Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #031

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #031

#31во продолжение

 

 

 

–       Сакам да зборувам со тебе, – Каталина му се обрати на Себастијан, откако седна на трседот во дневната соба.

–       Те слушам. Каква порака ми носиш овој пат?, – ја праша помалку скептично.

–       Не носам порака, – одговори Каталина, бранејки се. – Сакам да знаеш дека јас не сум на оваа позиција благодарение на нечиј грб. Напротив, работев и се докажував многу за да бидам она што сум денес во фирмата. И ако мислиш дека така лесно ќе успееш да ме контролираш…

–       Извини, но ти мислиш дека дојдов во фирмата за да те конторлирам тебе?

–       Сеедно. Сакам да знаеш дека јас сум многу добра во својата работа и нема да прифатам наредби од некој како тебе, колку акции и да имаш. Јасно?

–       Како ден. Само уште не ми е јасно зошто дојде тука во мојов стан?

–       Знаеш ли зошто? Бидејки уште не можам да сфатам како еден кретен, заводник и женкар како тебе успева да ги придобие сите нешта  кои ги сака.

–       Заводник велиш? Мислиш дека сум заводник и женкар?

–       Да, и ти многу добро знаеш дека е така, – му потврди Каталина. – Но ти ставам јасно до знаење дека со мене не можеш така, – додаде младата жена и како фурија го нашушти станот.

По кратко, повторно се огласи ѕвоното на вратата. Себастијан длабоко воздивна, прашувајки се што уште има да каже вереницата на неговиот брат. Но, наместо Каталина, пред него стоеше мало девојче кое имаше околу четиринаесет години, со густа кадрава, црвена коса и крупни зелени очи.

–       Вие сте Себастијан Ламас?, – го праша.

–       Знаев дека ќе те најдам, – рече девојчето низ широка насмевка, прегрнувајки го.  Јас сум твојата ќерка.

–       Ќерка? Моја?

–       Да, ти кажав. Глув си?

–       Еј, еј…Мирна. слушај ме, невоспитана, јас немам ќерка.

–       Знаев дека ќе ти биде тешко да признаеш.

–       Да ти разјаснам нешто, малечка. Јас никогаш сум немал деца.

–       Грешиш. Ме имаш мене, – додаде девојчето влегувајки во станот. – Убав е станов. Мајка ми кажа дека си милионер.

–       А, да? И како се вика мајка ти?

–       Вероника. Вероника Монтемар.

–       Иронично, бидејки никогаш не сум запознаал жена со тоа име.

–       Тогаш можеме да направиме ДНК тест, ќе видиш дека не лажам.

–       Навистина си убедена дека си моја ќерка? Слушај ме вака, најубаво е да се вратиш дома кај мајка ти и…

–       Не знам каде е мајка ми, – одговори девојчето седнувајки на троседот.

–       Не знаеш каде е мајка ти?

–       Немам претстава. Можеби е во Јапонија или Малезија…Претежно сум сама, затоа и дојдов да те запознаам.

–       Не знам која ти е целта, но нема да ти дозволам да си играш со мене. Ајде излегувај од мојот дом.

–       Целта? Целта ми е да го запознаам татко ми. Тебе, – додаде малечката вадејки фотографија од ранецот на која беше Себастијан како помлад.

–       Ова си ти или не? На оваа фотографија те фотографирала мојата мајка. Пред петнаесет години.

–       Пред петнаесет години имав несреќа…

–       Пилотирајки авион, – го надополни малечката.

–       Да, бев повреден. Немав право да станам од кревет, ниту да се движам.

–       Но јазикот не ти бил врзан. Со неа си ја освоил мајка ми.

–       Вероника Монтанер е русокоса?

–       Ладно.

–       Имаше една болничарка, беше црвенокоса, – се сети Себастијан.

–       Топло. Си ја убедил дека си сиромашен и дека леташ за да заработиш.

–       Не сум ја убедувал во ништо. Бев без пари тогаш.

–       Откако си ја оставил без збор, те пронашла на интернет и дознала дека си син на милионер.

–       И тебе ова ти го кажала мајка ти?

–       Ми го кажа ова кога имав седум години. Од тогаш ја немам видено. Скоро седум години.

–       Вероника Монтанер, – како во бунило Себастијан се обидуваше да се сети.

–       Сигурно ли не ја помниш? Или и на други си им направил деца?

–       Слушај мала, за свои четиринаесет години многу си лошо воспитана.

–       Обвини ги калуѓерките од “Свето среце“. Интернатот е ужасно место за живеење. Затоа побегнав. Ќе останам тука со тебе. Татко си ми и имаш обврски да ме чуваш.

–       Ни под разно. Јас не сум способен да чувам и растам деца. Особено не како тебе.

–       Јас сум твоја ќерка. Мајка ми била болничарка во Ибица. Има густа црвена коса. А ти си и ветил вечна љубов. Откако си ја завел и си спиел со неа, си заминал без збор. Три недел подоцна, мајка ми дознала дека е бремена.

–       Како се викаш?

–       Хисела. Хисела Монтанер.

–       Не можам да поверувам дека ми се случува ова, – рече Себастијан држејки се за глава. – Ова е лага. Ова е стапица која некој сака да ми ја подвали. Не можам да поверувам дека ова ми се случва на мене. Вероника…Мајка ти сакаше да биде актерка?

–       Беше, – потврди малечката. – Беше се по малку додека живеев со неа. И еден ден ја снема. Како да ја проголта земјата.

 

 

Следното утро, за време на појадокот, Луз ја извести својата сестра дека го запознала Алекс со родителите. Каталина повлече голтка од топлото кафе и ги подигна веѓите.

–       Зошто ме гледаш така?

–       Извини што ќе ти го кажам ова, но твојот Алекс премногу се меша во твојата приватност за кратко време.

–       Ти пречи? Ако ти пречи можам да се отселам од тука. Знам дека станот е твој, нема потреба да ми кажеш.

–       Луз, одиш предалеку. Никој не спомна дека сакам да си одиш. Само ми е чудно бидејки цел живот си тврдоглава, одеднаш се појавува некој си Алекс и ти имаш комплетна доверба во него.

–       Така е бидејки во никој друг претходно сум немала доверба. Тебе цел живот се ти било пружено на златен послужавник.

–       Зошто ми зборуваш вака?

–       Бидејки е вистина. Влезе во Фалкон Ерлајнс благодарение на татко. Живееш како во стаклено ѕвоно заштитена од тетка Агата и твојот вереник Мануел.

–       Не можам да поверувам дека ми го кажуваш ова. Ова не се твој зборови, Луз. Те познавам добро. Дали Алекс го мисли тоа за мене? Очигледно. Бидејки ти најдобро знаеш дека влегов во фирмата под друго име. Аплицирав на дадениот оглас за работа бидејки не сакав зад мене да стои презимето Уриостеги, ќерката на директорот. Добро знаеш дека Мануел го запознав откако се вработив, значи неговата улога немаа врска со моето вработување.

–       Не ми зборувај за твојот вереник бидејки не ми се допаѓа и никогаш нема да го сазакам!, – хистерично извика Луз.

–       Ниту на мене не ми се допаѓа твојот Алекс, па тоа не ти го префлрам постојано!

Со солзи во очите, Луз стана од трпезариската маса и истрча кон својата соба.

 

 

Фредо го започна утрото со свежо кафе и житарици пред телеизорот кога од собата за гости излезе малечката Хисела, растегнувајки се во своите Дизни пижами.

–       Здраво. Јас сум Хисела, ти мора да си Фредо, цимерот на мојот татко?

–       Твојот татко?

–       Да, Себастијан ми е татко.

–       Не, не , не, не ја слушај Фредо, – се огласи гласот на Себастијан. – А, ти, малечка, оди облечи се. Одиме во болница уште сега.

–       Ќе ме оставиш без појадок?

–       Ќе ти купам перек по пат. Ајде, облекувај се. И истуширај се по можност. Н сакам да те носам небањата по лекари. Побрзај.

Хисела се врати назад во собата, а Фредо значително погледна во својот цимер и пријател.

–       Каква е оваа драма дека девојчево е твоја ќерка?

–       Не знам, но за кратко ќе докажам дека лаже. Ќе одиме да ни земат крв за ДНК тест.

 

 

Тоа беше првиот работен ден како што авио такси компанијата работеше отворена за клиенти. Себастијан и јави на Ана дека ќе доцни, а Гато го полираше авионот светнувајки го како нов. За кратко по отварањето, Ана веќе го договори првиот лет.

–       Значи, за во вторник во десет часот наутро? Да, сметајте на нас. Догледање.

Ја спушти слушалката на бирото и потрча кон Гато.

–       Гатито, прв ден и веќе го имаме првиот клиент. Алкон ќе лета во вторник за Гвадалахара. Одвај чекам да му кажам на Себастијан.

 

 

Каталина се појави на работа со силна главоболка. Не можеше да престане да мисли на расправијата која утрото ја имаше со својата сестра. Само што влезе во канцеларија ја замоли Ева за аспирин. Ја отвори фиоката од бирото по пенкало и меѓу работите го забележа џебното ноже на Себастијан. И се вратија сеќавања од џунглата, дивата река, водопадите, страсните бакнежи… Како грозница се затресе кога во канцеларијата влезе Себастијан, забележувајки ја како стои со ножето силно прицврстено во нејзината рака.

–       Добро утро, – го подрави грчевито, сеуште прилагодувајки се на идејата дека ќе треба да работи со тој човек и да го гледа секојдневно.

–       Тоа е мое?, – ја праша директно гледајки во ножето.

–       Да. Останало во мојот ранец. Го донесов да ти го вратам.

Пријде до него подавајки му го во рака. Тој го зеде ножето, за момент допирајки ја нејзината кожа. Како искра да проструји меѓу двајцата гледајки се директно во очи.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!