#37мо продолжение
Понудата да живеат во семејната куќа ја трогна Луз. Држејки го својот нов вереник за рака, погледна во својот татко и го праша дали е сериозен во намерата.
-
Да, ќерко, – потврди Рафаел. – Пред да умрам сакам да ја видам оваа куќа како живее. Сакам да ги видам прозорците отворени а градината полна со џагорот на моите внуци. Со години оваа куќа е мртва и тивка. Со години и недостасува врева и џагор.
-
Рафаел е во право, – го подржа неговата постара сестра.
-
Што велиш на идејата, Алекс?, – го праша Луз.
-
Не знам што да речам. Не го очекував ова. Но, да бидам искрен би бил пресреќен доколку ги исполниме соништата на дон Рафаел.
Следното утро, Роси излезе во градината да ги собере остатоците од појадокот кој ги оставија зад себе Емператриз и Мануел, кога почувствува силна прегратка на добро познати раце на својата половина.
-
Роси…Росита, – тивко дошепна Гато изговарајки го нејзиното име.
-
Гато? Каква е оваа лудост? Што бараш ти овде? Ако те види некој…
-
Немај гајле, Роси. Не дојдов сам. Ме доведе дон Себастијан.
-
Како тоа те довел дон Себастијан, Гато?
-
Да, Роси. Работам за него. Ми најде познат адвокат да ме брани.
-
Сепак никој не смее да те види во оваа куќа…
-
Немај гајле. Чекавме на аголот сите да излезат за да влеземе.
-
Сигурно ли си добар? Не знаеш колку те мислев, Гато.
-
Биди мирна најмила моја, – ја тешеше Гато земајки ја во прегратка. – Кога твојот Гато ти вели дека се е во ред, значи дека се е во ред.
Себастијан крадешкум влезе во библиотеката на својот татко. Го искористи просторот да влезе откако Пандора ја извести Инес дека ќе излезе да пазари. Ја затвори тешката махагони врата зад себе. Мирисот на дрво и стари книги му врати непријатни ситуации кои се случија во таа просторија. Сеуште се сеќаваше на бесниот поглед на својот татко кога го грабна со своите силни раце обвинувајки го дека спиел со Емператриз.
-
Никогаш повеќе да не слушнам дека си ја допрел мојата сопруга, дали сум јасен?! Никогаш повеќе! Излегувај! Оди си од мојава куќа и не се враќај повеќе! Никогаш!
-
Да, ќе си одам!, – гневно му возврати Себастијан тогаш. – Си одам! Смачено ми е од тебе и твојата препотенција! Свесен си дека никој не те сака бидејки само даваш наредби?
-
Оди си!
-
Да, си одам!
-
Оди си бидејки не сакам никогаш повеќе да те видам!
-
Не бери гајле, никогаш повеќе нема да ме видиш!
Себастијан се врати во реланоста со солзи во очите. Поминаа многу години кога повторно го виде својот татко по тој немил инцидент. Дури сега сфаќаше колку цело време бил под влијание на својата манипулативна сопруга.
Пријде до полиците на библиотеката и го побара сефот кој со години стоеше на истото место. Го внесе кодот кој исто така останал непроменет. Беше датата на неговото раѓање. Сефот беше практично празен, освен неколку писма заврзани во коноп кои лежеа на дното. Беа телеграми пратени од Шпанија. На нив стоеше име Вероника Монтемар.
Агата не можеше никако да си ја задоволи својата љубопитност. Повторно се искачи на највисокиот кат од вилата и ја отклучи собата на покојната Софија. Креветот беше беспрекорно наместен, а вазата со цвеќе беше променета. Без сомнеж некој живее во таа соба, помисли Агата пред да почне да ги отвара фиоките од наткасната. Било каков доказ можеше да ја доведе на трага. Но, Агата не насети дека не е сама во просторијата. Одеднаш само почувствува силен удар од тап предмет по тилот и падна онесвестена на подот.
Себастијан ја напушти семејната куќа уште побесен од претходно. Дури и погневен од онаа вечер кога татко му го истера од дома, оставајки го на улица. Мораше да го види својот татко. Му плати такси на Гато да се врати назад во хангарот и се упати кон болницата.
Лусијано сеуште безпомошно лежеше на креветот воприватната болничка соба, аврзан за апарати кои го одржуваа во живот.
-
Јас уште те сожалувам, – проговори низ притиснати заби. – Ти ја простив препотентноста, навредите, се…Но, ова нема да ти го простам никогаш! Да криеш од мене дека имам ќерка? Кој родител е способен за такво нешто? Како можешр да го игнорираш постоењето на мојата ќерка која растела без родители? Никогаш нема да ти го простам ова,татко. Никогаш! Сега со сигурност те мразам, – додаде гневно и ја напушти болничката соба.
Веднаш по неговото заминување, во собата влезе болничарката која на ндевно ниво ја водеше состојбата на пациентот. Додека на картонот го водеше куцањето на срцето и пулсот, забележа нешто интригантно на мониторот. Пулост од секунда во секунда стануваше се позабрзан, како кај човек кој е во нормална физичка состојба.
Болничарката забележа како пациентот ги отвори очите. Го остави картонот на масичката и истрча од собата довикувајки го докторот Сантибањез.
Во овалната калцеларија на Фалкон започна неделниот состанок помеѓу Емператриз, Мануел, Каталина и татко и. Недостасуваше само Себастијан, но Мануел инсистиираше да започнат без присуството на неговиот брат.
-
Секако дека не одбивам нашите летови да имаат максимална сигурност, – беше тезата на Емператриз откако Рафаел ја наметна темата на Себастијан. – Но, сметам дека…
Излагањето на Емператриз беше прекинато кога заѕвоне телефонот пред Мануел.
-
Кажи, Габи.
-
Мануел, те бараат од клиниката. Велат дека е итно.
Мануел погледна во Каталина која седеше до него и го зеде за рака. Емператриз ги зарини своите нокти во кожната фотеља, додека Рафаел нервозно почна да шета низ просторијата.
-
Ало, овде Мануел. Повелете, докторе Сантибањез. Кога? Доаѓам веднаш, – додаде отсечно и ја прекина линијата.
Сите погледи беа вперени во него. Сите го очекуваа најлошото. Дека Лусијано Ламас е мртов.
-
Тато излегол од кома.
Агата се разбуди со силна главоболка во задниот дел од главата. И се вртеше собата на Софија околу во круг. До неа допираше музика а не знаеше од каде. Го подигна погледот и музичката кутија на бирото беше отворена а балерината вртеше во круг.
Хисела слезе од такџи пред зградата на компанијата Фалкон, го плати таксистот и ставајки го ранецот преку рамениците се упати кон лифтот.
-
Ми треба господинот Себастијан Ламас, – и рече на Ева која седеше зад бирото на рецепција.
-
Не е тука, – одговори Габи скептично гледајки во малечката.
-
Тогаш ќе го почекам.
-
Не верувам дека денес ќе се врати. Кој го барал да му пренесам?
-
Ќе се вратам подоцна, благодарам.
Во меѓувреме, Каталина заврши со работните обврски. Погледна во телефонот. Сеуште немаше вести од Мануел за состојбата на неговиот татко. Ја зеде чантата и ја напушти својата канцеларија. Во лифтот се најде со малечкото девојче со црвена коса. И се насмевна. Кога излегоа од лифтот, Хисела се упати кон такси станицата, а Каталина кон својот автомобил. Чекорејки, насети дека некој ја следи. Се заврте и сфати дека интуицијата не ја лаже. Еден крупен човек во средни години, прокелав одеше зад неа. Каталина направи неколку побрзи чекори и ја претрча улицата во моментот кога Хисела влегуваше во такси возилото. Ја отвори задната врата од автомобилот и седна до девојчето.
-
Возете веднаш, – му нареди на таксистот чуствувајки дека срцето ќе и излезе од градите. – Некој ме следи, – му дошепна на црвенокосото девојче.
-
Луѓето би направиле се за гратис озење, – иронично и мирно забележа Хисела.
-
Ќе ти платам дупло, не бери гајле.
-
Каде одиме?, – праша таксистото возејки по улицата.
-
Поланко, – одговори Хисела.
-
Ломас де Сан Анхел, – истовремено одговори и Каталина.
Емператриз и Мануел ја отворија вратата од болничката соба на Лусијано. Големиот магнат седеше на креветот со грбот потпрен на две перници. Гледаше во својата сопруга и син кои исплашено му се смешкаа.
-
Емператриз и Мануел…конечно. луѓето овде не можат да сфатат колку ми треба цигара.
-
Мислам дека не е добра идеја да пушиш, татко, – рече Мануел приоѓајки му.
-
Не можам да поверувам, Лусијано, – ликуваше Емператриз.
-
Ми рекоа дека сум бил на прагот на смртта, – рече Лусијано земајки од кутијата цигари на Мануел. – Пет недели во кома. Како стојат работите во Фалкон?, – праша палејки ја цигарата. Го повлече првиот дим уживајки во чадот кој ги полнеше неговите дробови.
-
Се е во најдобар ред, – одговори Мануел на неговото прашање.
-
Сметам дека ова не е најдобар момент да зборуваме за работа. Докторот рече да не те оптоваруваме.
-
Алваро не знае ништо. Морам да се вратам назад да видам дали се е под контрола.
Во тој миг во собата влезе долгогодишниот пријател и доктор на Лусијано.
-
Емператриз, Мануел, истече времето за посета. Пушиш, Ламас?, – го праша со прекор во гласот.
-
Пушам, Сантибањез. Пушам. Сакам уште денес да излезам одовде. И прво нешто што ќе направам кога ќе дојдам дома ќе запалам пура.