#45то продолжение
На читањето на тестаментот на Рафаел Уриостеги во конференциската сала во Фалкон, покрај најблиските роднини, неговите ќерки, сестра, беа повикани и болничарката Дијана и собарката Марта на сечие изненадување.
– Мојот дом во Педрегал, станот во Поланко, вилата во Ваље дел Браво и имотот Охо де Агва, со услов да ја чуваат својата мајка на најдобар можен начин до денот на нејзината смрт, им ги оставам на моите сакани ќерки Каталина и Луз. Акциите кои ги имам од различни фирми и ги оставам на мојата сестра Агата Урисотеги де Фаберман. На ценетата болничарка на мојата сопруга, Дијана Миранда и оставам сума од 70.000 пезоси готовина. На вработената Марта Кастелано, поради верните услуги кон мојата фамилија изминативе седум години и оставам сума од 10.000 пезоси. Ова е мојата последна желба и тестамент. Рафаел Уриостеги, седумнаести октомври, 2011 година.
Кога адвокатот заврши со читање на тестаментот, погледна во присутните и додаде;
– Сакам да додадам уште нешто што верувам дека ќе Ве изненади како што ме изненади и мене. Сношти зборував со директорот на банката каде што покојниот беше клиент изминатите години и дознав дека Рафаел Урисотеги го поседува само имотот во Педрегал каде што живееше со својата сопруга изминатите дваесет и осум години.
Ваквото сознание предизвика шок кај присутните.
– Се друго е земено од банката како долг кон неплатена хипотека.
Во меѓувреме, младиот психолог Висенте имаше уште една сеанса со Мерседес Уриостеги во нејзината соба. Нејзиниот комплексен случај беше предизвик за неговата бранша.
– За што зборувавме пред да ви донесам лекови, Мерседес?
– Од толку многу лекови имам проблеми во желудникот, – искрено му призна таа, пиејки ја дневната доза лекови кои и ги остави Дијана пред да оди на читањето на тестаментот.
– Зборувавме за Дијана. На крајот сепак одлучи да остане.
– Мислам дека не, – додаде Висенте отворајки го прозорецот за да проструи воздух во собата. – Мислам дека зборувавме за вашата сестра, Софија.
Одеднаш Мерседес доби напад на силна главоболка и почна да се жали на глас држејки ги слепоочниците.
– Смирете се, Мерседес. Смирете се. Кажете ми каде ги чуваат лековите и веднаш ќе ви донесам апче за глава.
– Мислам дека Дијана ги чува во орманот во бањата.
– Веднаш се враќам, – рече психологот и ја напушти собата.
По завршувањето на читањето на тестаментот, Дијана и Алекс се упатија кон блиската кафетрија каде што ги сумираа впечатоците од претпладнето.
– Ти беше забавно?,- иронично ја праша тој.
– Ми оставил пари кои ги нема. Имбецил, – нервозно рече Дијана. – И малку му беше таква смрт.
– Самоубиство, драга. Не заборавај дека Рафаел си го одзема животот. Тоа е приказната за светот и за нас.
– И сега? Што е следно? Што бараат од нас? Кого треба да убиеме по Исадора и Рафаел?
Кога Висенте се врати назад во собата со апчињата за Мерседес, собата ја затече празна. Излезе во ходникот и почна да ја довикува, барајки ја низ собите на катот. Бидејки не ја најде никаде, се упати кон скалите кои водеа кон долниот спрат. Одеднаш до него допре гласот на Мерседес.
– Рафаел е мртов! Ја дочека казната која му следуваше!
Додека Висенте да се заврти, Мерседес со сета сила го турна по скалите.
Каталина не можеше да продолжи со тековните обврски во работниот ден. Секој агол во таа зграда ја потсетуваше на нејзиниот татко со кого работеше пет години. Влезе во неговата канцеларија и седна на неговото биро. Солзите сами течеа по нејзиното лице. На бирото стоеа две врамени фотографии. Едната од Рафаел и Мерседес како млади, а другата сликана неодамна, на денот на веридбата заедно со неа и Луз. Ја зеде рамката в раце и плачејки ја принесе до градите. Она што и падна чудно беше тоа што задното тло на рамката од фотографијата беше отворен. А во делот помеѓу оквирот и фотографијата се криеше писмо. Катаина ја стави косата зад увото и почна да ги чита редовите рачно напишани со ракописот на нејзиниот татко, кој добро го познаваше.
– За моите ќерки, Каталина и Луз. За мојата сестра Агата. За моите пријатели. Ви должам објаснување за болката која ја чувствувате во овој момент. Како и за причините кои ме доведоаа до оваа одлука…
Висенте успеа да застане на нозе по падот од скалите во вилата на Уриостеги. Држејки се за половината каде што чувствуваше болки, се качи повторно по скалите и влезе во собата на Мерседес каде што спокојно спиеше. Или барем изгледаше така. Беше збунет. Дали Мерседес е навистина луда или само изигрува жртва пред фамилијата? Дали е свесна и знае што се случува, како што знае за смртта на својот сопруг?
Измачуван од ваквите прашања, во собата влезе Агата.
– Дали е се во ред, Висенте?, – праша тивко за да не ја разбуди золвата.
– Агата…Добро е што дојдовте, има нешто што сакам да го споделам со Вас.
Агата направи чекор да влезе во собата, но во тој миг и заѕвоне телефонот во чантата. Беше нејзиниот издавач, па го замоли Висенте да зборуваат подоцна за темата.
Агата ја напушти собата а Висенте збунето погледна во Мерседес која спокојно спиеше. Беше ангел или демон, се запраша. Која беше нејзината мистерија?
Мирно поладне во станот на Себастијан и Фредо. Хисела си играше со Бак, додека Фредо готвеше во кујната барајки од девојчето да не трча со песот за да не креваат прашина.
– Ако не претанеш да трчаш, нема да добиеш ручек ниту ти ниту Бак!
Но, Хисела како да не обрнуваше внимание на зборовите на Фредо. Во тој миг во станот влезе Себастијан.
– Како сте фамилијо?
– Како што гледаш, – се пожали Фредо. – Цел ден перам, чистам, готвам а ќерка ти не крева ни прст.
– Хисела, – ја прекори Себастијан, кога во истиот момент му заѕвоне телефонот. На дисплејот беше испишано името на Каталина. Се упати кон својата соба за да зборува на само.
– Каталина…Како пројдовте? Те побарав на телефон но не ми одговори.
– Морам да те видам, – кратко му рече Каталина возејки кон дома. Солзи лиеа по нејзиното лице. – Што поскоро. Дојди најбрзо што можеш кај мене дома.
Сознанието за банкротот на Рафаел брзо се рашири и до фамилијата Ламас. За време на ручекот, Емператриз ја начна темата пред својот сопруг.
– Добро е што Агата не му дозволи на Рафаел да допре до нејзините акции. Кој знае која банка до сега ќе не земеше под хипотека.
– Вистина е, – мирно рече Лусијано. – Она што мене ме чуди е на кого му припаднаа тајните акции кои ги имаше Рафаел како директор?
– Рафаел имал тајни акции?, – праша Емператриз љубопитно.
– Да. Ако не ги заложил и тие под хипотека, имаме мистериозен акционер во Фалкон, – додаде Лусијано јадејки од супата.
Кога Дијана се врати назад во вилата на фамилијата Уриостеги, наиде на Агата и психијатарот Висенте во дневната просторија.
– Дијана, токму тебе те чеквме, – и рече Агата.- Висенте, те молам кажи и го на Дијана она што ми го кажа во доверба. Дијана е специјализирана за специјална психијатрија и верувам дека ќе разбере подобро од мене.
– За што се работи?, – праша Дијана, седнувајки на фотељата во дневанат просторија.
– И кажувава на Агата дека по мое мислење, Мерседес живее како поделена личност.
– Поделена личност?
– Да, – потврди Висенте. – Со други зборови ова е моја хипотеза…Поради драматичното минато во животот на Мерседес, дошло до блокада. Таа блокада свесно ја држи за да не ја повреди вистината на секојдневието.
– Виснете, извини што те прекинувам, но едно нешто мене ме плаши, – се замеша Агата. – Дали Мерседес може да биде опасна за самата себе или за останатите кои ја опкружуваат?
– Мислите ли дека треба да се затвори во установа?, – го праша Дијана.
– Не. Напротив, Мерседес е многу чувствителна и може тоа да биде контрапродуктивно.
– Кажи и за терапијата која ја предлагаш.
– Хипноза, – одговори Висенте, гледајки во Дијана. – Хемиска хипноза секако. Не мислев да и вртам со пенкало пред очи, – се насмевна психологот. – Убеден сум дека со стручна хипноза ќе успееме да ја извадиме на површина онаа здравата и свесна Мерседес која ја крие длабоко во себе.
– Јас немам искуство со вакви работи, но ми делува како фасцинантен обид, докторе.
Себастијан го сопре својот мотор пред зградата каде што живееше Каталина. Се качи на третиот кат и затропа на станот со број Ц3. На негово големо изненадување, откако затропа, вратата ја отвори Мануел.
– Влези, Себастијан. Те чекавме.
#46то продолжение
Сеуште збунет од присуството на Мануел во станот на Каталина, Себастијан влезе и ја зтвори вратата зад себе.
Во дневната соба на каучот седеше Каталина. Со суви солзи во очите, држејки писмо во раката.
– Знам дека ти си тој што го довел татко ми во амбисот на смртта, – процеди низ заби гледајки го со бес. – Лицемеру! Ќе се погрижам да платиш за неговата смрт!
По првобитниот шок од нападот, Себастијан праша;
– Дали Мануел беше тука кога ми се јави да дојдам?
– Не, – одговори Мануел во нејзино име. – Не бев тука. Предмалку дојдов и ја најдов во ваква состојба. Скршена. Разбирам дека Ката има потреба да зборувате насамо, затоа ве оставам. Барај ме кога ќе бидеш сама, љубов моја. Чао.
Ја поздрави со бакнеж, па го напушти станот.
– До бога, што е ова, Каталина?, – праша Себастијан откако Мануел ја затвори вратата зад себе и останаа сами во станот. – Можеш ли да ми објасниш што се случува? Од каде таа омраза одеднаш?
– Не ме допирај… еве. Види самиот, – му рече подавајки му го писмото.
Себастијан го зеде писмото во раце и почна да чита.
– За моите ќерки Каталина и Луз. За мојата сестра Агата. За моите пријатели. Ви должам ојаснување за тешките моменти кои ги живеете поврзани со мојата одлука. Поради амбициите влегов во проблеми од кои верував дека ќе можам лесно да се извадам. Се срамам поради моите непромислени одлуки и барам прошка. Сакав да бидам помоќен од Лусијано Ламас, помоќен и од мојата сестра. Преку Фалкон Ерлајнс стекнав свое богатство, но никогаш не ми беше доста. Јас бев оној што го саботираше летот на Игуана со цел да ја купам компанијата. Но, со текот на времето моите соучесници почнаа да ме уценуваат. Следуваа уцени и исплати за молк. Морав да ги заложам сите имоти кои ги имав. Пропатно, Себастијан Ламас, синот на мојот долгогодишен пријател, истражувајки ја несреќата со авионот во кој тој управуваше, почна да ме прогонува и уценува. Го молев во името на моите ќерки да не ми го загорчува животот, но не сакаше да ме сослуша. Не можам повеќе да издржам. Грижата на совест не ми дозволува да спијам мирно. Затоа решив самиот да се осудам на можеби најлесниот начин. Најкукавичкиот начин. Но, зарем не сме сите ние кукавици во животот? Ве сака Рафаел.
Себастијан ги заврши финалните зборови на писото и не можеше да поверува дека тоа се зборовите на човек кој умира. Пред него седеше Каталина која не можеше да ги задржи солзите под погледот на презир и омраза кој го имаше.
– Каталина, љубов моја…Зарем ти веруваш во ова?
– Тоа е ракописот на мојот татко.
– А јас ти велам дека не е вистина тоа што го пишува за мене. Никогаш не сум уценувал никого, уште помалку твојот татко. Мораш да ми веруваш…
– Не ти верувам ништо! Ти си монструм! Оди си! Не сакам да те видам никогаш повеќе во животот!, – низ солзи повторуваше мадата жена не можејки да дојде при себе.
– Ќе ти покажам дека ова писмо не е вистина!, – низ заби процеди Себастијан пред да го напушти станот земајки го прошталното писмо на Рафаел со себе.
Агата работеше на својот нов роман во својата соба, кога влезе Дијана. Писателката ги извади очилата со кои работеше и и се намсевна на болничарката.
– Ти требам нешто, мила?
– Работите на нов роман?
– Се обидувам…Но не верувам дека дојде да зборуваме за тоа.
– Не, – одговори болничакрта седнувајки на креветот наспроти неа. – Имам нешто што сакам да го споделам со вас, Агата. Непосредно откако почнав да работам во куќава, Рафаел ми рече да дојдам во неговата соба откако ќе заспие Мерседес. Почна да ми се доверува колку е осамен и колку му треба разбирање и подршка…
– Ти беше љубовница на мојот брат…
– Знаете? Рафаел ви кажал?
– Не, драга. Но да знаев. Отсекогаш сум имала шесто сетило. Во секој случај, ти благодарам што ми се довери. Ова секако нема да го промени моето мислење за тебе. Ти си исклучителна болничарка и не знам што би правеле со Мерседес без тебе во оваа куќа. Ти благодарам што си тука, – срдечно и рече Агата, прегрнувајки ја.
Следното утро, Себастијан го посети својот татко во вилата. Лусијано уживаше во претпладневното сонце во градината, кога неочекувано го здогледа постариот син кој носеше писмо во рацете. Лусијано го прочита прошталното писмо, го подигна погледот кон својот син и стана од масата. Потпрен на стапот кој му помагаше во движење, се упати кон овоштарникот.
– Вистина ли е делот што е напишан за тебе?, – праша.
– Не, – кратко и јасно одговори Себастијан кој чекореше по својот татко.
– Го познавав Рафаел повеќе од триесет години. Немаше храброст ниту муда да изврши самоубиство.
– Точно, ти најдобро знаеш дека не се работи за самоубиство.
– Сакаш да ми кажеш нешто со ова?,- Лусијано ги собра веѓите.
– Знам дека знаеше оти Рафаел и Емператриз се љубовници. Знаеше дека Рафаел ти работи зад грб во компанијата. Тоа сакаше да ми го кажеш ноќта на забавата, зарем не? Затоа го уби?
– Не ме навредувај!
– Само сум реален. Не бери гајле. За полицијата случајот е затворен. А нив Рафаел извршил самоубиство. Никој нема да те бара тебе како осомничен. Се што пишува во ова писмо е лага! Некој го смислил ова за да се извлече од убиство.
– Комплетно се согласувам со тебе, – мирно рече Лусијано. – Но јас не стојам зад ова.
– Не ти верувам. Дојдов само да ти кажам дека давам отказ, татко. Се откажувам од Фалкон, од акциите, од твоето наследство…Имај убав ден, – додаде Себастијан пред да ја напушти градината.
Тоа утро, Луз дојде во станот кај својата постара сестра за да ги спакува последните работи пред да се пресели кај Алекс. Каталина меланхолично стоеше на прагот од вратата и гледаше како нејзината сестра се пакува.
– Не знаеш колку ќе ми недостсуваш, Лусесита.
– Не ми зборувај сега така ќе ме расплачеш. Освен тоа, не си одам од земјава. Само ќе се преселам неколку блокови подолу.
– Да знам, но станот ќе биде празен без тебе. Не сакам да останам сама…Не ми се верува дека мојата малечка сестра порасна и дека ќе си оди, – Каталина која беше посебно емотивна тие денови, само силно ја прегрна сестра си, задржувајки ги солзите. – Ќе ми недостасува времето кога ќе дојдев од работа а ти да си заспана на каучот со книга преку градите. Ќе дојдев да те покријам и да те бакнам. Или кога не беше дома ќе најдев стикерчиња во кујната со инструкции што треба да се купи или направи. Или, колку се нервирав кога ќе најдев куп садови за перење во садоперот…Не си оди. Остани со мене.
– Ако Алекс те чуе, ќе те убие, – се пошегува Луз држејки ја сестра си во прегратка. – Ката, не одам никаде и ништо нема да се промени. Повторно ќе се гледаме постојано, – додаде бришејки ги солзите од нејзиното лице. – И доста солзи бидејки и јас ќе се раплачам. А тоа е најмалку што сакам бидејки утре се мажам за најдобриот и најзгодниот маж на земјата.
По сознанието дека Себастијан се откажува од компанијата, Лусијано набрзина го облече првото одело кое го најде во плакарот и за неполн час се појави во фоајето на Фалкон Ерлајнс.
– Дон Лусијано, – крикна неговата секретарка Ева кога го здогледа. – Не очекував да ве видам толку скоро во овие простории. Изгледате доста здраво…
– Благодарам, Ева, но те молам без формалности и претерувања. Побарај го Мануел и кажи му дека треба…,- Лусијано не ја доврши реченицата бидејки веќе во следниот миг, Мануел излезе од лифотот, изненаден што го гледа својот татко. – Од каде ти овде?
– Ова е моја компанија. Редно беше да се вратам.
– Но, твојата состојба…
– Не бери гајле за мојата состојба. Прво што треба е да си најдеш своја секретарка. Ева ќе ми биде многу повеќе потребна од порано и нема да може да ти ги завршува работите. Пушти оглас уште денес. Ева, – погледна во својата секретарка и додаде. – Јави им се на сите акционери и закажи им итен состанок за пладне. Кажи им дека Лусијано Ламас е назад на кормилото на овој бројд што тоне!
За време на дневната сесија со својата пациентка, Висенте повторно ја начна темата за покојната сестра пред Мерседес.
– Софија секогаш ќе биде со мене.
– Каква беше вашата сестра, Мерседес?
– Многу различна од мене…Софија никогаш не ја засака мојата болничарка.
– Дијана?, – праша Висенте, збунет бидејки Дијана беше дел од нивните животи многу години по смртта на Софија. – И зошто Софија не ја сака Дијана?
– Бидејки Дијана има многу тајни…Тајни кои не сака да ги сподели со никого.
Беше точно пет часот кога сите акционери се собраа во конференциската сала на Фалкон. Освен Лусијано кој беше на чело, неговите два сина беа присутни, како и Емператриз и Каталина, како претставник на гата која не можеше да дојде. Единствено празно беше местото на Рафаел. Но не за долго.
– Извинете што доцнам, – рече Дијана кога влезе во конференциската сала. Болничарката на Мерседес се појави во маркирана облека со собрана и уредна коса. – Јас сум тајната акционерка на Фалкон. Ако сме сите тука, можеме да почнеме.