеал, сигурен сум дека бара некое село или вода. Затоа утре продолжуваме со потрагата долж реките и езерата во три часот.

–       Три часот е многу рано, – забележа командирот.

–       Три часот и ниту една минута подоцна, – без послдените зборови на Лусијано. – Дотогаш секој да ги провери снимките добиени од агенцијата.

–       Не мислите дека е подобро да одмориме, дон Лусијано?,- праша некој од присутните.

–       Ако сте изморени, напијте се кафе.

 

 

Себастијан удобно се смети на лежајот кој го направи од листови папрат. Посегна по последните капки вода кои ги имаше во термосот. Надвор, владееше тропска бура. Се прашуваше колку ќе трпи тврдоглавоста на Каталина пред да влезе во колибата.

Девојката се обидуваше да се заштити од силниот дожд со својата јакна, но залудно. Дождот го изгасна и огништето кое го имаше запалено. Барем во колибата е суво, помисли и потрча кон истата.

Себастијан ја пречека со насмевка.

–       Страв ми е. Студено ми е, покисната сум и смрзната.

–       Добредојде дома, – и рече срдечно подавајки и го поларното кебенце кое го носеше во ранецот.

Каталина го прифати кебенцето, па го замоли Себастијан да се заврти за да се преслече. Беше покисната до гола кожа. Слече се што носеше на себе и го замота кебенцето околу телото.

–       Можеш да се завртиш, – му рече на крајот.

–       Сакам да ти кажам нешто но се плашам дека ќе ми се потсмеваш…

–       Пробај ме, – и рече.

–       Само сакав да ти кажам…благодарам. Ноќта е страшна. А јас…јас бев глупава.

–       Не грижи се. Сите ние имаме моменти.

Себастијан посегна по ранецот и извади неколку пакувања чоколадо.

–       Благодарам, – рече Каталина откако зеде од подадената чоколада.

–       Ти студи?, – ја праша.

–       Малку.

–       Земи, – рече тој давајки и шишенце со жолтеникава течност.

–       Што е тоа?

–       Јаболковача. Ќе те затопли.

Каталина го подигна шишенцето и повлече голтка. Ракијата и го загреа грлото и белте дробови. Беше силна па се закашла.

–       Ужасна е, – рече на крајот враќајки му го шишенцето.

–       Не е ужасна, само не си навикната.

–       Имаш право, – рече по некоја секунда откако јаболковачата почна да делува и да ја затоплува. – Дај ми уште малку.

Повторно го зеде шишенцето и повлече голтка, овој пат поумерено. Себастијан се закикоте гледајки како лицето и менува боја.

–       Што е?, – го праша таа.

–       Ништо само…Поцрвене. Добро си сега?

–       Аха. Види…знам дека бев неподнослива денес и се извинувам. Но, како повеќе те запознавам така подраг ми стануваш.

–       И ти мене, – потврди тој  повторно и го подаде шишенцето. – Пробај да заспиеш, не знаеме колку одење не чека утре.

Таа повлече нова голтка од ракијата и му ја врати назад. Додека траеше размената, им се допреа рацете и Каталина почувствува бран топлина по целото тело. Не знаеше дали е од ракијата или од тој допир. Ја повлече раката и легна на лежалото.

 

 

Рафаел Уриостеги не можеше да запсие таа ноќ. Под пригушливо светло седеше во својата работна соба во вилата и гледаше во оние фотографии кои преходно му ги испрати на Лусијано Ламас. Фотографии каде што неговата сопруга Емператриз е во страсна прегратка со него.

Рафаел слушна како некој влегувва во просторијата и ги стави фотографиите во фиоката на бирото.

–       Господине…

–       Што сакаш, Марта?, – дрско ја праша слугинката.

–       Извинете господине, не сакав да знам дали да ја послужам вечерата?

–       Не, јадев во авионот, благодарам. Марта, дали ти го пушти Мануел Ламас во куќава?

–       Да, јас го пуштив. Зошто? Погршив?

–       Не. Кажи ми дали влегуваше во мојата соба?

–       Не, воопшто. Ве чекаше долу во салонот.

–       Во ред, Марта.

Во тој миг по скалите од собите слезе медицинската сестраа, онаа која беше одговорна за сопругата на Рафаел.

–       Добра вечер, господине.

–       Добра вечер, Дијана. Како е госпоѓата?

–       Заспа. И дадов од лекот.

–       Во ред. Марта, те молам наточи ми коњак, – ја замоли слугинката.

–       Се е во ред? Имаше проблем на работа?,- го праша Дијана кога останаа сами во просторијата.

–       Не, се е во ред.

–       Сигурен си? Знаеш дека можеш да сметаш…

–       Да, Дијана, се е во ред!, – повтори со повишен тон, пред Марта да се врати назад со чашка коњак.

–       Госпоѓата цел ден црташе како и обично, – Дијана ја промени темата за да не предизвика сомнеж пред другата слугинка.

–       Во ред, Дијана, благодарам. Двете сте слободни за вечерва.

Штом остана сам, Рафаел посегна по чашката со коњак. Во тој краток момент на релаксација заѕвоне мобилниот телефон.

–       Ало? Те молам, престани да ме прашувш дали сум имал добар лет! Што сакаш?

–       Те барам бидејки се случи нешто многу сомнително, Рафаел, -се пожали Емператриз од другата страна на линијата. – Утрово Лусијано анонимно  доби коверт со фотографии…И ти го доби истиот коверт со истите слики? Но, како е возможно?

–       До Бога, Емператриз! Зарем не сфаќаш дека се отиде по ѓаволите?

 

 

Каталина не можеше да заспие. Силната бура, шумовите на џунглата, криците на птиците и дивите животни ја правеа немирна. Се заврте и погледна во Себастијан кој седеше на старана.

–       Не можеш да заспиеш?, – ја праша слушајки ја како се движи.

–       Не, – одговори кратко седнувајки до него.

–       Зошто беше во Мадрид?

–       Со татко ми и сестра ми бевме неколку дена на одмор во Севиља. Татко се врати во Мексико по работа, а јас и Луз, мојата сестра останавме во станот кој го имаме во Мадрид.

–       Што работи татко ти?

–       И тој работи во Фалкон Ерлајнс.

Себастијан значително ја погледна.

–       Навистина? Што работи?

–       Генерален директор на компанијата е. Но, не ме гледај така. Јас со свој труд влегов во фирмата. Се пријавив на интервју со лажно презиме и бев избрана од триесет и три кандидати.

–       Не се сомневам дека си се пријавила со лажно презиме, – ја задеваше Себастијан.

–       Ама си злобен. Сигурна сум дека кога проаѓаш, кучињата лаат за да те најават.

–       Нешто слично, – низ намсевка потврди Себастијан. – Но мојот пес сигурно лае кога доаѓам дома.

–       Чуваш пес?

–       Да. Се вика Бак. И е мојот најверен пријател.

–       Јас никогаш не можев да чувам пес бидејки мајка ми има фобија од нив.

–       Живееш со твоите?

–       Не, живеам сама. За сега.

–       За сега?

–       Помниш на она нешто што ти реков дека го загубив во џунглата? Го загубив мојот веречнички прстен. Верена сум.

–       Убаво, – рече Себастијан по краток молк. – Ти честитам. Кога е свадбата?

–       Не знам. Зависи, – одговори таа гледајки го длабоко во неговите очи.

–       Од што?

–       Од тоа што не знам дали сум вистински вљубена во мојот вереник. Требаше да се случи сето ова за да сфатм.

–       Во тој случај не се мажи.

–       А ти?

–       Што јас?

–       Имаш девојка? Верен си? Женет?

–       Имам по некоја девојка, но исто како да немам ниедна.

–       Тоа значи дека ниту ти не си заљубен?

–       Сеуште не, – одговори гледајки во нејзините живи очи.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!