Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #028

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #028

#28мо продолжение

 

 

Бакнежот помеѓу Каталина и Себастијан беше краток, но полн со страст и неизвесност. Кога тој ја пушти од своите силни раце, таа го заврши она што го почна. Му замавна силна шлаканица.

–       Дали Агата те прати и по ова?, – ја праша иронично. – Дали на тетка ти и го кажа она што мене ми го кажа во џунглата? Дека не го сакаш својот вереник, дека никој не направил да се осеќаш како што направив јас…

–       Ти си достоен за презир, – гневно му посочи Каталина, додека очите и се полнеа со солзи. – Не сакам да ме потсеќаш на таа џунгла.

–       А знаеш ли како јас се чувствувам? Знаеш ли како ми е кога ќе те видам со брат ми? Се чувствувам како бедник, а не сум таков. Да беше до мене, јас ќе му ја кажев вистината. Без оглед на последниците, само да си ја смирам совестта.

–       Доста! Зошто ми го правиш ова? Доста, те молам!

–       Мануел залсужува да бидеш искрена со него.

–       Не! Брат ти е слабак, не би разбрал, вистината само ќе му го уништи животот.

–       Во ред, тогаш продолжи да се преправаш, продолжи да живееш во лага.

–       Нема да го лажам бидејки никогаш повеќе не сакам да те видам! Ова е нашата последна средба.

–       Тоа ли сакаш? Да престанеме да се гледаме? Бидејки ако е така, мене ми одговара. Најмалку што сакам е да ја гледам жената на мојот брат како жена.

–       Те презирам, Себастијан Ламас!, – со глас полн горчина и очи полни солзи изговори Каталина.

–       А јас те сакам многу, – искрено и призна тој, пред таа да побегне од станот.

 

 

 

Следното утро, додека Алтаграсија го подготвуваше појадокот во кујната на вилата, а Роси и помагаше околу сервирањето, готвачката ја праша собарката дали слушнала нешто за Гато, но во тој миг во кујната влезе Пандора, како сенка.

–       За кого зборувате?

–       За никој, Пандора, – исплашено одговори Алтаграсија, свесна дека Пандора може да ја искуди на Емператриз.

–       За ваше добро, се надевам дека не зборувавте за Гато.

–       За Гато?, – Роси се направи наудрена. – Ако ми се јави не сакам ни да го чујам. Откако дознав дека крадел, за мене е мртов.

–       Престанете со озборувања! Вечерва е Божиќ и сакам се да биде беспрекорно!

 

 

Рано тоа утро, Себастијан го сопре моторот на малиот аеродром каде што се наоѓаше магацинот и складиштето на стари авиони. Во рацете носеше намирници од блиската пекара. Ја отвори вратата и се изненади кога забележа колку просторијата е чиста, без прашина, уредена…

–       Ти донесов појадок, – му рече на Гато кој лежеше на еден полски кревет на расклопување. – Кога ти реков дека имам место за тебе каде што можеш да се криеш, не очекував да расчистиш.

–       Тоа го направив од благодарност за љубезноста од една стрна, а  од друга бидејки немаш што друго да правам, – призна градинарот, посегнувајки по подадениот перек.

–       Утре ќе ти најдам адвокат, Гато.

–       Сакаш да кажеш дека повторно ќе бидам слободен човек, шефе?

–       Немој да пееш победа додека не видиме што има адвокатот да каже. Навистина си средил овде, ти честитам. Сигурен сум дека ти е досадно овде, но…

–       Не, не е страшно, само ми недостасува Роси.

–       Кој?

–       Роси. Работи како собарка во мансионот.

–       Гато, те замолувам за твое добро, да не дојдеш во искушение и да ја бараш.

–       Биди мирен, шефе.

–       Ок. Знаеш, јас и моите пријатели сакаме да направиме фирма од местово. Мала такси аеро компанија.

–       Навистина?, – импресиониран од идејата праша Гато.

 

 

Таа вечер, Емператриз ја повика фамилијата на Каталина во вилата на бадникова вечера по повод Божиќ. Ваквот тип на вечери постојано се практикуваше во времето на Лусијано, па со цел да не се загуби контактот со Агата Уриостеги, целата нејзина фамилија беше поканета на вечера. Додека слугите ја поставуваа трпезата, гостите уживаа во пијалок и апетисани во големата библиотека под уредно украсената елка.

–       Зарем не требаше да си одиш?, – Каталина директно ја праша својата тетка.

–       Ката, знаеш како е тоа во мојот свет. Обврските доаѓаат и си одат. И какво е тоа прашање, зарем ти пречам?

–       Секако дека не, но сакам да знам зошто намерно ме испрати во станот на Себастијан Ламас, – Каталина директно ја праша својата тетка, нагласувајки го зборот „намерно“.

–       Како тоа мислиш намерно? Те пратив да му предадеш нешто. Го виде?

–       Да, но не знаеш колку лошо си пројдов. Не знаеш каков дивјак е тој човек, а за малку фалеше да дознае Мануел дека сум таму.

–       Како тоа си прошла лошо? Точно дека Себастијан си има свој карактер…

–       Умислен е. Не сакам ни да зборувам за него!

 

 

Во меѓувреме, Пандора ги послужи со шампањ Рафаел и неговата ќерка Луз кои стоеа покрај прозорецот и внесено разговараа.

–       Не знаеш колку ми е мило што те гледам, ќерко. Живееме под исто небо а се гледаме толку ретко.

–       Така е бидејки живееме во спротивни светови, тато. Како е мама?

–       Добра. Остана да игра “дама“ со Дијана.

 

 

Во тој миг во билиотеката влезе Емператриз, држејки го Мануел под рака.

–       Агата, Луз, колку сум среќна што ве гледам. Решив да ве повикам сите овде како тоа што го правеше Лусијано секој Божиќ.

–       Дон Лусијано не е мртов, не знам зошто така зборуваш, – се замеша Луз, пред татко и да ја прекори со поглед.

–       Секако дека не е драга, напротив, Лусијано е во стабилна состојба и лекарите имаат голема надеж дека наскоро ќе ни се врати.

–       Тоа навистина е добра вест. Емператриз, изгледаш десет години помладо од последниот пат кога те видов, – Луз продолжи со своите иронични коментари.

–       Луз, драга, навистина ми е драго што си тука и покрај нашите несогласувања. Знаеш размислував да дојдам некој ден во твојата галерија и да купам неколку скулптури.

–       Ај, Емператриз, се плашам дека она што го продаваме ние е далеку од твојот стил. Не сме доволно гламурозни за тебе.

–       Не, шери, не за мене. За фирмата. Знаеш, малку сакам да реновирам…

–       Толку брзо?, – Луз не престануваше да биде иронична.

–       Кога сакате можете да преминете во трпезаријата. Вечерата е поставена, – им најави Пандора.

 

 

Таа вечер, Себастијан го напушти станот со својот пес. Ги стави слушалките во уши и почна да трча по патеката на згадата кон паркот. Одеднаш автомобил со силна предни светла го осветли Себастијан возејки директно кон него. За среќа Себастијан брзо изреагира и изрипа кон оградата на блиската куќа. Беше очигледно дека некој сакаше да го прегази. Автомобилот продолжи да вози со истата брзина по улицата. Беше син опел со регистрации 555.

 

 

Додека траеше вечерата во вилата, Агата им навести на присутните дека одлучила на неодредено да остане во Мексико Сити.

–       Ќе останеш во Мексико Сити?, – крикна Каталина пресреќна од веста. – Но, зошто не ми кажа порано?

–       Ни самата не знаев. Баш одлучив во моментот кога му кажав на татко ти.

–       Искрено, Агата, помина долго време вон твојата родна татковина, – забележа домаќинката на вечерата.

–       Беше време да се скрасиш, тетко, – додаде Луз низ насмевка.

–       И што ќе правиш со твојата куќа во Франција?, – ја праша Мануел. – Ќе ја продадеш?

–       Не реков дека ќе останам тука засекогаш. Куќата во Франција ќе остане таму каде што е. Сигурна сум дека ќе се вратам еден ден. А и ако не, ќе им ја оставам во наследство на моите внуки.

–       Тогаш остануваш тука поради носталгија?, – ја праша Емператриз.

–       Само што кажа дека импулсиво одлучила, – одговори Рафаел во име на својата сестра.

–       Кој и да се причините, не треба тебе да те засега, – иронично и дофрли Луз.

–       Драга, жалам, немав наера да се мешам во приватните причини на твојата тетка. Но, кога веќе начнавме тема, ме интересира што ќе правиш со акциите кои ги имаш во Фалкон Ерлајнс?, – Емператриз директно и без заобиколувања ја праша Агата.

–       Емператиз!, – дрко ја прекори Рафаел.

–       Не, не остави ја. Ми се допаѓа нејзината искренсот.

–       Прости, Агата, но никогаш не научив да бидам дипломат.  Мене како замена на Лусијано во моментов, ме интересира дали имаш намера да го заземеш своето место во фирмата? Ова е многу важно бидејки имаме нови проекти, имаме методологија на работа…

–       Не, не, не…Ни мртва не би работела во таа фирма, – концизно и одговори Агата. – Не, драга. Јас ќе продолжам да ги пишувам моите романи и ако можам да уживам во животот. Ни под разно не би се затворила во една канцеларија. Ниту на Фалкон, ниту во која друга. Што се однесува до моите акции, истите ќе бидат пепишани, без сомнеж.

–       Така и си мислев, – низ насмевка рече Рафаел.

–       Мене ова не ме изненадува, – се замеша Каталина. – Тета Агата со години не покажала никаков интерес за Фалкон. Нашата тетка е уметник.

–       Токму така, мила моја, – потврди Агата посегнувајки по чашата бело вино.

–       Тогаш да наздравиме за Агата и нејзиниот слободен дух. За Агата, – наздрави Емператриз и сите ги подигнаа чашите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!