Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #043 & 044

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #043 & 044

#43то продолжение

 

 

            По сознанието дека татко и е исчезнат, Каталина го извести Мануел дека го прекинуват викендот и дека веднаш мораат да се вратат во Мексико Сити.

–       Не ми се верува, – беснееше Мануел на ваквата одлука на неговата вереница. – Десет пати ти реков да го исклучиш телефонот. Ти реков или не?

–       Не ми се верува колку себичен можеш да бидеш…

–       Јас себичен? Татко ми само што се врати дома, по шест недели во кома. Не поминав ниту еден ден со него за да бидам со тебе на овој викенд на кој се сети во последен момент.

–       Во ред, остани! Никој не бара од тебе да се вратиш. Дај ми ги клучевите од атомобилот и ќе се вратам сама.

–       Почекај…

–       Немам што да чекам! Татко ми е исчезнат. Го нема повеќе од 24 часа. Јас си одам и не ми е важно што ти мислиш за тоа.

–       Извини, Ката…

–       Не, немам што да типростам. Дај ми ги клучевите, си одам.

–       Те молам прости ми што бев себичен, – ја замоли Мануел земајки ја во прегратка. – Смири се, љубв моја. Татко ти е сигурно добар. Не ми се лути…

–       Не се лутам само не сакам да губам време.

–       Во ред, одиме.

 

 

Лусијано уживаше во зајдисонцето во градината кога мирот го прекина ѕвонење на телефонот на масата.

–       Дали зборувам со Лусијано Ламас?, – слушна детски глас од другата страна на линијата.

–       Да. Со кого зборувам?

–       Овде е твојата внука. Хисела. Ти се јавувам само да знаеш дека ништо од она што го имаш направено, не успеа да ме раздели од мојот татко!, – гневно додаде девојчето и ја прекина линијата.

 

 

Беше приквечерина кога Алекс го сопре својот автомобил пред мостот на една надојдена река. Излезе од возилото и го отвори гепекот каде што во чаршав беше замотано безживотното тело на Рафал Уриостеги. Го извлече трупот од телото и внимателно погледна околу себе. Го довлече до брегот на реката и го пушти во водата. Откако се увери дека трупот потона во надојдената вода, се извлече од калта и се врати назад во својот автомобил. Во тој момент му заѕвоне мобилниот телефон.

–       Ало? Да, проблемот е решен, работата е завршена.

–       Одлично, – ликуваше Дијана од другата страна на линијата. – Исконтактирај се со нив, сакам да знам кој им е следниот потег.

Ја прекина линијата, ги стави темните очила за сонце и марама преку главата и ја напушти вилата во Куернавака.

 

           

            Чекањето беше неиздржливо за Луз и Агата кои чекаа новости до доцна во канцелариите на Фалкон.

–       Сакате ли нешто?, – ги праша секретарката.

–       Не, Ева благодарам, – отсутно рече Агата, слушајки како некој ја отвара вратата. Ледниот миг во канцеларијата влегоа Каталина и Мануел.

–       Има ли новости?, – праша Каталина во еден здив, фрлајки се во прегратката на сојата сестра.

–       Мирна, Ката, – ја тешеше тетка и. – Штом нема вест, значи нема лоши вести.

–       Истото и го велам и јас Агата, – се замеша Мануел.

 

 

Наредното утро, Емператриз влезе во собата на својот сопруг да го извести за исезнувањето на Рафаел. Но, Лусијано како да не ја слушаше својата сопруга. Потпрен на прозорецот, гледаше во далечина додека Емператриз како тигрица вртеше околу него.

–       Не ме слушаш, Лусијано.

–       Да, те слушам.

–       Не, не ме слушаш! Јас ти кажувам што се случува, а ти отсутно гледаш низ прозорецот. Ти велам дека Рафаел е исчезнат и само бог знае дали е жив или не.

Лусијано продолжи да гледа преку прозорецот кога еден млад човек на свој триесети години, го сопре својот мотор пред влезната врата на вилата.

–       Кој е овој?

–       Тоа е Диего, – низ насмевка одговори Епертриз, гледајки во мускулестото момче низ прозорецот.

–       Кој е Диего?

–       Мојот нов личен тренер, – одговори и излезе од собата.

 

 

Тоа утро, Мануел само што влезе во својата работна канцеларија во Фалкон кога секретарката му најави посета. За кратко, во неговата канцеларија влезе строен човек кој се претстави како командир Алаја.

–       Што можам да сторам за вас?

–       Морам да зборувам со вас, господине Ламас. Се работи за Рафаел Уриостеги.

 

 

Каталина не можеше да заспие цела вечер. Само замина дома да се преслече и истушира и утрото рано се враи назад во канцеларијата. Себастијан веќе и имаше оставено црно кафе без шекер на бирото, онакво каква што таа го сакаше.

–       Ти благодарам, –  му рече низ блага насемвка, иако загрижеонста не се повлекуваше од нејзиното убаво лице.

–       Смири  се, Каталина. Сигурен сум дека денес ќе има новости од татко ти.

–       Се плашам да мислам какви новости можам да добијам, – крикна Каталина не можејки да ги додржи солзите. – Можеби ти е тешко да поверуваш, но татко е добар човек…секогаш го сакал само најдоброто за мене и мојата сестра.

–       Знам,- рече Себастијан, земајки и ги рацете.

–       Се е моја вина. Секој пат кога ќе посакам да бидам среќна, секој пат кога ќе посакам да бидам слободна се случува трагедија.

–       За што зборуваш, Каталина?

–       За се. За смртта на мојата тетка Софија, за лудилото на мајка ми…Секој пат кога ќе посакам да бидам среќна, да порменм нешто…доаѓа до трагедија.

На Себастијан му беше тешко да ја разбере. Сакаше да ја праша што сакала да промени сега, но не се осмели. Не беше време.

–       Навистина веруваш дека сето тоа е твоја вина?, – ја праша.

–       Да, верувам.

–       Зборуваш бесмислици. Никој не треба да плати со сопствената среќа во животот. Не знам кој ти ги всадил тие идеи во глава, но не е вистина.

–       Кога би знаел…

–       Што кога би знаел?, – ја праша гледајки ја директно во очи.

–       Сношти сакав да му кажам на Мануел…Дека сакам да го оставам. Дека сакам да бидам слободна. Слободна како…

–       Како во џунглата?,- ја праша читајки ја меѓу редови.

–       Се сеќавам што зборувавме во комбито кое не однесе во градот. Сакам да знам дали уште се чувствуваш така, сакам да знам…

Нејзините зборови беа прекинати кога некој затропа на вратата од канцеларијата. Каталина ги избрша солзите и даде знак дека е слободно. Себастијан во меѓувреме се врати назад на своето биро.

Влезе Мануел и ја најде со солзи во очите. Ја затвори вратата зад себе и пријде до неа. Ги зеде двете нејзини раце и со сува уста изговори;

–       Љубов моја, мораш да бидеш силна. Го пронашле Рафаел задавен во река.

–       Неее, – како мало дете крикна Каталина паѓајки на коленици. Немаше сила повеќе да остане на нозе. Беше како птица со скршени крила.

 

 

Најблиските роднини, пријатели и соработници, два дена подоцна се збогуваа со Рафаел Уриел на приватните гробишта во Поланко.

–       Се собравме овде денес, да се збогуваме со нашиот брат Рафаел, – проповедаше отецот, додека Луз бараше утеха во прегратките на Алекс, кој преку темните очила гледаше во Дијана.

Себастијан гледаше во Каталина, која скршена стоеше потрпена во прегратките на Мануел, а Лусијано ја тешеше Агата.

–       Дали Рафаел оставил тестамент,- Емператриз го праша адвокатот Салас кој стоеше до неа.

–       Закажано е читање утре на пладне во Фалкон, – и дошепна адвокатот.

Кога дрвениот сандак беше спуштен во земја, жените и блиските ги фрлија своите рози врз резбаното дрво. Во ослзи и прегратки за последен пат го испратија својот татко, брат, соработник и пријател.

 

 

            Кога погребната церемонија заврши, и присутните се разотидоа кон своите автомобили, Емператриз пријде до Мануел со барање да разговара со него.

–       Мора да биде сега?, – дрско ја праша Мануел не можејки да го разбере барањето на својата маќеа.

–       Да, колку порано, толку подобро.

–       Да ја оставам Каталина во автомобилот прво.

 

***

 

–       Се чувствувам помалку виновна, Лусијано, – Агата му призна на својот пријател и долгогодишен соработник. – Знам дека Рафаел беше слабак и не требаше да гооставам со толку многу обврски и задачи.

–       Ништо во животот не е многу, Агата. Секој човек си е сносител на своите задачи.

 

***

 

–       Кутриот господин Уриостеги, – секретарката Ева и се пожали на колешката од финансии додека одеа кон автомобилот.

–       Да, кутриот. Не личеше на човек кој би извршил самоубиство.

–       Кога би знаела што наумил кога замина порано она попладне кога последен пат го ввидов, – виздивна Ева.

 

***

–       Дали си подобра?,  – Себастијан ја праша Луз пред да влезе во автомобилот со својот вереник.

–       Да, благодарам. Претешки беа дновите зад мене. Но, сега кога знам дека е мирен и спокоен…Баш му кажував на Алекс колку ми помогна и колку беше со мене кога најмногу ми требаше. Ти благодарам од срце, Себастијан.

–       И јас ти благодарам во името на Луз и целата фамилија, – додаде Алекс, поздравувајки го.

–       Нема за што да ми заблагодарувате. Пријатно.

 

***

 

–       Не знам дали е паметно да и кажеме на Мерседес за смртта на дон Рафаел, – Дијана и спомна на Агата додека излегуваа од дворот на гробиштата.

–       Ќе видиме, мила. Висенте Алкасар е со неа во моментов. Тој ќе процени.

 

***

 

–       Зарем ова не е еден од моделите кои ги купи кога мислеше дека ќе останеш вдовица?, – Мануел иронично ја праша својата маќеа кога пријде до неа под сводот на дрвореди близу гробиштата.

–       Не биди идиот.

–       Што беше толку итно што сакаш да зборуваш со мене?

–       Сакам да те прашам дали си свесен дека Рафаел не се самоубил како што сите мислат? И дали си свесен дека јас и ти сме следните на таргет?

 

 

 

 

#44то продолжение

 

 

            Себастијан најде соодветно време за да пријде до Каталина. Неговиот братнастрана разговараше со Емператриз, па го искористи моментот и пријде до неа.

–       Како си?, – ја праша со глас полн емпатија.

Таа не одговори. Нејизниот меланхоличен поглед беше одговорот. Беше исцрпена, очите и беа пропаднати а кожата и беше бледа. Себастијан ја помилува по лицето, па низ длабока воздишка го изговори нејзиното име.

–       Логично е да бидеш тажна, Каталина, но не сакам да мислиш дека ова е до тебе како што ми рече оној ден. Не постој лоша карма. Вети ми дека ќе се бориш против тоа.

Таа остана да молчи. Делуваше како да лебди во просторот. Себастијан сфати дека е под дејство на лекови, па ја праша колку таблети испила.

–       Утрово испив две…или три. Мислам…

–       Мислиш?

–       Да. Ми ги даде Мануел и не видов.

–       А сношти колку испи? Колку таблети испи откако дозна дека Рафаел е мртов, Каталина?

–       Добро ми делуваат, ме смируваат…

–       Така ти вели Мануел? Дека таблетите ти годат? Каталина, те молам вети ми декаа повеќе нема да пиеш таблети. Ти си силна жена и можеш без нив.

–       Не можам.

–       Да можеш. Ова не си ти. Ти си многу посилна од ова.

–       Прости ми што се задржав, љубов моја, – одеднаш до нив допре гласот на Мануел, приоѓајки до автомобилот кој беше паркиран под дебелиот храст на гробиштата. – Ти благодарам, Себастијан што ми ја чуваше. Сакаш да те префрлиме до некаде?

–       Не, со моторот сум. Мануел, те молам дојди малку, – додаде Себастијан и го повлече помладиот брат на страна.

–       Што е?

–       Не гледаш ли каква е Каталина? Потиштена…

–       Логично. Само што го закопа татко и. Каква да биде? Ти благодарам на грижата, но дозволи ми да те потсетам дека јас сум нејзин вереник и јас најдобро знам што со неа.

Себастијан само без збор се заврте и го напушти дворот на гробиштата.

 

 

Попладенто Емператриз го имаш првиот тренинг со својот личен тренер. Тренингот беше трчање во природа, па по кратко, Емператриз се замори, па го замоли да одморат на купата во паркот. Додека пиеше вода, Диего, личниот тренер го провери часовникот на раката кој и го мереше пулсот.

–       Педест и три отчукувања во минута.

–       А твојот?, – љубопитно го праша таа.

–       Осумдесет и седум, – одговори тој, гледајки на својот мерач.

–       Како успеваш?

–       Секојдневни вежби. Те боли нешто?, – ја праша гледајки ја како се превиткува.

–       Да, левата нога. Овде…

–       Дозволи ми да видам, – рече Диего, земајки ја нејзината нога врз својата. – Сигурно не е ништо само затегнат мускул.

Додека Диего и ја масираше ногата, Емператриз полека доаѓаше при себе. Не можеше да го отргне погледот од тоа убаво лице, ттие силни машки раце и цврсти гради.

 

 

            По погребот, Агата, Луз и Алекс се вратија на кафе во вилата, кога по кратко низ скалите слезе Дијана носејки ги своите работи со себе.

–       Се збогував со Мерседес, – и објасни на Агата. – Мирно го прифати тоа дека нема повеќе да работам со неа.

–       Си одите?, – изненадено ја праша Луз.

–       Да, – потврди Дијана. – Најдов работа во една приватна клиника. Требаше да започнам вчера, но со околностите…

–       Но, зошто? Мама Ве обожава. Ако е за платата…

–       Не, мила, – се замеша Агата. – Татко ти ја отпушти бидејки сакаше да ја однесе Мерседес во институција.

–       Во никој случај!, – бурно изреагира Луз. – Нема да ја затворам мајка ми во некоја ментална институција.

–       Дијана, не можеш ли да останеш?, – ја замоли Агата.

–       Извинете што се мешам, – рече Алекс. – Но од она што ми го има кажувано Луз колку Мерседес е научена на вас, мисла дека е најдобро да останете.

–       Остани со нас, ќерко, – уште еднаш повтори Агата.

–       Во ред, – низ насмевка прифати Дијана. – Ќе останам.

 

 

Наредното утро, Себастијан работеше на папирологијата врз своето биро ког влезе Каталина. Ја погледна изненандено бидјеки не очекуваше да ја види толку скоро на работа.

–       Од каде ти овде?

–       Денес се чита тестаментот на татко ми, морам да бидам тука.

–       Сосема изумив на тоа. Како си?

–       Добра сум. Себастијан, јас не верувам дека татко ми се самоубил како што велат сите. Мислам дека е убиен и сигурна сум дека ти го делиш тоа мислење.

Себастијан длабоко воздивна па стана од своето биро и пријде до неа.

–       Не знам колку си подготвена да го слушнеш моето мислење..

–       Сум, – концизно одговори Каталина.

–       Во оваа компанија има некој што константо врши саботажи врз одредени нешта. Како што беше саботажата со авионот во кој летавме јас и ти. Моите сомнежи се дека татко ти ја извршил таа саботажа.

–       Како?, – крикна Каталина во недоверба.

–       Сигурен сум дека сите овие години, Рафаел крадел од фирмата, вршел саботажи и правел нечесни работи.

–       Не, не е можно, – Каталина вртеше со главата.

–       Ти ме замоли да ти ја кажам вистината, епа ова е вистината. Ноќта на твојата веридба, Рафаел правеше заговор со Емператриз да се ослободат од татко ми.

–       Што? Не е можно. Татко ми не беше таков…

–       За жал тоа е вистината, Каталина. Додека ти и Мануел дававте збор, некој влегол во библиотеката со цел да го убие татко ми.

–       Не, не ми зборувај така! Лажеш!, – Каталина не можеше да ги задржи солзите.

–       Смири се, смири се, – ја тешеше тој, ставајки ги своите раце околк нејзината глава. Со усни ги собираше нејзините солзи се додека неговите бакнежи не завршија преку нејзините усни.

Каталина не даде отпор во ниту еден момент. Напротив, комплетно и со целосна страст му возврати на бакнежот како и на прегратките. Тој бакнеж како да беше утеха за се што преживеа во последно време. Беше толку сладок и очекуван што го прими како награда во тој момент. Награда за сите непреспани ноќи, за сите часови минати мислејки на него.

–       Те љубам, – му призна опиена од страст. Зеде здив и пролжи да го бакнува со истиот интензитет.

–       И јас те љубам тебе, малечка.

–       Те љубам. Те засакав откако прв пат те видов во авионот.

–       Јас те љубев и те презирав во исто време, – и призна тој држејки ја силно во својата прегратка.

Двајцата како да се исклучија од реалноста. Како д заборавија каде се. Во тој миг најважни беа нивните чувства.

–       Се заљубив во твојата храброст. Во твојата сила и слабост истовремено, – и дошепнуваше не престанувајки да ја љуби. Те презирав кога дознав дека му припаѓаш на друг. Те презирав. Не можеме повеќе да се залажуваме себе ни брат ми. Мораме да бидеме искрени со себе и искрени со него.

–       Не можам да лажам повеќе. Не можам да ги кријам повеќе овие чувства. Те љубам! Те љубам, те љубам…, – во занеш повторуваше опиена од неговите допири, акнежи, од мирисот на неговата кожа, од влажноста на неговиот јазик.

–       Кога сум со тебе се чувствувам безбедно. Те љубам бидејки покрај тебе се чувствувам слободна и зошто имам доверба. Доверба каква што никогаш сум немала во Мануел. Те љубам! Ќе зборувам со Мануел уште сега. Ќе ја раскина нашата веридба и ќе му кажам дека љубам друг.

–       Застани, сакам јас да му кажам.

Каталина само што направи чекор кон вратата кога во канцеларијата влезе Мануел.

–       Здраво, љубов моја. Во конференциска се адвокатот и тетка ти.

–       Во ред, – рече Каталина и се упати кон салата кога го слушна гласот на Сеастијан како му се обраќа на својот брат.

–       Мануел, по читањето на тестаментот сакам да зборувам со тебе. Се работи за нешто многу важно.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!