Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #032

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #032

#32ро продолжение

 

 

            Луз слезе од такси возилото пред работилницата за тетоважи во подземјето на градот. Не можеше да престане да мисли на расправијата која ја имаше утрото со својата сестра ниту на идејата дека Каталина не го прифаќа Алекс.

Влезе во работилницата и пријде до тату мајсторот.

–       Здраво. Овде сум бидејки сакам да направам тетовважа.

–       Очигледно, – се насмевна тату мајсотор покажувајки околу себе.

–       Боли?, – отворено го праша девојката.

–       Зависно од тоа каде. Но, ништо неиздржливо.

–       Сакам овде, – покажа на горниот дел од грбот.

–       Не боли многу таму. Ќе ти дадам крема за мачкање отпосле, за два-тир дена нема да чувствуваш ништо. Имаш идеја или сакаш да ти го покажам каталогот?

–       Не, носам слика со себе.

Тату мајсторот ја зеде сликата која му ја даде Луз. Гледаше на кратко во цртежот па го подигна погледот и погледна во девојката.

–       Од каде ти е ова?

–       Моето момче има иста таква, – гордо одговори Луз, покажувајки на сликата со срце прободено со мач. – Можете да ми направите идентична копија?

–       Не, девојко, извини. Имам голема палета на цртежи, можам да ти направам секаква тетоважа, но не таа.

–       Зошто? Не делува дека е тешка за работа, – Луз не можеше да објасни зошто тату мајсторот ја одбива.

–       Не е поади тоа. Туку ова е затвроска тетоважа.

–       Што?

–       Затворска. Тетоважа која се работи само во затвор.

 

 

Откако му го врачи назад ножето, Каталина се врати на своето биро, истотото го направи  и Себастијан. Седна на својот лаптоп и и изпрати атачиран фајл преку мејл на Каталина. Каталина веднаш го доби мејлот и го отвори.

–       Што е ова?, – го праша подигнувајки го погледот.

–       Мојот предлог за работа.

–       Да видам…Редуцурање на часовите на лет на пилотите. Зголемување на платата на пилотите за 30%. Ти сакаш да банкнотираме?, – го праша погледнувајки го.

–       Не, само сакам да ја зацврстам безбедноста. Поголема безбедност, повеќе патници. Тоа е мојата девиза. Ако не се согласуваш, ќе одам директно кај Мануел.

–       Не, чекај…Чекај, – Каталина стана од своето биро и тргна по Себастијан во ходникот.  – Почекај, реков!, – го пресретна пред конференциската сала. – Дозволи ми да ти ја кажам вистината. Мануел е на состанок со многу важен клиент. Сакаме да купиме два боинг авиони.

–       Два боинг авиони? И сакавте да го сокриете тоа од мене?, – се разбесна Себастијан и влезе во конференциската сала каде што Мануел држеше состанок со претставникот на бразилската продружница.

–       Здраво, како сте? Себастијан Ламас.

–       Мило ми е…

–       Себастијан ми е брат, – објасни Мануел. – И се придружи на компанијата пред неколку дена. Сеуште не е инволвиран комплетно во нештата кои ги работиме овде…

–       Сакаш да кажеш во купувањето на боинг авиони, – се надоврза Себастијан.

–       Можеме ли да продолжиме?, – Мануел цинично и дрско го прекори својот брат со поглед.

–       Само уште ова, – рече Себастијан гледајки во беџот кој соработникот го носеше закачен на својот ревер од сакото. – Ова не е знакот на Заедницицата на авијатичари?

–       Премногу сте млад за да знаете за заедницата, -забележа клиентот.

–       Го носеле бразислките пилоти и офицери кои војувале и летале преку атлантикот за време на втората свестка војна, – додаде Себастијан. – Не знаете што би дал да сум бил роден во тоа време. Јас сум заљубен во воените авиони. Заљубен!

–       Знаете ли кој е сопственик на подружницата за која работам? Жозе Муриел.

–       Жозе Муриел? Офицерот на гардата? Знаеш ли дека Жозе Муриел е еден од ретките кои има добиено почести од шпанската кралица, Мануел?

–       Прв пат слушам, – неинволвирано одговори Мануел. Но ако претходно му одеше тешко за соработка со бразилецот, сега сфати дека Себастијан може да го отвори патот.

–       Што велите да се напиеме виски и да продолиме со разговорот? Ретко се наоѓаат вака страсни фанатици на авиони како вас, Себастијан.

 

 

 

Агата беше станата рано тоа утро. Помина неколку часа во својата соба пишувајки го својот последен роман, па реши да одмори и да ја поздрави својата снаа. Ја затекна Мерседес во својата соба, како црта на платното, додека нејзината болничарка седеше на фотељата покрај неа и листаше списание.

–       Добро утро, Мерседес. Како си? Рафаел ми кажа дека си го запознала момчето на Луз. Како ти се допадна?

–       Многу ми се допадна. Момчето е едуцирано, воспитано…

Дијана само го подигна погледот и преврте со очите. Агата, веднаш ја забележа ваквата реакција кај болничакрата.

–       Вам не ви се допадна, Дијана?

–       Јас не го ни запознав баш. Само на кратко.

–       Да, но сигурно сте забележале дали е згоден, убав…

–       Згоден е, – потврди.

–       Презгоден, – потврди Мерседес. – Многу убав пар се со мојата Лусесита.

–       Ќе одам по вашиот лек, госпоѓо, – рече Дијана пред да ја напушти собата.

–       Оваа твоја болничакра никогаш не се смее?, – Агата ја праша снаата.

–       Никогаш, – потврди Мерседес. – Но, што би правела јас без Дијана.

–       Треба да отвориш изложба еден ден, – Агата ја промени сликата гледајки во платното на кое работеше Мерседес. – Многу интересни работи црташ. Забележав дека имаш многу црвена боја, но сеуште не си ја искористила, – додаде гледајки на палетата за бои. – Ќе ти се осуши.

–       Јас мислев дека, – почна да пелтече Мерседес и одеднаш невнимателно ја турна палетата преку баде мантиилот на Агата, потопувајки ја со црвена боја.

–       Ај, Софија! Софија!, – почна да вреска на сиот глас.

–       Мерседес, смири се, не е ништо. Смири се те молам.

–       Софија!

 

 

 

Рафаел влезе во една од канцелаиите каде што ја затекна Емператриз.

–       На човек му треба мапа да те најде.

–       Кажи и го тоа на сестра ти, – му префрли Емператриз. – Направи хаос со редоследот на канцелариите. Сега овалната ја имаат Каталина и Себастијан.

–       Значи старата канцеларија на Каталина е слободна сега? Можам јас да ја заземам бидејки мојата е премала. Секако, ми треба дозвола од газдарицата, – Рафаел кокетно и прјде на Емператриз, но таа го оттурна од себе.

–       Што ти е?, – ја праша.

–       Смечено ми е од тебе и твојата понизност и немање сила да се соочиш со сестра ти. Понекогаш се прашувам кој носи панталони во фамилијата Уриостеги. Ти или Агата.

–       Ова е бидејки загубив дел од моќта? Повеќе не сум ти привлечен?

–       Не, драги. Да речеме дека загуби дел од својот шарм. Не ми вели дека те боли, бидејки не ти верувам.

 

 

Себастијан се врати назад во новата канцеларија со триумфална насмевка. Каталина го подигна погледот од документите на кои работеше и го праша што е смешно.

–       Не сакаше да ме пуштиш во конференциска за да не ги расипам преговорите, признај. Епа драга моја, благодарение на мене, Фалкон Ерлајнс има два нови боинг авиони во својата флота.

Каталина не одговори ништо. Во тој момент заѕвоне телефонот на бирот на Себастијан.

–       Ало, Ева?, – го притисна копчето на интерфонот.

–       Господине Ламас, една госпиѓица сака да зборува со вас. Вели дека е итно.

–       Во ред, речи и да влезе.

–       Оваа канцеарија не е место за средби со твоите љубовници,- му префрли Каталина.

–       Љубоморна?, – ја праша иронично.

–       Неподнослив си, – му дофрли пред да ја напушти канцеларијата. По кратко во истата влезе една млада девојка со крупни очи и црна коса.

–       Себастијан? Јас сум Мариса, цимерката на Ана, твојата пријателка.

–       Аха, Ана ми има зборувано за тебе. Како можам да ти помогнам?

–       Себастијан, морам да ти признаам нешто. Јас сум виновна за авионската несреќа на летот на Игуана!

 

 

 

Алекс ја отвори вратата од својот стан кога по долго и упорно ѕвоноење ја забележа Луз преку клучалката.

–       Луз, љубов моја. Не знаеш колку чекав да дојдеш, – силно ја зеде во прегратка. – Влези. Сакаш да ти направам кафе?

–       Не, не ми се пие, – му одгвори отсечно.

–       Што ти е, Лусесита?, – ја праша седнувајки ја во својот скут.

–       Размислував. Ти знаеш практично се за мојот здодевен живот, а јас не знам ништо за тебе. Да знам дека си фотограф и дека правиш убави фотографии, но не знам ни каде си роден, ни каде си пораснат, ништо.

–       Тоа ли е проблемот? Мислев дека не те интересира моето минато затоа и никогаш не сум ти зборувал.

–       Кажи ми зошто си бил во затвор?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!