Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 22

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 22

 


 

Јулиса ја остави тоалетата на масичката и пријде до Тристан кој нервозно гледаше во неа па во неговиот брат.

–          Тристан, дозволи ми да ти објаснам.

–          Нема што да ми објасниш, Јулиса. Мајка ми беше во право, она анонимно писмо исто така…Ти и Ектор Фалкон сте заедно!

–          Тристан, јас и Ектор не сме заедно…Само работам за него.

–          Работиш за него?! Што работиш за него, Јулиса? Мислев дека ништо нема да те извлече од рудникот?! Која цена ја плати за да те направи своја лична асистентка, – ја праша цинично ставајки акцент на лична.

–          Тристан, нема да дозволам….

–          Не, Јулиса, јас нема да дозволам да правиш мајмун од мене!

Ги фрли карамфилите на подот пред нејзините нозе и го напушти пансионот.

–          Тристан, – крикна Јулиса не можејки да ги задржи солзите. Потрча по него и го сретна во дворот.

–          Те молам застани љубов моја. Дојдов во затворот но задоцнив…Имаше метеж и не стигнав на време да те пречекам. Те барав на мобилниот, на фиксниот телефон но не те најдов…Бев очајна, сакав да те видам, да те прегрнам.

–          Ако не си со Фалкон тогаш што бара кај тебе дома?

–          Дојде да ми донесе нешто…

–          Што?, – Тристан бараше конкретен одговор.

–          Фустан…

–          Фустан за што?

–          Еектор ме покани во вилата на неговиот татко, на забава…

–          За што забава? За Вадо Фалкон да ја објави вашата врска пред своите роднини и пријатели од Малиналко?!

–          Тристан, јас и Ектор не сме заедно!

–          Отсеккогаш сакал да се натпреварува со мене и секогаш победувал. Овој пат мислев дека ќе биде поинаку. Но јасно е како ден кој од нас двајца ќе ја поведе победата дома. Биди среќна, Јулиса!

–          Не! Тристан, те проколнувам не ме оставај, сослушај ме, љубов моја, дозволи ми да ти објаснам…

–          Мојата девојка не би требало да оди со други мажи на вечера. Дотерана, намирисана, облечена во скапа тоалета…Уживај во нештата кој може да ти ги подари само тој. Нештата кој никогаш  нема да ги имаш со обичен рудар како мене.

–          Немам ништо со Ектор Фалкон. Те љубам само тебе, ти си мојот сон, мојот живот, мораш да  ми веруваш.

–          Како да ти верувам кога постојано си со него? Кој би ти вервал? Напушти ја работата, оди си од топилницата и фирмата.

–          Не можам, потпишав договор, дадов збор.

–          Во тој случај, меѓу нас двајцата е готово.

–          Тристан, ме болат твоите зборови…

–          И мене ме боли вистината, Јулиса. Но морам да се носам со неа. Тој е подобар од мене. Тој е идниот сопственик на рудниците за злато, а кој сум јас?! Збогум.

Влезе во својот автомобил и ја остав недокажана. Јулиса трчаше по него но машината беше побрза од неа. Клекна на улицата гушејки се во солзи.

 

Кога се врати назад во пансионот, Ектор и Макарија забележаа суви солзи на очите кај девојката. Јулиса ја зеде тоалетата и ја врати назад во луксузната кутија.

–          Извини, Ектор, но нема да можам да дојдам со тебе утре на забавата. Те молам извини ме кај дон Вадо.

По овие зборови, истрча кон својата соба на катот.

–          Ја слушнавте мојата ќерка, – Макарија му се обрати на Ектор кога останаа сами. – И извинете што ќе ви го кажам ова, но, не сте повеќе добредојден во мојата куќа, инжењеру Фалкон.

–          Не знам која е причината зошто не ме сакате, доња Макарија, но сакам да знаете дека моите намери кон Јулиса се искрени и чесни.

–          Ја заборавивте тоалетата, – го потсети Макарија, пред Ектор да ја напушти куќата.

–          Нека остане. Јулиса ќе дојде на забавата утре, – додаде самоуверено и ја напушти куќата.

 

Небото беше како послано со ѕвезди таа вечер, а тивкиот ветар ги дуваше булките покрај шините каде што седеше Тристан по разговорот со Јулиса. Само неговиот брат Сантијаго знаеше за тоа негово тајно место каде што доаѓаше кога беше несреќен и сам.

Ектор го сопре црниот автомобил на пољаната и пријде до пругите каде што ретко минуваа возови особено во тој дел од ноќта.

–          Поманам како дете, кога сакаше да побегнеш од светот, доаѓаше овде. Мајка те бараше со часови но само јас знаев каде си.

–          Доаѓам овде да бидам сам. Не ми требаш, Сантијаго. Со години не ми требаш.

–          Тристан, како твој брат, сакам да знаеш дека се радувам што си на слобода. Но, како маж, сакам да знаеш дека и покрај се ќе се борам за жената која ја љубам, и која за жал истата ја љубиш и ти.

–          И како се бориш за неа? Твојата борба содржи пари и моќ. Мојата е во љубовта, Сантијаго. Извини,  Ектор…Ектор Фалкон. Не знам за што си способен, бидејки повеќе не си братот кој што го познавав. Но, за Јулиса сум подготвен да се борам со сета сила. Со се што имам.

 

Со солзи во очите, Јулиса лежеше на својот кревет, кога во нејзината соба влезе Макарија.

–          Љубовната болка е најдлабоката бол во животот, – ја помилува со своите нежни раце по нејзината црна долга коса. – Јулиса, знаеш дека за мене си ќерка која никогаш сум ја немала, и како мајка секогаш сум ти ја говорела вистината. Жалам што ќе го чуеш ова, но оваа болка ти самата си ја предизвика. Твојата жед за одмазда, за реванш…Заборави на таа смешна одмазда, заборави на рудникот и работата во канцеларијата. Во спротивно засекогаш ќе го загубиш саканиот маж. Не го затварај своето срце заради слепата амбиција, Јулиса. Еден ден ќе се освестиш, еден ден кога срцето ќе ти биде затворено и ќе немаш кого да љубиш. Не сакам да завршиш сама како што сум сама јас.

–          Макар и по цена на љубовта, ќе се борам да го вратам она што неправедно му било одземено на мојот дедо, – Јулиса одлучно ги избриша солзите.

–          Да, но цената која ќе ја платиш за тоа има име, а тоа име е Тристан. Никој не знае дали ќе успееш да го повратиш долгот кој беше наплатен пред многу години. Немој на крајот да останеш без ништо, и без твоето наследство и без твојата љубов.

 

Следното утро од зори започна подготвувањето за специјалната вечера која дон Вадо ја оргазнизираше во својата вила. Саграрио го спремаше специјалитетот на вечерата, полн паун, а дон Вадо лично ги набљудуваше подготовките во кујната.

–          Ова е посебен ден, Саграрио. Сакам лично да бидеш задолжена и да ги надгледуваш како сервираат вечерва. И да, мојот син Ектор сака да те запознае. Воодушевен е од твојата храна.  Меѓу гостите ќе биде и новата девојка на Ектор, Јулиса.

Името на Јулиса како бодеж ја здоболе Саграрио во градите.

 

Големата и пространа градина пред вилата беше покриена со тенди, цвеќарата се погрижи за безбројните аранжери, услугата беше збогатена и со кетеринг, а како фил на вечерта беше организиран неверојатен огномет.  На таа забава на која требаше да присствуваат партнери во фирмата, вработените, пријателите и роднините, Вадо сакаше да го прослави роденденот на  Ектор но и да го претстави како нов директор на компанијата.

–          Толку многу врева и потрошени пари за твојот миленик, – Дамијана го провоцираше Вадо влегувајки во неговата канцеларија. – За мене никогаш не си потрошил толку многу.

–          Ти никогаш и не си заслужила толку многу.

–          Знам дека Ектор ти е миленик, но не заборавај дека во моите вени тече твоја крв, драг вујко.

–          Ребека изнеси ја ќерка ти одовде пред да го загубам трпението, – и се обрати на својата сестра.

–          Остави ме, мајко. Нема да му дозволам да ме третира како да сум слугинка. Не повеќе.

–          Да не бев јас, ти и твојата мајка ќе бевте слугинки. Мајка ти ќе се погрижеше за тоа кога побегна со оној дувниветре.

На Ребека и веќе смачено нејзиниот брат одново и одново да ја потестува на човекот за кого се омажи.

–          Остави го моето минато настрана бидејки и јас можам да те потсетам на минатото со Макарија Ромеро чија ќерка ја сакаш за Ектор.

 За помалк од секунда, Вадо застана пред својата сетсра замавнувајки и силна шлаканица која како ехо одекна низ работната соба.

–          Никој, апсолтно никој нема право да ми го извлекува моето минато низ нос, особено не ти , Ребека! Неблагодарничке, да не бев јас сега со твојата размазена ќерка ќе работевте како шнајдерки за бедни пари во некој бутик.

Навредени и бесни, Ребека и Дамијана ја напуштија работната соба на Вадо.

 

***

–          Кога само би знаела како да се изборам за наследството кое ми следува и засекогаш ќе ја напушам оваа куќа, – долго насобраниот бес како вулкан излезе од устата на Ребека кога двете се затворија во собата.

–          Неможам повеќе да ги толерирам навредите и понижувањата на тој човек, мајко.

–          За се сум јас виновна. Виновна сум што се вљубив во сиромав човек, и што се омажив за него и му родив ќерка. Но, знам која е слабата страна на Вадо и ќе ја искористам против него.

–          Која е?, – љубопина беше Дамијана.

–          Макарија Ромеро. Старата љубовница на Вадо ќе ми помогне да се изборам за моите права. Таа жена крие тајна која ќе ми помогне да му вратам на Вадо се се.

 

Свечената вечра започна на достојно ниво на кое и се очекуваше во вилата Фалкон. Десетици луксузни и скапи автомобили го исполнија паркингот пред  вилата  Дорада.

Саграрио го надгелдуваше служењето како што беше побарано од неа, но упорно се криеше од секоја средба со својот син.

Дон Вадо успеа да се одвои од групата политичари со кои разговараше кога го виде Ектор како приоѓа сам.

–          Синко, среќен роденден. Но, зарем си сам? Каде е девојката која вети дека ќе ја донесеш вечерва? Фамозната Јулиса која толку сакам да ја запознаам?!

–          Јулиса имаше неодложена работа и не можеше вечерва да дојде татко. Но, сакам да ти признаам нешто за неа. Освен што работи за мене, Јулиса има посебно место во моето срце.  Таа млада жена зрачи со храброст,  мистерија и сила. Античката убавина на Табаско тече низ нејзините гени.

–          Не знам што чекаш да ја побараш за жена? Направи ја своја!, – нетрпеливо го праша дон Вадо.

–          Не разбираш, татко. Целиот живот бев опколен со површни жени. Но, ова со Јулиса е поинакво. Почнувам да се вљубувам во неа.

–          Тоа ти го забранувам, Ектор! Прави со неа што сакаш, но не се вљубувај во Јулиса! Јулиса е мој непријател!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!