Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #047 & 048

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #047 & 048

#47то продолжение

 

 

            Дијана удобно се смести на празното место во конференциската сала. Ги чувствуваше погледите вперени во неа и тоа и годеше.

–       Разбирам дека сите сте изненадени, – започна откако пред себе го извади нотесот. – Сакам да знаете дека сум подготвена да одговорам на секое ваше прашање.

–       Во бележникот стои дека името на мистериозниот акционер е Надија Рохо, – забележа Каталина. – Колку што знам вашето име е Дијана…

–       Надија е моето крстено име.

–       Сето ова ми е многу чудно, – додаде Себастијан. – Сакам да знам зошто одлучивте да купите акции од Фалкон, госпоѓице Рохо?

–       Веќе долго време како што сум заинтересирана за Фалкон. Знам дека станува за најмоќната авио компанија во Мексико и третата најмоќна авио компанија во Латинска Америка.

–       За толку голем интерес во овој бизнис, мора да имате некого внатре во компанијата, – забележа Лусијано.

–       Секако. Многу добро го познавав Рафаел Уриостеги. Знам дека беше слаб човек со многу долгови. Ова се моите документи. Купените акции од Фалкон, заверени од адвокат и нотар.

 

 

Наредното утро, Луз слезе по скалите во семејната вила облечена во бела венчаница со букет од полско цвеќе во рацете. Насмевката беше како накит кој не го симниваше од лицето, додека црната коса во ликни и праѓаше преку белиот фустан. Очите на Агата се наполнија со солзи додека ја гледаше својата внука.

–       Ти си најубавата невеста која сум ја видел, – рече Алекс којс стоеше до Агата облечен во смокинг.

–       Будалче, така зборуваш бидејки сум твоја невеста.

–       Лусесита, имам мал свадбен подарок за тебе, – рече Агата подавајки и кутивче за накит на невестата. – Ова ми е од мојата прабаба. Сега сакам ти да го имаш.

Луз го отвори кутивчето на чие плишано тло лежеше смарагден брош.

–       Преубав е, тетко. Ти благодарам од срце.

–       Ти ја посакувам најголемата среќа на светот, убавице. А тебе, зете, те имам на пик, не заборавај. Твоја единствена мисија од денес е да ја направиш среќна.

–       Ветувам, доња Агата.

–       Ајде да одиме сега, Ката и Мануел не чекаат во општина, – рече Луз.

 

 

Ноќта полека се спушти врз градот. Емператриз му подготви вечера изненадување на Лусијано. Беше тактика да го врати назад. Вечерата беше послужена на масата во градината.

–       Да наздравиме за нас, – рече по вечерата, полнејки ги двете чаши со црвено вино.

Лусијано седеше мирно и молчејки гледаше во неа.

Но веќе во следниот миг, тишината беше прекината. Се слуша истреил и куршум заврши во кристалната чаша со вино. Стаклото се распука на стотици мали парчиња…

 

Хисела се врати назад во станот по прешетката на Бак во паркот. Ја затвори вратата и седна на каучот каде што седеше Себастијан држејки го телефонот во рака. Дисплејот сеуште светеше па претпостави дека само што го завршил разговорот.

–       Зборуваше на телефон?, – го праша. – Сигурно бил Фредо да каже дека ќе донесе некоја девојка…

Себастијан значително го погледна девојчето а погледот не му кажуваше дека зборувал со Фредо.

–       Мајка ти беше, – ја извести својата ќерка со грутка во грлото.

 

 

По венчавката во матично и скромниот ручек, Агата се врати во семејната вила. Ја остави торбата на каучот кога се огласи ѕвоното на вратата. Марта имаше слободен ден, па појде да отвори. Беше крајно изненадена од посетата. Каталина стоеше на прагот од семејната куќа по толку долги години.

–       Каталина, зошто не ми кажа дека доаѓаш навака ќе дојдевме заедно?

–       Дојдов да ја видам мама, – со страв во гласот рече младата жена влегувајки во домот каде што израсна. Во куќата во која немаше стапнато со години.

–       Секако, мила.

–       Ми беше толку тешко да дојдам, – призна гледајки наоколу.

–       Да, но дојде и тоа е најважно. Влези.

 

 

Хисела почувствува немир кога Себастијан ја извести дека се јавила мајка и. Стана од каучот и значително погледна во својот татко.

–       Каде е?

–       Се јави од Шпанија.

–       Што ти рече?

–       Разменивме одвај неколку зборови…

–       Што ти рече, тато?, – со страв во гласот праша Хисела.

–       Лута е…Ми рече дека немам право да те чувам кога не сум сакал да те признаам како ќерка на време…

–       И кажа ли дека таа е онаа која ме остави? Дека не се ни сеќавам како изгледа?

–       Биди мирна…

–       Не можам, – искрено му призна Хисела со чисто срце, потпирајки ја главата на неговите раменици.

–       И кажав дека сега го носиш моето презиме.

–       Што ќе биде со мене сега, татко?

–       Убаво прашање, мила. Вероника сака да дојде во Мексико по тебе.

Во тој миг во станот влезе Фредо.

–       Здраво фамилијо, – ги поздрави весело. – Носам кинеска храна за вечера, се надевам дека сте гладни.

Погодена од она што го слушна претходно, Хисела со солзи во очите истрча кон својата соба.

–       Што и е на малата? Не сака кинеска?, – зачудено праша Фредо.

 

 

Со своето тело Лусијано ја заштити Емпертриз по простленаиот курпум во грдаината. Беше очигледно дека напаѓачот ги демнее и дека повторно е пука.

–       Што се случува? Што беше ова?, – исплашено праша Емператриз.

–       Држи ја главата доле!, – и нареди Лусијано.

–       Што се случува, Лусијано?

–       Некој се обиде да не убие. Држи ја главата долу!

 

 

Себастијан влезе во собата на малечката Хисела и ја затекна седната на подот, со превиткани нозе, плачејки на глас. Пријде до својата ќерка, и ја тргна косата од лицето и ја погледна во очи.

–       Смири се, малечка.

–       Не сакам да дојде! Не сакам да ја видам!, – повторуваше Хисела. – Не сакам да ме одведе од тука.

–       Нема да и дозволам да те одведе, малечка.

–       Лажеш. Еднаш ми рече дека има права врз мене.

–       Да, но сега и јас имам права и ќе се борам за тебе до смртта, мораш да ми веруваш. Ако некогаш те изгубам, ќе умрам од тага, Хисела. Ти се колнам дека ќе умрам, – и повтори Себастијан, тешејки ја и земајки ја во својата прегратка.

 

 

Емператриз како лавица во кафез шеташе низ дневната просторија на куќата, откако Себастијан и нареди да влезе дома. Во еден миг слушна отворање на влезната врата и го виде Мануел.

–       Каде е татко ми, Емператриз?, – ја праша несвесен за случувањето од предмалку.

–       Не знам, сигурно во градината.

–       Што ти е тебе? Што си преплашена?

–       Пукаа во нас. Некој сакаше да го убие татко ти! Само што повикав полиција.

–       Како тоа пукале?

Емператриз случајно погледна во чевлите на Мануел. Беа полни со свежа кал.

–       Мануел, внимавај каде одиш ќе ја направиш целата куќа.

Мануел исплашено погледна во својата маќеа. Дали се посомнева во него, се запраша и се упати кон спалните соби на катот.

 

 

Во меѓувреме, штотуку венчаните Алекс и Луз влегоа во хотелската соба, која што ја изнајмија за да ја поминат првата брачна ноќ. Алекс, нетрпеливо ги остави торбите на подот и страсно почна да ја љуби својата сопруга водејки ја кон креветот. Луз немаше претстава дека токму во таа соба нејзиниот татко го виде последниот светол ден пред да биде убиен. Водејки ја кон креветот, Луз нагази нешто на подот и се наведна да види што е. Беше златно ланче со привезок.

–       Погедни колку е убаво, некој сигурно го заборавил…

–       Остави го сега тоа и фокусирај се на нашата прва брачна ноќ, госпоѓо Понсе.

–       Знаеш што? Ќе го задржам ова ланче како симбол на нашата прва брачна ноќ и на оваа преубава вила, – додаде Луз, подавајки му ги усните.

 

 

Истовремено, Дијана само што ја заспа Мерседес, па ја напушти нејзината соба во куќата. Чекорејки во својата соба, одеднаш се фати за градниот кош и забележа дека и недостасува златното ланче.

–       Чудно…Не се сеќавам дека сум го извадила, – помисли на глас. – Кога ќе размислам подобро, не сум го видела со денови…Каде ли сум го загубила?

 

 

Каталина имаше силно биење на срцето во градите. Се качи на катот од спалните соби во семејната куќа каде што немаше зачекорено со години.  Агата ја забележа нејзината вознемиреност, па ја допре за рамото давајки и до знаење дека не е сама.

Ја отвори вртата и погледна на креветот каде што спиеше нејзината мајка. Очите инстантно и се исполнија со солзи. Вилицата почна да и трепери. Беше остарена и немаше толку брчки околу очите како последниот пат кога ја виде. Но, сепак беше преубава жена. Како приоѓаше до неа, така чувствуваше дека срцето ќе и излета од градите. – Мамо…

 


 

#48мо продолжение

 

 

            Солзите сами течеа по лицето на Каталина откако седна на аголот од креветот каде што спиеше Мерседес.

–       Мамо…Немав претстава дека поминало толку многу време.

 

 

Емператриз и Мануел стоеа на верндата од куќата, гледајки како Лусијано се враќа од градината со батерија во раката.

–       Во оваа куќа фалат кучиња, – рече гневно кога тројцата влегоа во куќата.

–       Дали си добар, стари? Емператриз ми кажа што се случило? Што рече полицијата?

–       Добар сум. Полицијата си ја врши работата во моментов.

–       Ова сум ти го кжала и петходно но сега сметам дека треба да го земеш здраво за готово, Лусијано. Нас ни треба телохранител.

–       Телохранител?, – ја погледна збунето.

–       Да, телохранител. Силен, груб маж кој ќе те чува во секое движење.

–       Мислам дека има поента она што го говори Емператриз, татко, – ја подржа Мануел.

–       Патем, веќе имам на ум кој може да ти биде телохранител,- додаде Емператриз низ блага насмевка.

 

На голема среќа на Агата, Каталина одлучи да остане и да ја преспие ноќта во семејната куќа. Се облече во пижами, па откако го извести Мануел за одлуката, слезе долу во дневната просторија каде што ја чекаше шоља топло чоколадо.

–       Навистина сакаш да се чувствувам како дома, – и се насмевна на саканата тетка, земајки ја шољата со двете раце, принесувајки ја до ноздрите. Мирисот ја потсети на детска среќа и безгрижни денови.

–       Мила, сакам да зборувам со тебе на една тема која сметам дека е деликатна. Се работи за Себастијан Ламас.

–       Што за него?, – изненадено праша Каталина, не очекувајки ваков пресврт во разговорот.

–       Онаа вечер на веридбата насетив некој електрицитет помеѓу вас двајцата. Можеби се лажам, но можеби и не.

–       Вистина е. Го запознав Себастијан на оној кобен лет. Поминавме неколку ноќи заедно во Гватемала.

–       Ката, како можеше да се вериш за човек кој не го љубиш?

–       Не знам, поради многу нешта, – длабоко воздивна Каталина, оставајки ја шољата на стакленото масиче. – Од една страна си велев на себеси дека она што се случи во џунгалата беше нешто што секоја жена треба да го почувствува. Силна страст и флерт за една вечер.

–       Вљубена жена не треб да ги има тие чувстава за друг маж. Јас никогаш немав такви нагони кон други мажи додека тетин ти Бернардо беше жив.

–       Не знам…Можеби не сум тип на личност која ќе има љубов која ќе трае по смртта. Не сум таква.

–       Колку и да негираш, мислам дека си токму таква, Ката. Само што Мануел не е вистинскиот за тебе.

–       Јас го сакам Мануел и многу ми значи.

–       Те молам, ќерко. И јас многу го сакам Гарсес, мојот издавач па не сум верена за него. Со ова не се повредуваш само себе, го повредуваш и Мануел. Не е убаво да бидеш со човек кој не те љуби.

–       Потребна сум му…Потребна за да живее, да оди, да дише…

–       Со други зборови , ти го сожалуваш.

–       Секако дека не. Мануел ми е потпора…

–       Ајде, те молам, Ката. За потпора имаш столб, фотеља, маса…Немој да го користиш кутрото момче за таква цел. Раскини ја таа веридба и биди среќна со Себастијан.

–       Не знам зошто ми зборуваш вака, тетко. Но, јас го мразам Себастијан!

–       Поради тоа писмо за кое ми зборуваше?

Младата жена потврдно кимна со главата и повторно посегна по шољата со топло чоколадо.

–       Слушни ме, ќерко. Ако татко ти навистина се самоубил, нешто во што не сум комплетно убедена, не било поради тоа што Себастијан го уценувал.

–       Тето, пишуваше во прошталното писмо. Зошто би лажел?

–       Не лажел. Само бил збунет, исплашен, не знаел што да прави…Така е, Ката. Татко ти беше очаен и засрамен од вина и срам. Затоа го обвинил Себастијан, како што можел подеднакво да ме обвини и мене. Јас бев онаа која му ги скрати крилата за да може да лета. Му ги зедов акциите, го спуштив од функција…лесно можел да ме презира. Зошто не ме мразиш мене? Бидејки сум сестра на татко ти? Бидејки сме фамилија?

–       Не разбираш, тетко. Себастијан ме лажеше. Ми зборуваше за љубов. Ме гледаше во очи и ми рече дека ме сака. Како може да ја сака ќерката на човекот кој го доведе до смрт? Тој човек е монструм! Го мразам!

–       Не знам што зборуваш, но мене не ми делува како таков.

–       Тој човек постојано лаже, – гневно додаде Каталина. – Згора на се сите го сакаат.

–       Не и Емпертриз. Mануел исто така. Не заборавај дека има ужасен однос со Лусијано.

–       Зборувам за останатите…За неговите пријатели, за вработените во компанијата, за неговата ќерка…

–       И ти, – ја надополни Агата.

–       Не знам што да кажам. Имам чувство како да ме соблекува кога ме гледа.

 

 

Следното утро за време на појадокот во градината, Лусијано ги извести Емператриз и Мануел за одлуката која ја донесе во текот на ноќта.

–       Одлучив дека сакам четири добермани и двајца телохранители кои ќе се менуваат на смени.

–       Мора да бидат добермани?, – праша Емператриз полнејки ја чашата со нова доза кафе. – Презирам добермани. Не сакам ѕверки во мојата куќа.

–       Емператриз, те молам не претерувај, – ја замоли Мануел. – Кучињата напаѓаат натрапници, ништо нема да ти направат на тебе. Она што мене сеуште ме мачи е кој пукал сношти? Кој сакал да ти наштети, татко?

–       Синко мој, во бизнисот се стекнуваат пријатели и непријатели. Ти најдобро треба да го знаеш тоа.

 

 

Во вакенс клубот, еден од најелитните клубови со голф терени во градот, Алекс веќе некое време ја чекаше Дијана која доцнеше на закажаната средба.

–       Јас излегувам од сред меден месец, а ти се луксузираш со доцнење, – и префрли Алекс кога Дијана конечно се појави на договореното место.

–       Сум го загубила ланчето кое не можам никаде да го најдам.

–       Го најде Луз.

–       Луз?

–       Да. Ти паднало под креветот во хотелот.

–       Ти си имбецил! Го користиш апартманот за твојот меден месец?

–       Со најскпиот шампањ и се…

–       Прави што сакаш. И онака апартманот е платен за цел месец. Го сакам назад моето ланче, Алекс.

 

 

Себастијан се појави тоа утро во канцеларијата на Фалкон со цел да го расчисти свпето биро. Беше решен во намерата да ја остави фирмата на својот татко и комплетно да се посвети на својот бизнис. Додека во една кутија ги собираше своите работи, секретарката му навести дека има посета.

Жена во своите доцни четириесети години срдечно го  поздрави Себастијан кој и понуди да седне наспроти бирото.

–       Повелете…

–       Вие сте Ламас кој ја изнајмни мојата вила во Квернавака пред една недела?

–       Не, не сум јас…

–       Секако ми ја дадоа оваа адреса. Затоа и дојдов. Да ви го вратам она што ви припаѓа. Маричуј, мојата собарка го најде ова меѓу постелнината од креветот.

–       Што е тоа? Што нашла Маричуј?

–       Овој прстен, – одговори жената вадејки златен прстен од торбата.

Себастијан го зеде златниот прстен во чија внатрепна страна беше изгравирано;

–       Од Мерседес за Рафаел, 10 април 1984 г.

 

 

Хисела ги решаваше домашните задачи на кујнската масичка во апартманот, кога одекна ѕвонот од велзната врата. Бак почна да лае, се додека девојчето не ја отвори вратата. Пред неа стоеше крупен постар човек, потпрен на бастун кој му ја одржуваше стабилноста.

–       Што можам да сторам за вас?, – го праша Хисела.

–       Ти си Хисела?

–       Да…

–       Јас сум дедо ти, – додаде Лусијано влегувајки во станот.

–       Што барате овде? Татко ми не е дома…

–       Дојдов да те видам тебе.

–       Зошто?

–       Да речеме од чиста љубопитност, – одговори Луисјано рагзледувајки го станот каде што живееа неговиот син у внука. – Дојдов да видам дали личиш на нас.

–       Немам потреба да знам ништо за вас, – смело му дофрли Хисела.

–       Да, ти си Ламас. Сигурен сум дека повторно ќе се видиме наскоро, – кратко додаде Лусијано и го напушти станот.

 

 

Мануел само што влезе во својата работна канцеларија, кога по него како торпедо влезе неговиот постар брат.

–       Дали пред недела дена си бил со Каталина во некоја вила во Квернавака?

–       Да…

–       Истиот ден, во истата вила, како заложник бил киднапираниот Рафаел Уриостеги. Неговата бурма е најдена во една од собите на вилата, – одговори Себастијан, вадејки ја бурмата на покојниот.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!