Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #022

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #022

#35то продолжение

 

Агата ја спушти чашата со сок од портокал и значајно погледна во својот брат кој и призна нешто во што таа никогаш се немаше посомневано.

–       Софија и јас имавме афера, – додаде Рафаел. – Бев заљубен во Мереседес, но бев истовремено луд по нејзината сестра.

–       Дали Мерседес знаеше?

–       Не. За среќа, никогаш не дозна. Тоа ќе и го скршеше срцето. Мерседес ја обожаваше помалата сестра. Ми беше многу тешко да се помирам со нејзината смрт, верувај ми. Затоа не сакам да се копа по минатото. Затоа инсистирам да се остави собата на Софија онаква каква што е.

–       Дали си сигурен дека Мерседес никогаш не се посомнева во ништо?

–       Сосема, – потврди Рафаел. – Од самиот почеток знаев дека таа афера е најголемата грешка во мојот живот. Софија беше толку весела и ведра, а исовремено толку ранлива и плашлива. Не требаше да и дадам лажна надеж за нас. Затоа сум виновен. Софија се уби поради мене!

–       Не можеш да бидеш сигурен во тоа, Рафа, – Агата го тешеше помалиот брат. Сето тоа е дел од минатото и не можеме да сториме ништо за да го промениме. Ајде да ја отвориме собата, да ја проветриме, да ги подариме нејзините алишта во мисијата…

–       Не, Агата! Тоа би било преболно за мене. Во таа соба на таванот ние се гледавме. Не би можел да влезам во таа соба и да ја најдам полна со прашина.

–       Во ред, но барем дај ми дозвола да влезам самата јас. Мојот покоен сопруг постојано велеше дека животот е сонце кое грее само сега. Ниту вчера, ниту утре нема да грее како сега.

 

 

 

Додека Ана им ја презентираше новата компанија на клиентите, внатре во хангарот, Себастијан го извести својот пријател дека резултатите покажале дека Хисела е негова ќерка. Фредо наточи две шољи кафе од кафематот и го послужи цимерот.

–       Комплицирано е, – рече Себастијан земајки ја подадената шоља со кафе. – Се чувствувам чудно. Никогаш во животот не сум се гледал како татко. Чувствата ми се измешани. Сега уште повеќе ми е жал што половина од својот живот тоа девојче го поминало затворена во интернат. Што ако ја изневерам како што ја изневерила мајка и? Што ако не се покажам како добар родител.

–       Јас не сум родител и немам деца, но, верувам дека е нормално да се има ваква реакција каква што имаш ти. Да си збунет, да имаш илјада прашања…да бидеш несигурен, да мислиш дека ќе потфрлиш како родител.

–       Премногу е комлицирано. Друго е да знаеш дека ќе станеш родител за девет месеци. Имаш време да се подготвиш писихички. Други се емоциите кога ќе го видиш штотуку роденото дете, кога прв пат ќе го земеш во прегратка како бебе. Јас никогаш не минав низ тие фази…не знам како да се однесувам како татко.

–       Комплетно те разбирам. Но, немаш време да се подготвиш овој пат. Хисела е твоја ќерка и тоа е тоа.

–       Проблемот е што одвај се сеќавам на нејзината мајка. Која е Вероника? Што знам за неа? Знам дека беше болничарка која сакаше да стане актерка. Знам дека поминав неколку вечери со неа и ништо повеќе. Јас имав осумнаесет години и желба да го видам светот. Да го прелетам светот.

 

Тоа утро, Пандора ја послужи својата господарка со појадок, кафе и цеден сок од портокал. Праша дали тоа е се што госпоѓата сака.

–       Да, благодарам – одговори Емператриз, повлекувајки голтка од црното кафе. – Пандора, дали е се во ред со послугата?

–       Зошто ме прашувате, госпоѓо?

–       Само забележав дека порано ми кжуваше се што се случува во куќата, но во последно време не ме информираш за ништо. Посебно ме интересира како е Роси?

–       Се е мирно, госпоѓо.

–       Нека остане така, – рече Емператриз давајки и знак на домарката дека е слободна.

Откако Пандора ја напушти трпезаријата, во просторијата влезе Мануел.

–       Добро утро, Мануел.

–       Како си, Емператриз?

–       Одлично. Ти ми требаше.

–       Биди брза, слегов само по сок од портокал. Се брзам имам состанок во канецеларија.

–       Да, и јас се брзам. Сакам да те прашам дали мислиш дека Себастијан дојде во фирмата за да собере база на податоци против нас?

–       Од каде да знам јас зошто дошол Себастијан во фирмата, – дрско и одговори Мануел. – Знаеш, понекогаш ме плашиш. Мажена си за мојот татко а имаш афера со неговиот пријател Рафаел. Зарем немаш грижа на совест?

–       Те молам, Мануел. Ти најде да ми зборуваш за совест. Но одговорот е не. Знаеш ли зошто? Бидејки никој од нив двајцата, ниту татко ти ниту Рафаел не успеал да ми го зароби срцето.

–       Зарем ти имаш срце?, – ја праша Мануел, го допи сокот од портокал и ја напушти трпезаријата.

 

 

Пред да ја напушти куќата, Агата му го покажа жамивчето на својот брат, она истото кое го најде Ектор на скалите од вилата со изгравирани иницијали СК.

–       Да, ова и припаѓаше на Софија, – потврди Рафаел држејки го сатенското шамивче в раце. – Не можам ни да замислам како се нашло на скалите, како што не можам да разберам декаа некој намерно го турнал твојот пријател, Агата.

–       Многу чудни нешта се случуваат во оваа куќа, Рафаел. Сеуште сум под шок од сознанието дека си имал афера со сестрата на твојата сопруга. Како можеше?

–       Способен сум за многу нешта и многу нешта имам направено, – искрено братот и призна на својата сестра.

–       Какви нешта?

–       Времето минува, годините не газат, а вината никако не изумира, Агата.

–       До бога, за што зборуваш, Рафаел?

–       Потребна е храброст да се проговори, но ќе дојде и тој ден.

–       Ме плашиш, – му призна постарата сестра.

–       Нема зошто. Повеќе не сум опасен.

–       Се обвинуваш себеси за болеста на Мерседес, зарем не?

–       Меѓу другото. Иако нејзината полест е повеќе наследна. Мајка и лежеше во ментална инситуција до својата смрт. Пред да се убие. Еднаш и Мерседес се обиде да го направи истото што го направија нејзината мајка и сестра, – додаде Рафаел гледајки низ прозорецот со рацете в џеб, додека сеќавањата му се враќаа како тобоган во главата. – Јас бев надвор во градината а Мерседес уживаше во последните убави сончеви денови таа есен, беше мирна под дејство на седативи кога одеднаш изрипа во базенот и почна да се дави без отпор. По тоа ја најмив Дијана да ја надгледува постојано. Не знам дали би можел да поднесам уште една смрт на мојо товар.

–       Престани да мислиш дека Софија се убила поради тебе, – го тешеше Агата приоѓајки му од зад грб. – Немој да мислиш на тоа повеќе.

 

 

Себастијан го сопре својот мотор пред зградата на адресата која ја имаше во раце. Според бројот кој го имаше, туку живееше гатачката која му требаше. Ја извади кацигата од глава и се упати кон станот број 12.

Вратата му ја отвори жена во рани четириесети години.

–       Вие сте Исадора?

–       Ве очекував, – рече видовитата внесувајки го во својот стан задимен од миризливи стапчиња и свеќи.

 

 

Рафаел само што заврши со телефонскиот разговор, кога во неговата нова канецеларија влезе Луз.

–       Лусесита, какво чудо што те гледам овде, – ја брегрна и бакна својата ќерка.

–       Си ја сменил канцеларијата, одвај те најдов.

–       Да, сега го делам овој простор со Емператриз, – иронично одговори Рафаел.

–       Чекај, зарем ова не беше канцеларијата на Каталина претходно?

–       Да, но сега сестра ти ја дели старата канцеларија на Лусијано со братот на Мануел.

–       Со Себастијан?, – се зачуди Луз.

–       Да, го познаваш?

–       Јас. Па, го имам еднаш видено но не се познаваме лично. Татичко, дојдов да те замолам за голема услуга. Знаеш дека се гледам со најдобриот човек на планетета земја!

–       Аа, оној фотографот кој го запознав оној ден.

–       Сакав да те замолам да му најдеш некоја работа овде во компанијата. Алекс е добар фотограф, но не заработува многу. Ако работи овде барем ќе има фиксна плата. Можеш ли да направиш нешто за него, те молам?

–       Не можам да ти ветам ништо, ќерко. Прво сакам да го запознаам подобро. Покани го на вечера дома.

–       Ти благодарам, тате. Сигурна сум дека ќе ти се допадне.

 

 

 

Агата не можеше да биде мирна. Детективскиот дух во неа не ја држеше на место, па од Марта го побара клучот од собата на Софија. Се искачи по теснит ескали кои водеа до таванот. Во тоа крило од куќата тоа беше единствена соба. Го стави клучот во бравата и по две вртења вратата се отвори. И падна чудно што така лесноотвори брава недопрена петнаесет години. Влезе во собата која беше е дна од најголемите спални соби во вилата. Низ косите прозорци и преку тешките педиња влегуваа сончевите краци. Агата остана со широко отворени очи. Нешто не беше во ред во таа соба. Погледна околу. Креветот беше разместен како да спиел некој на него, а постелнината мирисаше на свежо променета. Во вазите имаше цвеќе од градината, а на наткасната стоеше послужавник со остатоци од храна и шоља со црно кафе. Ниту прашина, ниту молци, ништо не покажуваше дека собата била заклучена толку години.

На креветот стоеше и стар весник со датум 22 септември, 2000 г.

–       Денот кога се самоуби Софија, – изусти Агата држејки го весникот во раце.

 

 

 

 

 

 

Enseñame a Volar

Научиме да летам

#36то продолжение

 

 

Себастијан седна наспроти Исадора во замаглената просторија во нејзиниот стан. Таа ја стави марамата преку глава и ги распостели своите тарот карти на масичката.

–       Гледам дека имаш многу непријатели…

–       Точно е, – потврди тој, гледајки ја право во очи. Како да сакаше да ја хипнотизира со својот шарм. – Но, да бидам искрен не дојдов овде за да ми гледаш на карти, – додаде нежно вадејки ја марамата од нејзината коса. Откако свилената марама падна на подот, Себастијан ја извади и шнолата која ја држеше нејзината црвенкаста коса.

Исадора не одговори ништо. Само го чекаше неговиот следен покрет. Слушна како ѕвони телефонот, но не стана да одговори. Се вклучи телефонската секретарка.

–       Исадора, – се слушна гласот на Емператриз од другата страна на линијата. – Дали си тука? Ми треба да те видам! Јави ми се кога ќе можеш.

Себастијан беше сигурен дека тоа е гласот на Емператриз. Продолжи со својата игра. Ја милуваше косата на видовитата која ужиаше во секој допир на страсниот и згоден маж.

–       Вие сте нетипичен клиент.

–       Секако дека сум нетипичен, пред се бидејки не сум клиент. Не знам дали се сеќаваш, но те видов на вереничката забава во вилата на Ламас. Беше гостинка како и јас.

–       Уште тогаш ми се допадна и не знаев како да те исконтактирам. Ти си преубава жена, Исадора. Навистина не знам зошто се занимавш со нешто вакво..спиритуално.

–       Не ти верувам. Оди си! Оди си  бидејки не сакам лажговци  а уште помалку сакам да бидам прелажана. Не знам со која цел си тука, но сигурна сум бидејки те интересирам како жена.

–       Не знам зошто мислиш така, но во ред. Ја почитувам твојата одлука и ќе си одам. Ако сакаш да ме видиш, ова е мојот број, – и рече на крајот пред да го напушти станот, оставајки и го својот број на ливче со лажно име – Серхио.

Само што направи чекор да излезе од станот, се огласи ѕвоното на вратата и Исадора застана пред него. Погледна низ шпионката и го виде Алекс од другата страна на вратата. Со мимика му даде знак на Себастијан да молчи. Алекс продолжи упорно да ѕвони.

–       Што е проблемот? Зошто не смееш да отвориш?

–       Шшш…

Алекс се помири со идејата дека Исадора не е дома. Зеде ливче хартија и со пенкало запиша нешто и го турна ливчето под прагот на вратата. Исадора го зеде ливчето и го стави на наткасната.

–       Извини за ситуацијата, но не сакам да знаат дека сум дома.

–       Нема проблем. Сакаш да си одам сега или се предомисли? Можеби сакаш да те однесам на кафе?, – тој продолжи да ја игра својата игра.

–       Во ред…Дај ми само минута да се освежам и ќе одиме, – рече Исадора и се упати кон бањата.

 

Себастијан задволно се намсевна.

 

 

Кога падна ноќта, Рафаел ја извести својата сестра Агата дека Луз ќе го донесе своето момче на вечера во куќата. Си наточи коњак во мини барот и пријде до двоседот каде што седеше неговата сестра.

–       Луз никогаш не донела ниту едно момче да го запознаеме. Не би ме изненадило ако овој пат е решена и да се омажи.

–       Некогаш ќе го направи и тоа, – се надоврза Агата пивнувајки од коктелот кој го држеше в рака.

Следејки ја и Рафаел повлече голтка од својот пијалок. Се загледа длабоко во својата сестра и забележа нешто чудно во нејзиното однесување.

–       Што се сучува, Агата?

–       Ништо, зошто прашуваш?

–       Секогаш си некако замислена, но денес…

–       Само ме боли главата и малку сум изморена, – одговори Агата не сакајки да спомне за откритето во собата на таванот. Не додека не открие кој стој зад тоа.

Во тој момент се огласи ѕвоното од предната врата и Марта потрча да отвори.

–       Добро вечер, – ведро ги поздрави Луз низ широка насмевка поздравјувајки се својот татко и тетка.

–       Не ми кажувај дека дојде сама, а баш сакав да го запознаам Алекс, – забележа Агата.

–       Ми се јави дека малку ќе доцни, имал раота, но секако дека ќе дојде и ќе го запознаеш.

–       Дали да ја поставам масата?, – праша Марта од страна.

–       Не, Марта, ќе почекаме да се комплетираме,- и одговори Рафаел.

 

 

Себастијан и Исадора седнаа во најблискиот паб. Беа послужени со кригли пиво и кикиритки. Себастијан постојано ја гледаше прашувајки се каква е нејзината поврзаност со целата ситуација која ја истражуваше.

–       Зошто не ми кажеш нешто повеќе за себе?

–       Мојата животна приказна не е толку фамозна, Серхио, – му се обрати со лажното име кое тој и го даде.  – Со години се гледав со еден тип и кога го фатив како ме изневерува морав да си најдам интерес кој ќе ми ги засени мислите за него.

–       И така почна да се занимаваш со вуду и магија?

–       Така некако. Ми се допаѓа идејата да продавам илузии. Те разочарав?

–       Не, воопшто. Јас не многу верувам во она што луѓето како тебе го работат. Сакав да те прашам за жената која ти се јави додека бевме во станот. Страшно ми дојде познат нејзиниот глас. Се работи за Емператриз Ламас, зарем не?

–       Да, таа е моја верна клиентка, – нервозно одговори Исадора добивајки ја криглата со пиво. Себастијан и понуди нова тура, па откако гатачката се сложи порача од келнерот да ја дополни криглата. – Но, доста зборуваме за мене. Кажи ми нешто за себе, Серхио. Со што ти се занимаваш?

–       Со што се занимавам, – скептично се насмевна. – Од се по малку. Но, јас не сум човек кој сака да зборува за себе. Како ти оди тебе бизнисот? Како се рекламираш? Објавуваш огласи, те препорачуваат клиенти…

–       Така некако. Но, мислам дека сум добра во работата бидејки сум добар психолог. Знам што сакаат луѓето да чујат. Твојата познаничка Емператриз на пример. Таа секогаш сака да го чуе она што мислам дека сака да го чуе. Затоа и ми е најверен клиент. Затоа и го кажувам она што сака да го чуе.

–       И што сака да чуе?

–       Тоа е професионална тајна.

–       Во ред. Што помисли кога ме виде мене? Што мислеше дека сакам да чујам?

–       Искрено, немав претстава. Бидејки не си типичен клиент.

–       Забележав дека се преплаши кога ти ѕвонеа на вратата. Кој беше?

–       Извини, Серхио, но не сакам да зборувам за тоа.

–       Во ред, извини што прашав. Не сакам да те присилувам на ништо. И велиш дека се водиш по психологијата, им го кажуваш на луѓето она што сакаат тие да го слушнат? Зарем никогаш си немала визија?

–       Само еднаш, – одговори Исадора. – Бев на една приватна забава, веридба, баш во куќата на Емператриз. Доживева визија за невестата и кога и го кажав тоа, девојката се онесвести. Беше неочекувано. И јас се исплашив како и самата девојка. Ми ја даде раката како сите други, и одеднаш…Нешто се случи. Во мојата визија видов крв на ѕидовите. Жена со крвави раце која врескаше. Видов када полна со крв. Видов лудило. Смрт.

–       Лудило и смрт?

–       Да. Тогаш девојката се онесвести.

 

 

Кога се огласи ѕвоното на вратата во големата вила на фамилијата Уриостеги, Луз стана да отвори знаејки дека е Алекс.

–       Љубов моја, токму на време, – го пречека со срдечна и топла прегратка. – Дојди, те чекавме. Го познаваш мојот татко.

–       Дон Рафаел, како сте?, – срдечно го поздрави Алекс.

–       Одлично, момче. Благодарам. Кога сме веќе сите тука, да преминеме во трпезаријата. Агата веќе не чека за вечера.

–       Да одиме, – се согласи Алекс, земајки ја Луз под рака.

 

 

Вечерта а во трпезаријата на Уриостеги помина во најдобар ред. Агата само што заврши со раскажувањето на своите патописи низ светот, кога Алекса ја зеде раката на својата девојка и свечено погледна во Рафаел.

–       Дон Рафаел, сакам да ја искористам оваа прилика и да ја побарам раката на вашата ќерка Луз.

Рафаел и Агата изненадено погледнаа во момчето. Но, онаа која беше најмногу изненадена беше самата Луз, која остана со подотворена уста од просидбата.

–       Луз, знам дека се понаваме кратко, но времето кое го поминав со тебе ме натера да сфатам дека ти си мојата втора половина. Жената со која сакам да го поминам остатокот од животот. Ако твојот татко се согласи, сакам да бидеш моја сопруга, – додаде Алекс вадејки кутија на чие плишано тло лежеше прстен.

–       Да, – низ солзи радосници ликуваше Луз.

–       Никогаш во животот не сум ја видел мојата помала ќерка волку среќна, – се надоврза Рафаел. – Самото тоа што ти си првото момче кое го донелеа дома кажува многу. Сите нејзини претхдни врски беа со музучари, гитариси, уметници…

–       Тато, – го прекори Луз. – Мислам дека не е време да зборуваме за моите претходни врски.

–       Она што сакав да го речам е дека ми се допаѓа твојот избраник Луз. И секако дека ја прифаќам твојата понуда да бидеш мој зет.

–       Честитки, мила, – рече Агата подигнувајки ја чашата со вино кон својата внука.

–       Сега, јас сакам да ве замолам нешто, – додаде Рафаел. – Оваа куќа е премногу голема како што знаете. Мерседес, мајка ти, не е добра и долго време сакам да ја однесам во специјална установа, во санаториум каде што ќе се грижат за неа.

–       Тато, – се натажи Луз.

–       Дозволи ми да завршам, ќерко. Како што реков куќата е преголема, а кога тогаш Агата ќе се врати во Франција. И јас сакам да ви понудам да се пресеилите да живеете овде откако ќе се венчате. Што велите?

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!