#29то продолжение
По бадниковата вечера, гостите и Емператриз излегоа во градината на коктел и десерт. Точно на полноќ уживаа во големиот огномет од градината.
– Сакав да ви кажам дека полицијата има траги од бесрамникот Гато, – им најави Емператриз на присутните, додека Роси го служеше сладоледот. Погледот и замрзна кога го слушна името.
– Кој е Гато?, – праша Луз.
– Гато е градинарот кој најверојатно го предизвикал ударот на Лусијано кога сакал да го ограби, – објасни Емператриз.
– Извинете, но заборавив да ви кажам дека сношти се видов со Себастијан, – се замеша Мануел.
– Да? Како е?, – праша Емператриз.
– Добар е.
– Можеби требаше да го викнам вечерва, да не се поставеше толку лошо кон мене сите овие години, – цинично додаде домаќинката.
– Дали знаете дека вечерта на веридбата во куќава си ја заборавив чантата?, – Агата ги праша присутните менувајки ја темата на разговор.
– Да, Пандора ми потврди, Агата, но не можевме никаде да ја најдеме, – одговори Емператриз.
– Не е важно. Во неа и онака немаше ништо важно. Она што ме изненади е тоа кога ја барав чантата, влегов во работнатта соба каде што Лусијано доживеа удар, и извинете што вака говорам, но јас не верувам дека Лусијано доживеа удар таа вечер.
– Извини, Агата, но на што се должи ова?, – дирекнто ја праша Мануел.
– Се должи на фактот дека зборував со доктор Сантибањез и ме ивести дека никој од фамилијата не го однел лекот во болница. А колку што знам лекот кој Лусијано редовно го примаше не е ниту во куќава, исто така.
– Агата е во право, – се надоврза Емператриз. – Ниту јас не го видов лекот откако Лусијано беше пренесен во болница.
– Знам дека ќе речете оти мојот детективски ум размислува како при пишување роман, но јас не можам да бидам разубедена дека Луисјано доживеа удар при природен пат.
– Извинете на мојата дистракција, но јас си одам, – рече Луз, оставајки ја чашата со шампањ на масата.
– Каде ќе одиш, Лусесита?, – ја праша татко и. – Зошто не останеш уште малку со нас? Божиќ е, и онака ретко те гледаме.
– Бидејки им ветив на моите пријатели дека ќе поминам во клубот каде што се на кратко пред да си одам дома.
Во меѓувреме, Мануел и Каталина прошетаа низ градината, држејки се за рака.
– Зошто не останеш да спиеш тука?, – ја праша тој.
– Не, не можам да ја оставам Луз сама.
– Сестра ти не е мало дете, Каталина. Престани постојано да изиграваш нејзина постара сестра. Остани со мене, сабајле ќе станеме рано, ќе појадуваме па ќе те вратам во станот.
– Не можам.
– Како не можеш?
– Друг ден. Знаеш, јас инсистирав да дојде Луз и сега не можам да ја оставам сама.
– Што е проблемот со тебе, Каталина? Татко ти и тетка ти се тука, Луз може да си оди со било кој од нив. Признај дека не сакаш да спиеш со мене…
– Зошто не би сакала да спијам со тебе?
– Не знам, објасни ми.
– Знаш што, овој разговор е апсурден! И за мене завршува тука.
Слендото утро, кога акционерите на Фалкон Ерлајнс се собраа во конференциската сала на договорен состанок од страна на Агата. Покрај неа, во просторијата беа Емператриз, Рафаел, Мануел и Каталина.
– Не ми е јасно ова мистично повикување рано наутро на состанок, Агата, – рече Емператриз посегнувајки по шољата со кафе.
– Зошто не почнеме веќе еднаш? И онака сите сме тука, – праша нејзиниот брат.
– Не сме сите тука, – одговори Агата. – Ева, ако господинот е дојден, те молам пушти го да влезе, – ја замоли секретарката.
Ги подигнаа погледните еден по еден. На никој присутен не му се веруваше.
– Добрро утро на сите, – срдечно ги поздрави Себастијан, влегувајки во канцеларијата.
– Добро утро, – на поздравот возврати Агата. – Сега кога сме сите тука, можеме да започнеме.
– Што бараш ти тука, Себастијан?, – го праша неговиот помлад брат. – Мислев дека не те интересира компанијата на татко.
– Го променив мислењето, – одговори Себастијан, од џебот на јакната вадејки го инхалаторот на неговиот брат. – Ова е твое. Си го заборавил во визбата ноќта на забавата.
– Сакам да знам што значи овој циркус?, – праша нервозно Емператриз.
– Мене ме интересира што Себастијан бара тука, кога не се разбира во бизнисот?, – праша Мануел.
– Одговорот е едноставен. Тука сум за да го заземам местото кое ми припаѓа, – ноншалантно одговори Себастијан.
– Ти?, – дрско го праша Мануел. – Ти немаш основно познавање за бизнисот. Никогаш не те интересирал.
– Мојата сестра е онаа која ни должи објаснување, – Рафаел погледна кон Агата.
– Сметам дека Себастијан е конечно онаму каде што припаѓа.
– Каде што припаѓа?, – Мануел беше на работ да ги загуби нервите. – Десет години поминав во оваа фирма додека Себастијан си леташе наоколу.
– Мануел, зарем и јас не сум наследник на татко колку што си и ти?
– Значи сето ова е поради интерес, – се замеша Емператриз – Поради наследството на мојот сопруг. Кутриот Лусијано уште се бори за својот живот, а вие тука се грабате за неговото наследство.
– Извини, Емператриз, имам или немам право да бидам тука?
– Јас не зборувам за права, – се замеша Мануел. – Зборувам за заслуга.
– Ова е тотално семејна расправија и моето место не е тука, – решително изјави Каталина, посегна по своеот сако преку столицата и ја напушти канцеларијата.
Мерседес црташе на платно во својата соба, кога кришум влезе Луз со блага намсевка на лицето пријде зад грб на својата мајка и силно ја прегрна.
– Честит Божиќ, мамичке!
– Лусесита, кукличке моја. Честит Божиќ и на тебе, ќеркичке.
– Што правиш? Црташ?
– А што друго да правам во оваа огромна куќа? Морам некако да си најдам занимација. Каде си Дијана и Марта?
– Марта има слободен ден, а Дијана е тука некаде. Кутрата, по цел ден е со мене. А често имам потреба да бидам сама.
– Јас ти донесов посета. Мамо, сакам да го запознаеш моето момче.
Алекс ја чекаше Луз во дневната просторија на куќата додека замина кон катот. За кратко Луз слезе по скалите, довикувајки го. Истовремено од кујната излезе и Дијана.
– Алекс, ова е Дијана, ангелот чувар на мојата мајка, – ги запозна Луз.
– Мило ми е, Дијана.
– Исто и мене, – одвај прговори болничарката.
– Да одиме горе, мајка едвај чека да те запознае.
Откако Каталина ја напушти канцеларијата, Рафаел погледна кон Себастијан со непријателски поглед.
– Мануел е во право. Пет години беше отсуетен од компанијата и сега се враќаш со апсурден изговор и сакаш да бидеш рамноправен акционер.
– Тука сум бидејки татко го побара тоа од мене.
– Татко те побара бидејки беше исплашен за твојот живот по наводната авионска несреќа, – го поправи Мануел.
– Наводна несреќа? Несреќата беше медиумски покриена, ти го знаеш тоа…
– Како и да е. Татко немаше да те побара ако животот не ти беше во опасност.
– Токму така, – Емператриз го подржа Мануел. – Лусијано е уште повреден поради твоето бесрамно однесување од пред пет години.
– Во секој случај, Себастијан, многу нешта ќе мораш да објасниш, – рече Рафаел.
– Не. Вие сте тие кои треба да ми објаснат на мене. Вие тројца особено. Кој од Вас ноќта на веридбата коваше заговор за елиминирање на Лусијано Ламас, нашиот татко?
Ваквото прашање ја замрзна крвта кај тројцата кои се погледнаа меѓу себе.
– Моето присуство овде е акт на волја, – Емператриз прва го прекина молкот.- Нема да седам овде и да бидам обвинувана за злостортсво кое не сум го извршила. – Мојот адвокат ме советуваше дека доколку Лусијано почине без тестамент, јас сум автоматски неговиот наследник.
– Тогаш каков е тој акт на волја?, – ја праша Себастијан смирено.
– Да го признаам делот кој му припаѓа на Мануел, – одговори таа. – Неговите дваесет и пет проценти.
– Поправка. 12, 5%. Бидејки останатите 12, 5% се мои, – потенцираше Себастијан.
– Токму така, – се согласи Агата.
– Емператиз е во право, – рече Мануел. – Законски и следува целиот дел кој татко го има во оваа компанија.
– Да бидеме јасни, – рече Рафаел. – 25% од Фалкон му припаѓаат на Лусијано, или Емператриз во случајов, а 25% му припаѓаат на неговиот наследник. Останатите 50% се мои и на мојата сестра.
– Извини, драг брату, – се замеша Агата. – Но одлучив да ги повлечам акциите од твоето име. 50% од Фалкон ми припаѓаат на мене.
– Можам ли да прашам зошто го направи тоа?, – ја праша Рафаел.
– Едноставно. Бидејки така сакав.