#18то продолжениe
Исадора пријде до Каталина, откако насобраните жени во еден глас изгласаа да и ја предвидат иднината на неестата.
Каталина иако не веруваше во гатачки, сепак ја подаде рката.
Исадора ја зеде нежната дланка на Каталина и за кратко ја испушти.
– Одбивам да и ја предвидам судбината.
Меѓу присутните жени настана шушкање. Иако не веруваше во гатачки, ваквата реакција помалку ја исплаши Каталина.
– Не гледам ништо. Не предвидувам ништо. Крв. Само крв. Смрт.
Во вилата набрзо пристигна возилото со брза помош кое го повика Себастијан откако го најде татко си практично мртов. Настана врева меѓу гостите, кога болничарите го внесоа Лусијано Ламас во возилото. Себастијан побара да му дозволат да биде покрај својот татко по патот до болницата.
– Не зборувај, татко…
Лусијано упорно сакаше да му каже нешто на својот син, но немаше сила да изговори.
– Не, не смееш да ми умреш, татко. Не сега, – очте на Себастијан се полнеа со солзи додека возилото продираше преку булеварите на градот. – Не смееш да ми умреш пред да ти го кажам она што никогаш не успеав да ти го кажам. Дека те сакам многу, стари. Имаме толку многу да надокнадиме. Не смееш да ме оставиш. Нема да те оставам да ми умреш.
Себастијан посегна по десната рака на својот татко. Ја отвори неговата дланка и најде копче од машка кошула во дланката.
Набрзо целата фамилија се собра во болницата на црвениот крст каде што беше донесен Лусијано. Мануел пиеше кафе од автоматот, додека Емператриз како тигрица кружеше околу чекалната.
– Изненаден си?, – го праша својот посинок.
– Да, – кратко одговори Мануел, држејки ја главата надолу.
– За кратко се ќе биде готово, – го тешеше неговата маќеа. – Ќе бидат решени сите наши економски проблеми. Да бидам искрена, никогаш не би погодила дека ќе имаш храброст да го убиеш татко ти.
Мануел зачудено ја погледна.
– Јас? Јас не сторив ништо. Мсилев дека ти…
– Ајде, Мануел.
– Ти велам дека не бев јас, Емператриз. Имам луѓе кои можат да потврдат дека бев со нив целата вечер.
– Ако не си ти, не сум ни јас, тогаш кој? Рафаел?
По вечерата во ресторанот и одгледаниот филм во кино, Алекс ја донесе Луз во неговиот стан. Откако влегоа и ги запали пригушливите светилки, почна да ја љуби страсно, од усните, преку вратот и градите.
Луз комплетно уживаше во неговите допири. Имаше некоја магија во неговите раце и бакнежи кои ја правеше да трепери.
– Ми се допаѓа начинот на кој ме гледаш и допираш, Алекс…Или да речам Пабло?, – се пошегува на сметка на случката од вечерта во ресторанот.
– Никој никогаш претходно не ме помешал со никого. Но, човекот беше толку уверен дека сум негов пријател. Што велиш да го наполнам џакузито со вода и…
Луз за момент како изгорена се извлече од неговите прегратки.
– Не! Не сакам џакузи! Те молам немој!
По долгата вечер која ја имаше, Каталина се врати назад во станот. Нејзината сестра сеуште не беше вратена. Сигурно минува убава вечер, помисили. И беше драго што е така. И беше драго што Луз конечно ќе продолжи во животот по се што преживеа.
Ја наполни кадата со топла вода и сапуница, запали неколку миризливи стапчиња и свеќи, наточи бело вино во длабока чаша, ја собра косата во реп и легна во кадата. Миризливата сол и топлата вода полека ги убиваа сите мртви клетки во нејзиното тело. Ретко си дозволуваше да легне во када. Практично секој пат го избегнуваше капењето во када, бидејки секој пат кога го правеше тоа и се враќаа сеќавањата на оној ден кога таа имаше единаесет а сестра и осум години. Кога слушнаа врескање во семејната куќа и потрчаа следејки го вресокот кој ги доведе до бањата каде што со крвави раце стоеше мајка им, Мерседес, врескајки на сиот глас, а во кадата со пресечени вени лежеше човек.
Таа траума, таа слика никогаш и ништо не можеше да ја избрише.
– Подобра си?, – одеднаш го слушна гласот на својата тетка Агата. Замалку заборави дека и го даде клучот од станот.
– Да, да, тетко, подобра сум.
– Не ме лажи. Гледам дека си уште бледа.
– Само мислев на дон Лусијано.
– Пред да влезам зборував со Мануел. Рече дека кога ќе знае нешто ќе се јави.
– Кутриот Мануел, – воздивна Каталина. – Толку е добар, не требаше да го оставам сам.
– Добро, – рече Агата, вадејки ги обетките. – Не го остави сам. Го остави со неговата фамилија. Тука е и неговиот брат. Иако минаа години разделени, нераскинлива е братската врска меѓу Мануел и брат му.
Кога Себастијан излезе од собата за интензивна нега, го затекна својот помлад брат практично скршен во чекалната. Пријде до него и цврсто го прегрна, додека очите на Мануел се полнеа со солзи.
– Не знаеш колку време го чекав овој ден, Себастијан. Денот кога сите ќе бидеме заедно, како фамилија, како некогаш…
– Мораме да бидеме силни во овие моменти. Потребни сме му на татко.
– Се плашам за неговиот живот, Себастијан. Искрено се плашам.
Во тој момент од собата за итна нега излезе докторот, задолжен за здравствената состојба на Лусијано. Себастијан, Мануел и Емператриз станаа од своите места.
– Како е докторе?, – праша Емператриз.
– Имам обврска да бидам искрен со вас. Господинот се наоѓа во кома. Доживеал тежок мозочен удар. Неговата моментална состојба не дозволува да извршиме операција. Нашиот тим ќе биде врз постојан надзор. Штом ќе имаме вести, ќе ве известиме.
Откако докторот ја извести фамилијата, се повлече од чекалната. Неколку лажни солзи лизнаа по образот на Емператриз, додека Мануел нападно му се обрати на својот брат.
– Ти си виновен за состојбата на татко! Што му кажа?
– Смири се, Мануел јас не зборував со него. Не стигнав…
– Не ти верувам, Себастијан! Не ти верувам.
– Мануел, знам дека си бесен и недоверлив, но ти се колнам дека јас немам ништо со состојбата на татко. Го затекнав во таа состојба кога дојдов да зборувам со него. Мораш да ми веруваш.
– Ако му се случи нешто, ако татко умре, никогаш нема да ти простам, Себастијан! Никогаш!, – додаде низ солзи и ја напушти чекалната.
Емператриз задоволно гледаше како Мануел заминува. Ликуваше за добрата глума и атакот врз постариот брат. Иако Мануел негираше, беше цврсто убедена дека тој е виновен за моменталната состојба на нејзиниот сопруг.
По сексот, Алекс излезе на терасата да зборува на телефон, додека Луз се средуваше во бањата. Кога девојката се врати назад во собата, Алекс го прекина разговорот и влезе по неа.
– Како се чувствуваш?, – ја праша низ насмевка.
– Мислам дека се вљубувам во тебе, – со сјај во очите му одговори таа, приоѓајки му во прегратка.
Алекс уживаше во ваквите пофалби. Ја зеде Луз за половината, ја повлече кон себе и продолжи страсно да ја љуби.
– Со кого зборуваше?, – го праша.
– Како?
– Додека се туширав ми се пристори дека зборуваш по телефон.
– Самата кажа, ти се присторило. Или што, не ми веруваш? А?, – ја праша низ намсевка и продолжи да ја љуби.
Таа ноќ, Мерседес не можеше да заспие. Седеше во своето ателје и ја црташе мачката пред себе. Но, мачката не остануваше долго на едно место. Стана од местото на кое седеше и излезе низ полуотворената врата. Мерседес го остави платното и појде по мачката. Одеднаш вратата од ателјето се затвори зад неа. Се обидуваше да ја отвори но беше заклучена. Почна да вреска на сиот глас како избезумена.
Нејзиното силно врескање ги собра Рафаел, болничарката Дијана и слугинката Марта на поткровјето.
– Мерседес, што ти е? Мерседес, реагирај те молам!
– Но, како се нашла овде?, – се запраша болничарката. – Беше под лекови, ја оставив заспана во нејзината соба. Ти си виновна, Марта!, – ја обвини слугинката.
– Јас бев во кујната кога слушнав врескање, гопсоѓице Дијана.
– Доста!, – ги прекина Рафаел.
– Вратата…Вратата се затвори. Некој ја заклучи одвнатре. Не можев да влезам, – повторуваше Мерседес како во бунило.
Дијана ја повлече кваката од вратата и истата се отвори без проблем.
– Беше заклучена, – повторуваше Мерседес. – Рафаел мораш да ми веруваш, беше заклучена.
– Во ред, е Мерседес, се е во ред, – рече Рафаел ја зеде во своите раце и ја однесе во нејзината соба.
Беше седум часот наутро, кога Себастијан се врати во станот. Ги остави клучевите на наткасната и ја раскопча кошулата. Неговиот цимер Фредо беше буден. Играше видео игри на Sony Play Station-от во дневната соба. Познавајки го Фредо и заразата кон видео игрите, сигурно не заспал цела ноќ, помисли.
– Како пројде?
– Мртов сум, Фредо. Одвај стојам на нозе. Ќе одам да легнам.
Себастијан се упати кон својата соба, но Фредо појде по него од изразот на лицето на Себастијан, гледаше дека не е се во најдобар ред.
– Што се случи? Како пројде со татко ти и брат ти?
– Татко ми имаше мозочен удар. Во кома е.
– Ај, gillipollas. Жалам, навистина жалам.
– Вереницата на мојот брат е Каталина Уриостеги, – додаде Себастијан во конотација.
– Каталина? Твојата Каталина?
– Неговата Каталина, – додаде Себастијан и безживотно се испружи на креветот. – Неговата Каталина…, – повтори пред да го совлада сонот и да заспие.
Фредо ги слече чевлите од нозете на својот пријател, го покри со кебе, ги спушти ролетните, и излезе од собата оставајки го да одмори.
Штом се врати во вилата, Емператриз излезе од автомобилот и право се упати кон визбата каде што сношти коваа заговор за ликвидација на Лусијано заедно со Рафаел и Мануел. Додека беше во болница се сети дека некој најверојатно ги прислушкуваше и тој истиот побегна оставајки ја подотворена вратата од визбата.
Слезе во визбата барајки било каков доказ кој ќе и ги потврди сомнежите.
Бараше наоколку но не успеа да најде ништо. Но, одеднаш, позади бурето со вино, наиде беџ со име на подот. На беџот беше испишано името Гато.
Емператриз знаеше дека целата послуга претходната вечер носеше беџови со своите имиња закачени на кошулите.
Повеќе немаше сомнеж дека градинарот ги преслушкувал.