#17то продолжение
Лусијано Ламас седеше во полумрачната библиотека, која му служеше и како работна соба сите овие години. Единствено светлина доаѓаше од прозорецот од градината. Бендот беше сместен во близина на таа страна од куќата, па музиката гласно се слушаше и во внатрешноста. Лусијано седеше некое време сам, пиејки го омилениот коњак кога слушна како некој ја отвара махагони вратата. На светлината се појави лицето на Мануел.
– Дојде да ме молиш да не те отпуштам од компанијата?, – претпоставуваше Лусијано.
– Познавајки те добро, знам колку не сакаш да те молат, татко.
– Драго ми е што се сеќаваш.
– Нема да те молам бидејки сум убеден дека ќе се предомислиш.
– Немој да бидеш толку сигурен, Мануел.
– Зошто си тука? Не се чувствуваш добро?
– Не е тоа. Дојдов бидејки имам да завршам една работа, – одговори Лусијано.
– Не ми вели дека ќе работиш на мојата веридба, татко.
– Јас ти дадов збор и го исполнив истиот. Сега остави ме да си ја завршам работата.
Себастијан остана сам во градината, откако Агата се ивини и започна разговор со гувернерот. Посегна по чаша со шампањ и се одалечи од местото каде што другите се забавуваа. Погледна во пространата куќа пред себе. Пред пет години кога беше исфрлен од дома, веруваше дека никогаш повеќе нема да стапне тука. Убаво помнеше дека го фрли клучот од влезната врата кој го имаше, кога замина на својот мотор по расправијата со татко си, тогаш.
– Себастијан, – нежниот глас на Каталина го прекина во мислите.
Се заврте и ја погледна.
– Мислам дека немаме што да додадеме, Каталина, – ја прекина грубо, пред да имаше таа што и да каже.
– Те молам, сослушај ме. Сакам да ти кажам нешто.
Исадора Дуран беше блиска пријателка на Емператриз. Впечатлива, екстремна и наметлива, ги забавуваше жените на вечерта, гледајки им на дланка.
– Гледам прекуокеанско патување, – и рече на Агата Уриостеги, гледајки и на дланка.
– Драга, јас сум светски патник, тоа го знае и каменот, – се мајтапеше Агата, која сето ова го правеше од забава.
– Триумф, пари и големо богатсво…Но, гледам и смрт, – Исадора значително погледна во Агата.
– Порано или подоцна сите не чека смрттта, – додаде Агата, повлекувајки си ја раката назад, оставајки им место на другите дами да се забавуваат.
До насобраните дами пријде Емператриз.
– Исадора, драга, не ми ги плаши гостите. Вети дека ќе им читаш само добри вести.
– Жалам, но тоа е послино од мене. Го читам она што го гледам.
Емператриз преврте со очите и со погледот побара келнер. Имаше потреба од нова пијачка. Се прашуваше дали Мануел го завршил стореното до сега. Движејки се меѓу гостите, го забележа помладиот син на Лусијано како ја бара со погледот.
– Емператриз, си ја видела ли Каталина? Не можам да ја најдам.
– Не сум ја видела. До каде сме со планот?, – го праша со тивок тон.
Себастијан погледна во Каталина. Нејзината приказна му делуваше помалку излитено, мораше да и признае.
– Мојот брат ти се нашол во многу тежок период од твојот живот. Од благодарност си решила да се омажиш за него кога те запросил. Сега ќе се венчате без љубов. Морам да ти признаам дека ова не е приказна која прв пат ја слушам. На крајот, тоа е твоја работа, не моја.
Каталина почувствува горчина и гнев во неговиот глас и тоа ја здоболе.
– Не можам да заборавам дека ти реков дека не сум вљубена.
– Тоа си ми го кажала? Не се сеќавам…
– Секако дека се сеќаваш. Само сакав да ти кажам дека не е вистина. Онаа вечер, ракијата која ми ја даде зборуваше наместо мене. Јас го сакам Мануел. Го обожавам. Мануел отсекогаш бил добар, мил и полн со разбирање…
– Мислам дека многу добро ги познавам доблестите на мојот брат.
– Она што сакам да го кажам е дека…Дека ме јаде вината од оној ден кога се бакнавме.
– Нема потреба. Навистина. Ако нешто ти значи, мене тој бакнеж не ми претставуваше ништо. Како што гледам истиот случај бил и со тебе, така да…
Каталина почувствува кнедла во грлото. Од оние кои не можеше да ги проголта. Едноставно стоеа во вратот, одеземајки го правото на воздух.
– Да речеме дека и двајцата бевме под влијание на ситуацијата, – додаде Себастијан. – Џунглата, студот, потребата да се биде со некој…Сето тоа ми е јасно. Имаше потреба да бидеш заштитена, затоа ми се нафрли така…Разбирам.
– Јас сум ти се нафрлила? Идиот! Проклет да е денот кога те запознав. Не знам како ќе живеам со идејата да те гледам постојано во оваа куќа.
– Не, не грижи се за тоа. Јас ја напуштив оваа куќа пред пет години. Со цел никогаш да не се вратам повеќе. Денес дојдов на барање на татко ми, но сега сфаќам колку погршив, колку не требаше никогаш да се вратам. Ако зависи до мене, јас не би се вратил тука. Затоа немој да се плашиш дека ќе налетувам еден на друг откако ќе станеш госпоѓа Ламас.
Ни самата не знаеше зошто, но секој кажан збор допираше до срцето на Каталина. Очите и се полнеа со солзи додека го слушаше секој збор полн со горчина и презир од неговата уста.
– Те мразам!, – му рече.
– Ако така сакаш. Сега извини ме, но имам состанок со татко ми.
Себастијан влезе во вилата. Погледна на рачниот часовник. Знаеше колку Лусијано Ламас презира доцнење. Затропа на вратата од неговата работна соба, но не доби одговор. Вратата беше полуотворена.
– Татко? Тука сум како што сакаше.
Молк. Себастијан направи чекор во полумрачната просторија. На неколку метри од него седеше Лусијано, со грбот завртен кон вратата.
– Што е она толку важно за што сакаше да зборуваме?
Себастијан забележа на бирото неколку документи и празна чашка од коњак.
Лусијано не одговараше ништо.
Себастијан стана сомничав и пријде до фотељата на која седеше Лусијано.
Го допре за рамотои главата на Лусијано се безживотно се навали на десната страна.
– Татко! Татко!,- извика Себастијан на сиот глас, со двете раце држејки ја татковата глава. Беше студен и блед.