#2ро продолжение
За среќа, несреќата не го чинеше животот на Мануел. Момчето успеало да изрипа од прозорецот накратко пред кингерот да удри на земја и да експлодира. Но, го чинеше десната нога. Со искинати лигаменти, докторите предвидуваа дека Мануел никогаш повторно нема да може да чекори како претходно.
Штом дозна за несреќата, Лусијано се врати најбрзо што можеше на Ломас. Му одржа лекција на постариот син како никогаш претходно. Беше груб човек кој не покажуваше емоции, но ниту некогаш имаше кренато рака на свое дете. Се до тој ден. Не бираше начин ниту средства како да му одржи лекција на Себастијан.
– Дали си свесен дека брат ти можеше да умре поради тебе? Ѓубре едно!
Себастијан покорно молчеше и не се бранеше од силната рака на својот татко. Никогаш во животот не го заборави тој даден ќотек.
– Те бараат од болница, Лусијано, – го извести Емператриз, стоејки на врвот од скалите.
Лусијано ги тргна рацете од косата на својот син, се задржа за оградата на скалите и застана на двете нозе кои одвај го држеа.
– Уште денес се враќаш во интернат и не сакам да те видам додека не завршиш студии!, – му се закани вперувајки му го кажипрстот.
Кога татко му замина од просторијата, Себастијан го подигна погледот. Од носот му течеше крв а рацете му беа во модрики. Погледна кон врвот на скалите каде што стоеше Емператриз без да трепне ниту да направи било што. Остана имуна на солзите на младото момче.
Првите неколку месеци Мануел ги помина во инвалидска количка. Терапијата беше долга. Уште повеќе се затвори во себе. Бесот во него растеше, фрустрациите прераснуваа во комплекси. Таа година не се врати во интернат. Остана на Лас Ломас подлго од планираното.
Едно свежо, есенско попладне, седеше на количата во дворот, задлабочен во своите мисли.
– Сакаш да влезеш дома?, – го праша неговиот татко.
– Не, – одговори момчето. – Кога ќе се врати Себастијан? За Божик?
– Себастијан нема да се врати ни овој Божиќ, ни следниот, ниту тој по него. Ова му е казна како последица за тоа што ти го направи. Ќе остане во интернат додека не го заврши а потоа ќе запише студии во Мадрид. Нема да го видиме долго време.
– Зборуваше со леКатат?, – отустно, по кратка пауза праша Мануел.
– Рече дека за скоро ќе бидеш добро. Дека си имал среќа.
– Ќе бидам среќен ако повторно одам.
15 годиниподоцна
Мадрид Шпанија
Алармот на будилникот заѕвоне точне во 5 часот уторото. На наткасната покрај креветот стоеше фотографија во рамка од него и неговиот брат Мануел кога беа деца. Сликани негде во близина на Лас Ломас. Се извлече од топлата постела и влезе под туш. Не можеше да го започне денот без свеж млаз вода на своето тело. Внимаваше што јаде и посетуваше теретана во слободно време, спортуваше често, па затоа неговото тело беше во одлична физичка сосотојба. Ги избриша нозете и влезе во кујната. Наполни шолја црно кафе и цела здела овесни снегулки со млеко. Неговиот верен пријател Бак, златен ретривер стоеше крај него, па ја отвори неговата храна и му истури парчиња сирово месо. Потоа се врати во собата, ја извади униформата од плаКатат и се облече пред огледалото. Косата му беше кадрава и подрасната, помисли дека треба да посети бербер. Брадата му беше малку зарасната, но можеше и утре да ја избричи. Пилотската униформа одлично му прилегаше на стасот, беа чести забелешките на своите колешки стјуардеси.
Извлече лист и пенкало од бирото и со големи букви запиша;
– Прошетај го Бак!
Го остави листот покрај наткасната од страната каде што лежеше девојката со која се гледаше. Имаше доверба во неа. Секогаш му се наоѓаше да го прошета и нахрани кучето кога тој леташе. Но, немаше сериозни намери со неа.
На крајот, го извлече куферот на тркалца и го напушти станот. Имаше два часа пред да полета авионот за Мексико Сити.
Фотографија од него и неговиот постар брат Себастијан, стоеше на стакленото биро во канцеларијата на помладокот извршен директор на команијата Фалкон со седиште во Мексико Сити. Мануел Ламас можеби никогаш немаше можност да научи да лета како неговиот брат, но царуваше во областта која ја водеше.
Стоеше покрај прозорецот и гледаше во поројниот дожд кој го наврнуваше градот под него, кога заѕвоне телефонот на бирото.
Потпрен на бастун се доближи до телефонот. Ниту најскапите операции во Хјустон не успеаа да му го решат проблемот со ногата.
– Мануел Ламас. За колку време полетува? Не, не ме барај, јас ќе те барам.
Ја прекина линијата и ја отвори помошната фиока каде што го чуваше инхалаторот. Астмата не минуваше, напротив стануваше се похронична со неговото стареење.
Вратата од канцеларијата нагло се отвори. Мануел знаеше дека само неговиот татко влегува на таков начин, без најава.
Лусијано Ламас беше истиот оној безкрупулозен и доминантен маж како и секогаш. Косата му беше проседа на делови, но сеуште го имаше држењето кое правеше луѓето да треперат од страв.
– Што по ѓаволите бара Уриостеги во Гватемала?
Прашањата на Лусијано беа секогаш директни, без заобиколувања. Беше човек што сакаше и токму такви одговори.
– Ќе ме оставиш да ти објаснам…
– По ѓаволите! Кажав на колегиумот дека не ме интересира соработка со тој човек! Реков дека Гватемала не ме интересира. Кажав или не? Овде се прави се што јас ќе кажам. Јави му се да се врати со првиот авион!
Лусијано го остави портфолиото на бирото и пријде до вградениот мини бар. Чуствуваше притискање кај срцето и му требаше вода.
– Дали се чуствуваш добро, татко?, – загрижено праша Мануел.
– Се чуствувам одлично.
Лусијано Ламас никогаш не се предаваше пред своите слабости а уште помалку зборуваше за истите. По минатонеделната посета кај матичниот лекар, дозна дека срцето му откажува и дека е време да земе пензија.
– Ова нема да остане вака, Мануел.
– Тато, те гледам со денови дека не си најдобро. Зошто не земеш мал одмор? Не си веќе младич да работиш како некогаш. Освен тоа, ме имаш мене…
– Тебе?! Синот кој ми работи зад грб?
– Навистина не знам зошто реагираш вака, татко. Никој во оваа фирма не направил ништо без твое одобрение. Само забележав дека ти треба мал одмор, тоа е се.
– Се согласувам дека ми треба одмор. Но, не си давај кураж, синко. Ако продолжиш вака, тешко дека ќе ме замениш на тронот кога ќе ме нема.
– Прости татко, но Рафаел Уриостеги …
– Мојата одлука не е заснована на ситуацијата со Рафаел Уриостеги! , -Лусијано му потенцираше на својот син, пред да ј анапушти канцеларијата.
Две млади жени излегоа од црвеното порше кое го паркираа пред паркингот на аеродромот во Мадрид. Беа во брзање. Го извлекоа багажот од гепекот и потрчаа кон зградата.
– Ова е послден пат како што се потрпирам на твоето “брзо“ возење, Луз, – Каталина и префрли на својата помлада сестра додека брзаа кон гејтот, која утрото се понуди да ја превезе до аеродромот наместо да бара и чека такси.
– Стигнавме на време, Каталина.
– Уште не знаеме. Ако не ме пуштат во авион, не знам што ќе ти направам.
Пријдоа до пултот и одвај доаѓајки до воздух, Каталина и се обрати на рецепционерката;
– Здраво, моето име е Каталина Агире и имам лет за Мексико Сити.
Луз збунето погледна во својата сестра. Се прашуваше зошто се претставува под друго име.
– Каталина, што се случува? Како тоа Агире? Не се презиваме Агире!
– Потивко, Луз. Иамам свои причини и нема да дозволам да ми ги унишитш.
– Причини? Какви причини?
Понекогаш на Каталина страшно и пречеше љубопитството на помалата сестра.
– Поврзано е со работа.
– Дали си сигурна? Или твоето лажно име е еднакво на тоа што тато е во Мексико?
– Не, но убивам две муви со еден удар, ок?
– Вашите карти, госпоѓици, – љубезно им ги подаде рецепционерката.
Пилотот, копилотот и стјуардесите ги пречекуваа своите патници на вратата од авионот, посакувајки им пријатен лет и добредојде.
Каталина беше меѓу последните патници кои влегоа во авионот, пред самото затворање на вратите. Презираше непрецизност и доцнење, а сега кога самата доцнеше по нечија друга вина не можеше да си прости.
Трчајки, се препна на малата скала и фалеше малку да го залепи лицето за подот, кога пилотот на леталото ја фати со своите цврсти раце.
Посрамена, Каталина го подигна погледот и се испави на двете нозе.
– Простете…
– Нема проблем, – низ шармантна намсевка рече пилотот. – Моето име е Себастијан Ламас. Ви посакувам пријатен лет со нашата компанија.
Каталина почуствува како црвенее. Обично не потклекнуваше така лесно на убави и згодни мажи, но самата ситуација овој пат ја натера да се почуствува непријатно.
Му заблагодари уште еднаш и се упати кон своето седиште. Откако се заврза со појасот, погледна кон напред. Таму стоеше Себастијан Ламас. Беше премногу млад за главен пилот, помисли. Но истовремено беше најубавиот маж кој некогаш го видела.