Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #030

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #030

#30то продолжение

 

 

 

Рафаел бесно гледаше во својата сестра. Ова беше од оние денови кога сакаше да ја задави поради својата себичност и импулсивност. Наместо тоа, стана од масата и пријде до мини барот, послужувајки се со коњак.

–       Ова ми го направи намерно, зар не, Агата? Правиш да се чувствувам како имбецил пред сите овие луѓе кои знаат која жртва ја правам за оваа компанија.

–       Секако дека не сакам да направам жртва од тебе, драги.

–       Тогаш зошто? Нели рече дека ќе ги препишеш твоите акции на мое име?

–       Што менува тоа? Ти остануваш генерален директор на Фалкон и мој претставник кога нема да бидам тука. Сега, извинете ме сите, – Агата погледна кон присутните на состанокот. – Но, јас морам да одам бидејки се селам. Имајте убав ден, – додаде Агата пред да си ги собере своите работи и да ја напушти канцеларијата.

–       Дојде за да ме уништиш, зар не?, – Мануел го погледна својот постар брат, раскопчувајки ја јаката од кошулата.

–       Не, Мануел. Тука сум бидејки сметам дека нападот на татко беше исцениран.

 

 

 

            Долгото ѕвонење на влезната врата го прекина Фредо во играњето на видео играта. Го остави џоистикот и пријде до вратата да отвори. Како фурија во станот влезе Ана.

–       Себастијан не е тука, – ја извести Фредо претпоставувајки дека стјуардесата го бара неговиот цимер.

–       Не е важно, доволен си ми ти.

–       Навистина?, – кокетно ја праша Фредо, приоѓајки и.

–       Не биди имбецил, – девојката го оттурна од себе. – Тука сум да зборувам за мојата нова цимерка.

–       Мариса?

–       Да, Мариса. Ми кажа дека била вљубена во некој си фотограф кој ја оставил без никакво објаснување.

–       И сега твојата цимерка бара утеха од друг маж?

–       Престани да бидеш перверзен, Фредо! Мариса ми кажа дека човекот со кој се гледала ја искористил.

–       Ја искористил?

–       Да. Меѓу другото го слушнала како телефонски зборува за некоја саботажа на авион. Нашиот авион, Алфредо!  Дали си свесен? Имаме писта. Браулио Сантос не е единствениот кој сакал да го урне авионот на Игуана. Мистериозниот фотограф, поранешното момче на мојата цимерка е линкот кој не поврзува со вистинските нарачатели на таа несреќа.

–       Ова мора да го знае Себастијан, – рече Фредо и го побара својот мобилен телефон.

 

 

По завршувањето на состанокот, Рафаел се врати дома. Во дневната просторија го дочека неговата помлада ќерка Луз.

–       Тато, дојдов да го запознаете моето момче.

–       Мило ми е господине Уриостеги, – срдечно се поздрави Алекс. – Моето име е Алекс Понсе.

–       Драго ми е, Алекс.

–       Се е ли во ред, тате?, – го праша Луз.

–       Да, мала главоболка, ништо страшно. Зошто?

–       Бидејки си блед. Мораш да одмориш. Зошто одиш во фирмата на ден кога целиот свет одмара?

–       Тоа и ќе го направам, Лусесита. Не бери гајле.

 

 

По завршувањето на состанокот, Мануел и Каталина дојдоа во нејзиниот стан. Тој го соблече сакото и ја раскопча кошулата, седнувајки на троседот, додека Каталина направи две кафиња.

–       Мануел, логично е што на ова гледаш како предавство од страна на брат ти, но размисли дека на крајот нештата остануваат непроменети. Ако татко ти беше мртов, во секој случај Себастијан ќе го наследеше делот кој сега го бара.

–       Сакаш да кажеш дека тебе те убеди неговата ефтина приказна? Дека изиграва детектив, а не дека е дојден за да ме уништи? Мојот брат нема да се смири додека Агата не го назначи за мнозински акционер на фирмата, верувај ми на зборот бидејки го познавам Себастијан. И  таа твоја тетка, прости ми, но не можам да ја разберам. Баш сега сака да и се посвети на фирмата, по сите овие години како нем партнер. Ти се молам. Агата нема никакво знаење за водење на бизнис.

–       Maнуел, те молам не биди таков. Агата е добра личност и никогаш не би направила нешто да и наштети на компанијата.

–       Да, но Себастијан не е таков!, – избувна Мануел. – Ова е само негово масло. Сигурно и рекол на Агата да го тргне татко ти од патот за да се уништи тројката меѓу мене, Емператриз и Рафаел. За да може тој со Агата да направи пакт.

Мануел беше вон себе од нервоза. Посегна по џебот на палтото и го извади инхалаторот.

–       Не, Мануел, те молам немој да бидеш таков. Не се измачувај. Ништо не е толку важно.

–       Да знам, извини, – рече тој и силно ја зеде својата вереница во прегратка. – Не знаеш колку те љубам. Потребна си ми, Каталина. Вети ми дека секогаш ќе бидеш тука за мене. Ако не си тука, јас ќе умрам. Ќе умрам,- додаде тој барајки ги нејзините усни.

 

 

Откако Фредо му раскажа на својот цимер и колега за сомнежите на Ана, Себастијан го отвори шишето со пиво и погледна во својот пријател.

–       Не би ме чудело главата на целата операција да се Рафаел или Емператриз. Но, помсилата дека  можеби брат ми е замешан, дека е одговорен за саботажата на авионот на Игуана, не можам ни да замислиш како се чувствувам.

–       Сакаш да кажеш дека го отфрлаш брат ти од идејата дека можеби е виновен?

–       Не, но не сакам да размислувам во тој правец. Одбивам да поверувам. Знам дека е слабак, дека е себичен и посесивен но не верувам дека е криминалец. Затоа Агата е во право кога вели дека јас морам да сум таму. Да бидм дел од фирмата за да ја тргнам маската од главата на целата операција.

 

 

Гатачката Исадора ја отвори вртата од својот стан, кога бесна како рис влезе Емператриз.

–       И ти ми се нарекуваш некоја гатачка! Не знаеш ништо! Ти си шарлатанка…

–       Што се случило, госпоѓо?

–       Ми рече дека старата Агата ќе му препише се на својот брат! Дека Себастијан нема интерес за компанијата и дека јас ќе бидам на чело со истата. И, што излезе? Обратно!

–       Госпоѓо, ви реков да не му верувате на Мануел…

–       Мануел е најмало зло во приказната. Со него најмногу можам да манипулирам. Мислеше дека можеш да ме прелажеш како што ги лажеш другите?

–       Јас не лажам никого.

–       Тогаш како се објаснуваш? – Емператриз бараше одговор.

–       Можеби имало лош дух во просторијата тој ден.

–       Лош дух, велиш? Лош дух?, – беснееше Емператриз, расфрлајки го ентериерот во собата.

–       Госпоѓо, со сета должна почит…Но, ако сакате да ме отпшутите – слободно. Но, дозволете ми да ви го кажам уште ова. Себастијан Ламас ќе ви донесе уште многу нови проблеми. Ова е само почетокот.

Емператриз скептично погледна во гатачката, но она што Исадора го говореше имаше логика. Ја напупушти простоијата еуфорично како и кога влезе. Исадора посегна по мобилниот телефон и го заврте бројот од ’омилени’.

–       Не ми е гајле со кого сте и што правите. Морав одново да ја лажам Емператриз Ламас за да не ме отпушти. Да, знам дека не смеам да ве барам. Но, јас вака не можам да работам.

Исадора не доби повеќе одговор, линијата беше прекината од другата страна.

 

 

Тоа попладне, на мини аеродромот, Себастијан го изнесе авионот од гаражата. Попправен, префарбан и подготвен за летање.

–       Ајде, кој сака да ја има таа чест и да лета со мене?, – ги праша Фредо и Ана кои стоеа покрај леталото.

–       Јас не би сакала да ризикувам, – се повлече девојката.

–       Кукавица, – и префлри Фредо.

–       Тогаш зошто не пробаш ти, ако си толку мачо?

–       Не мора да се расправате, сам ќе летам. Не сакам да носам ничија смрт на глава, – се пошегува Себастијан, пред да влезе во леталото.

Откако ја извозе пистата, почна да се искачува кон небесата. Леталото леташе како ново.

–       Повторно меѓу облаците. Повторно сам со своите мисли, без гласови во главата. Колку ми недостасуваше старо летало. Не си свесен колку ми недостасуваше. Само јас и ти меѓу облаците го сечеме ветрот. Ова е смислата на животот. Ниту фримата има важност, ниту борбата за моќ. Каталина. Зошто не можам да престанам да мислам на тебе? Зошто? Зошто?

 

 

Беше приквечерина, кога Агата се врати во семејната куќа во која живееше нејзиниот брат со својата сопруга. Слугинката Марта и помогна со багажот да се смести во гостинската соба.

–       Благодарам, Марта, – и заблагодари Рафаел, пред да ја затвори вратата со цел да биде насамо со својата сестра.

–       Зошто ми го правиш ова, Агата?

–       Затоа што ме лажеш, – искерно му одговори, раскопчувајки ги куферите.

–       Колку време ќе останеш? До кога ќе дозволиш да бидам непотребна фигура во компанијата?

–       Додека не се одлучиш да ми ја кажеш вистината. Ајде, сега доста се препираме. Сакам да се раскомотам и да се искапам во купка. И реков на Марта да ми отвори шише црвено вино.

–       Добредојде, – цинично и дофрли Рафаел пред да ја напутши собата.

 

Беше нешто по девет чеасот навечер, кога Себастијан само што ја напушти бањата, замотан во фротирска бањарка. По него купатилото го зазема Фредо.

Себастијан пријде до фрижидерот, за себе си отвори шише пиво а на песот му постави храна за вечера. Во тој момент, се огласи ѕвоното на влезната врата. Пред него стоеше Каталина.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!