Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #049 & 050

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #049 & 050

#49то продолжение

 

 

            Мануел посегна по прстенот кој го донесе неговиот брат. Држејки го в рака, на глас го прочита изгравираното.

–       Од Мерседес за Рафаел, 10 април 1984 г.

Во тој момент во канцеларијата влезе Ева, секретарката известувајки го за претстојниот состанок кој требаше да започне.

–       Доаѓам веднаш, – рече Мануел и излезе од канцеларијата.

 

 

По утринскиот тренинг со својот личен тренер, Емператриз доби идеја која му ја соопшти на згодниот Диего.

–       Што велиш на идејата да заработиш повеќе пари?

–       Никогаш не сум одбил работа, госпоѓо.

–       Одлично…Тогаш преку ден ќе бидеш мој личен тренер како и до сега, а навечер ќе му бидеш телохранител на мојот сопруг. Што велиш?

–       Телохранител?

–       Да. Ако се согласиш ќе зборувам со Лусијано да ти дадеме соба во вилата. Мислам дека имаме една празна, во која не живее никој откако го загубивме градинарот. Ако живееш во вилата, ќе му бидеш на располагање во секое време на мојот сопруг…И на мене, – кокетно додаде Емператриз.

 

 

По краткиот состанок кој го имаше, Мануел ја напушти зградата на компанијата, но Себастијан пој де по него. Го сретна на паркингот пред Мануел да влезе во возилото.

–       Каде одиш?

–       Што е сега, ме следиш?

–       Да. Те следам бидејки те познавам и знам дека ќе порбаш да побегнеш.

–       Се брзам бидејки имам многу поважни нешта од твоите напади.

–       Од мал го правиш истото. Кога не си во својата сигурна зона се тргаш на страна. Или бегаш. Или добиваш напад на астма.

–       Мене ми е смачено да изигруваш детектив во коалиција со Агата и да истражуваш наоколу како Шерлок Холмс. Прво беше авионската несреќа, сега смртта на Рафаел. Држи се на страна од мене и мојата вереница, Себастијан, те предупредувам!

–       Каква врска има сега Каталина со ова?

–       Каква? Секаква! Не заборавај дека од секогаш сите мои девојки биле вљубени во тебе.

–       Што зборуваш, Мануел?

–       Секогаш беше подобар, Себастијан. Секогаш беше попаметен…

–       Престани да ми ја менуваш темата, Мануел! Се што сакам…

–       Цел живот само сакаш да ме понижиш мене!

–       Не е вистина…

–       Секако дека е вистина. Уживаш да ме гледаш како страдам, уште од мал беше така. Те мразам, Себастијан, не сфаќаш? Те мразам со целата моја душа! Те мразам бидејки секогаш сум бил зависен од тебе. Уште од кога бевме деца. Ти секогаш беше тука за да го потсетиш татко дека јас не служам за ништо.

Во тој момент, Каталина го сопре својот автомобил на паркингот. Кога изезе од него, до неа допреа гласовите на браќата кои се расправаа.

–       Не служам за ништо! Не служам за љубов, не служам за работа, за ништо!, – говорше Мануел со горчливи солзи во очите.

–       Зборуваш бесмислици! Барем еднаш во животот биди маж, Мануел!

–       Не можам. Умирам од срам што сум ваков. Умирам од љубомора. На се сум љубоморен. Бев љубоморен пред Каталина да те запознае. Од срам дека ќе и се допаднеш повеќе.

–       Мануел, само сакав да дознаам зошто си ја изнајмил таа вила.

–       Не ја изнајмив јас, Себастијан, – одговори Мануел вадејки го инхалаторот. – Каталина ме покани да го минеме викеднот некаде. Нејзина беше идејата за викенд во таа вила!

 

 

Последните сончеви краци влегуваа низ отворените прозорци во собата на Мерседес, која започнуваше да црта нова слика на белото платно.

–       Нова слика?, – ја праша Висенте, потпрен на касата од собната врата.

–       Пејсаж, овој пат, – одговори таа. – Сакам да го насликам ова парче од градината кое се гледа од мојот прозорец. Штета што не може да се отслика мирисот кој го има во воздухот. Мирисот на летните цветови.

–       Зошто не пробате да излезете, Мерседес? Обидете се да ги насликате сите тие делчиња кои толку ви се допаѓаат надвор, во самата градина.

Одеднаш Мерседес изрипа од креветот на кој седеше и пријде до вратата како да бара некого.

–       Што барате, Мерседес?

–       Мојата ќерка Каталина беше тука.

 

 

 

Вечерта, Себастијан и Хисела се вратија од паркот по кусата прошетка на Бак. Видно расположени се вратија во станот каде што ги пречека Фредо.

–       Фредо, што ти е?, – Себастијан го праша својот пријател.

–       Имате гости, – со полуотворена уста навести Фредо покажувајки на жената во дневната соба.

Себастијан погледна кон посечната гостинка. Добро се сеќаваше на црвенокосата млада жена со шпански акцент.

–       Хисела, ќерко, – крикна Вероника потрчувајки со широко отворени раце кон својата ќерка. – Зарем не се сеќаваш на мене? Дозволи ми да те бакнам…

Но Хисела не можеше да биде лицемерна. Ја отурна својата родена мајка од себе и истрча кон влезната врата. Фредо тргна по неа, оставајки им простор за раговор на Себастијан и Вероника.

–       Барем ти не побегна, – горчливо му префрли Вероника откако останаа сами. – Иако не би се изненадила. Еднаш веќе го стори тоа.

–       Јас никогаш не побегнав. Нашето беше авантура од неколку вечери во кои јас не ти ветив ништо.

–       Бев будала мислејки дека ќерка ми ќе ми се израдува…

–       Да ти се израдува откако си ја оставила како дете? Вероника Монтемар, зошто дојде?

–       Да ја земам со мене.

–       Ајде да зборуваме како цивилизирани луѓе, – рече Себастијан. – Те слушам.

–       Те гледам и сфаќам дека ништо не се променило кај тебе овие 14 години. Истиот поглед, истата коса, истите брчки…Како да не си остарел ни ден сите овие години. Знаеш ли колку бев среќна кога дознав дека чекам твое дете?

–       Јас не знаев ништо за тоа. Бев дете од осумнаесет години кој сеуште беше под закрила на својот татко.

–       Но, ти пишував писма. Дознав за адресата на Ламас и ти пишав безброј пати.

–       Вероника, јас никогаш не ги добив тие писма.

–       Како не кога ми одговори? Ми кажа дека не те интересирам ни јас ниту мојата ќерка.

–       Знам, но тоа не сум го напишал јас, туку мојот татко. Мојот драг татко кој од мене го криеше постоењето на Хисела. Вероника, јас се би дал да бев со Хисела додека растела. Никогаш нема да му го простам тоа на татко ми што ја криел вистината од мене. Но, сега кога ја имам кога е тука, не сакам да сушнам дека ќе ми ја земеш.

–       Мојот живот не е тука. Мојот живот, нејзиниот живот е таму…

–       Не е точно, – рече Себастијан. –Животот на Хисела е тука. Хисела е и моја ќерка.

 

 

Наредното утро, Мариса ги посети канцелариите на Фалкон Ерлајнс. Пријде до секретарката и побара да се види со Себастијан.

–       Себастијан не е дојден со денови во канцеларија, – ја извести скретарката Ева. – Да бидам искрена, не знам ни дали ќе го видиме повторно.

–       Може ли да ми го дадете неговиот телефонски број?

–       Секако, само момент, – рече секретарката.

Додека Мариса чекаше секретарката да и го запише бројот, низ ходникот пројде Алекс. Кога ја забележа Мариса почувствува како крвта му се заледува во вените. Влезе во најблиската просторија за да не биде забележан. Ја подотвои вратата за да може да види кога ќе замине. Кога девојката се упати кон лифтот, Алекс почна да ја следи. Веднаш по неа влезе во лифтот. Мариса веднаш го препозна. Сакаше да извика на сиот глас, но беше предоцна. Алекс ја фати за вратот и почна да ја задушува силно со своите раце. Кога девојката ја загуби свеста, Алекс го притисна копчето на лифтот кој водеше до најгорниот кат. Потоа ја зеде в раце и ја пренесе до највисокиот кат на зградата.  Ја отвори помошната врата од лифтот и погледна надолу. Дваесет ката високата бездна се простираше под него. Со еден покрет ја турна онесвестената девојка во бездната и остана да гледа се додека не слушна тап удар на долниот кат.

            Во следниот миг заѕвоне неговиот мобилен телефон. Беше Луз.

–       Ало?

–       Како си, љубов моја?, – со благ тон во гласот го праша неговата сопруга од другата страна на линијата.

–       Добро сум, Луз, само што не можам да зборувам во моментов. Ќе те барам подоцна.

 

 

Во меѓувреме, Хисела појадуваше пред телевизорот гледајки цртнаи филмови, кога заѕвоне телефонот.

–       Ало?

–       Здраво, Хисела. Овде Лусијано Ламас.

–       Очекував да се јавиш, – со мирен глас рече девојчето.

–       Јас не бев толку сигурен, но да речеме дека се работи за импулс, – додаде Луисјано завршувајки со својот појадок во градината.  – Дома е татко ти?

–       Не, не е дома. Сакаше да зборуваш со него?

–       Не баш. Овој телефонски разговор сакам да остане помеѓу нас.

 

Истовремено, Пандора ја чистеше прашината во дневната просторија, кога со крпата го притисна копчето од интерфон на телефонот.

–       Знам за доаѓањето на твојата мајка и сакам да бидеш мирна бидејки ќе го најмам најдобриот адвокат во земјата. Затоа ти реков да не му спомнуваш на татко ти. Го знам мојот син и знам колку е горд, нема да дозволи било каква помош од моја страна.

Пандора скептично погледна пред себе. Со кое девојче зборуваше нејзиниот господар, се запраша.

 

 

 

 

#50то продолжение

 

 

Како некоја подвижна сенка, Пандора влезе во спалната соба на нејзината господарка која штотуку излегуваше од под туш.

–       Што правиш тука, Пандора? Сакаш да ми приредиш удар по се што се случи во оваа куќа?

–       Извинете, госпоѓо Емператриз, но морам да ви соопштам нешто многу важно.

–       Немам време за озборувања меѓу послугата, – индиферентно и одговори Емператриз, бришејки ја влажната коса со пешкир.

–       Ова ќе ве интересира, госпоѓо. Сосема случајно дознав една тајна од телефонски разговор на вашиот сопруг.

–       Ако ми кажеш дека има љубовница, нема да ти верувам.

–       Не се работи за љубовница, госпоѓо. Дон Лусијано има внука.

–       Внука?

–       Да. Ќерка на господин Себастијан.

 

 

 

Себастијан со мало доцнење дојде во кафулето каде што Вероника му закажа средба. Седна на масата до неа и ја поздрави со бакнеж во образот. За себе нарача двојно еспресо, а Вероника веќе го пиеше своето макијато.

–       Годините само ти направиле услуга. Изгледаш како добро очувано вино, – кокетно му рече младата жена.

–       Благодарам. Но, зошто ме покани овде? Не верувам дека само сакаше да ми поделиш комплименти за мојот изглед.

–       Ја сакам вистината. Зошто ме остави бремена?

–       Јас не те оставив сама ниту знаев дека си бремена. Татко ми го направи тоа во мое име. И еден ден ќе плати за тоа. На ваков или таков начин, ќе плати. Ми веруваш ли барем? Веруваш ли дека не знаев ништо?

–       Да, ти верувам…, – рече таа спуштајки ја својата нежна рака на неговата.

–       Не сакам да ти дадам лажна надеж, но нашето одамна помина, – и рече тој, тргнувајки ја нејзината рака од својата.

–       Во ред. Биди мирен. Немам намера одново да те заведам. Повеќе немаме по осуманесет години. Но сакам да знаеш дека те љубев до лудило, Себастијан. Но со времето престнав да те сакам. Ја поминав бременоста во очекување. Чекајки те на прагот од вратта, на прозорецот да дојдеш, да ме побараш за жена, да го признаеш детето кое го носев во утробата. Ти пратив сто писма. Но, никогаш не дојде тој ден.

–       Вероника, не знам зошто зборуваме за минатото. Ајде да се фокусираме на сегашноста, на иднината. Сакам да зборуваме за Хисела, нашата ќерка. Зошто имам чувство дека дојде за да ја земеш со себе?

–       Не е тајна дека ја сакам мојата ќерка крај мене, – отворено му призна Вероника.

–       Види, Вероника, навистина не сакам да ти судам и да те прашувам зошто ја напушти Хисела. Но, на Хисела и се потребни родителите крај себе, а тоа значи дека и јас сум и потребен.

–       Ти имаш пари и можеш да дојдеш во Барселона да ја видиш кога сакаш.

–       Сакаш да ја вратиш во Барселона? Да ја затвориш во интернат како претходно?

–       Повторно ми судиш?

–       Извини…Но, гледај вака. Ајде да си дадеме време за адаптација. Хисела практично не те познава. Дај и на време да те засака како што ме засака мене. Дај и на самата време. Можеби ќе ти се допадне овде, можеби ќе најдеш работа и ќе одлучиш да останеш. Вероника, те молам размисли.

–       Во ред…Ќе останам еден месец, – по кратко колебање одговори младтаа жена.  

–       И тоа е почеток.

Во тој моммент заѕвоне мобилниот телефон на Вероника. Беше нејзиниот адвокат. Вестта која ја доби од него беше изненадувачка.

–       Како? Да, да разбирам. Ќе се слушнеме подоцна, благодарам.

–       Што е?, – ја праша Себастијан откако таа го прекина разговорот и комплетно ја промени фацата.

–       Проклет лажго! Си побарал од судот да ти додели старателство над Хисела!

–       Тоа не е вистина…

–       А не е? Тогаш мојот адвокат мора да ме лаже! Слушај ме добро, Себастијан Ламас! Ќе ја земам Хисела со мене и ќе ја одведам одовде за никогаш повеќе да не ја видиш! Биди сигурен во тоа!, – додаде гневно и го напушти кафулето.

 

 

 

Хисела во меѓувреме работеше на својата домашна задача во станот кога огласи ѕвоното од вратата. Ја остави тетратката и потрча да отвори. Пред неа стоеше Емператриз Ламас.

–       Здраво. Ти си фамозната Хисела?

–       Да…

–       Јас сум Емператриз. Сопругата на твојот дедо Лусијано. Може ли да влезам?

 

 

Мануел работеше на своето биро во канцеларијата, кога секретарката најави ненајавена посета од детектив.

–       Детектив Фаусто Моралес, – се претстави детективот кога влезе во канцеларијата на Мануел.

–       Претпоставувам дека сте тука за смртта на девојката која е најдена сношти во еден од лифтовите на зградата?

–       Да, господине Ламас. Но, обдукцијата покажа дека падот бил испровоциран, дека девојката не паднала сама, туку дека некој ја турнал. Освен тоа, девојката била давена претходно.

–       Давена?

–       Да, господине, – потврди детективот вадјеки ги фотографиите од обдукцијата. – Сакам да ве информирам дека целата зграда ќе биде под истрага наредните неколку денови се додека не се отркие убиецот на Мариса Алварез.

 

 

 

 

 

***

 

–       Значи вие сте маќеата на мојот татко?, – Хисела ја праша Емператриз откако ја пушти внатре во станот.

–       Хиселита, една работа која треба да ја знаеш за мене е дека зборот “маќеа“ воопшто не ми се допаѓа. Особено затоа што секогаш сум ги гледала Себастијан и Мануел како втора мајка. Навистина би сакал да те запознаам подобро, Хисела и би сакала да те поканам во домот на твојот дедо.

–       Татко никогаш не би ми дозволил да одам таму.

–       Остави на мене да го убедам, Себастијан. Мислам дека јас и ти одлично ќе се согласуваме.

 

 

Себастијан го сопре својот мотор пред зградата на компанијата Ламас и како фурија се упати кон канцеларијата на својот татко. Откако дозна дека Лусијно барал старателство над Хисела, Себастијан без најава влезе кај својот татко и побара објаснување.

–       Каков ти е овој тон?, – извика Лусиајно. – Забораваш со кого зборуваш?

–       Баш напротив. Зборувам со најпрепотентниот човек на светот кој мисли дека има право да се меша во животот на другите. Зборувам со истиот човек кој пред тринаесет години ми го одзема правото да дознаам дека имам ќерка. Зборувам со човекот кој побарал старателство над мојата ќерка! Со тој човек зборувам!

Од секој изговорен збор, излегуваше гнев и бес од устата на Себастијан.

–       Не биди слеп, Себастијан! Твојата ќерка не сака никогаш да се врати кај својата мајка. Очајна е да остане тука! Во секој случај, верувам дека го сторив исправното.

–       Зошто не ми кажа? Зошто дозволи да дознаам од Вероника? Зошто откако ја убедив да остане, да направиме пакт на доверба? Зошто?

–       Мислиш дека жена како неа ќе почитува пакт?

–       Да верувам. Но, сега благодарение на тебе, таа жена ќе ја одведе мојата ќерка далекуод тука и можеби никогаш повеќе нема да ја видам!

–       Со судскиот налог кој го имам, Вероника никогаш нема да мое да ја изнесе Хисела од земјата. Треба да ми бидеш благодарен за тоа.

 

 

Агата имаше проблем со инспирација тоа попладне, кога заѕвоне нејзиниот телефон. Беше нејзината сакана внука Каталина.

–       Здраво, мила. Се обидувам да напшам нешто, но не ми оди од рака.

–       Сакаш ли да дојдеш кај мене? Да, сама сум. Ќе подготвам нешто вкусно за вечера. Одлично. Те чекам во седум. Се гледаме. Бакнеж.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!