Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #051 & 052

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #051 & 052

#51во продолжение

 

 

            Хисела го помина претпладнето пред телевизорот гледајки серии. Кога се огласи ѕвоното на влезната врата од станот, го исклучи телевизорот и ги отвори книгата и тетратките како камуфлажа дека учи. Но, наместо Себастијан кој мислеше дека е, пред влезната врата стоеше Вероника.

–       Како си, ќерко?

–       Вие сте…

–       Твојата мајка, можеш слободно да кажеш. Дојдов да те видам.

–       Не можам да те примам сега. Имам многу за учење. Подготвувам испит.

–       Испит?

–       Да. Наскоро се уписите за средно учулиште и мора да бидам подготвена.

–       Овдешните испите нема да ти важат за ништо во Шпанија, Хиселита.

–       Зошто ми зборуваш така?, – Хисела ја праша својата биолошка мајка со страв во очите. – Татко ми вети дека нема да ти дозволи да ме вратиш во Шпанија.

–       Но, ќе те вратам, ќерко. Ти си моја ќерка и наскоро заедно ќе се вратиме во Шпанија!

 

 

Марта ја отвори влезната врата од вилата на Уриостеги и го пушти психијатарот на госпоѓа Мерседес, со кој имаше сеанси секој ден.

–       Како сте, докторе Висенте?

–       Добро, Марта. Ти?

–       Се е одлично, докторе. Раскомотете се, јас ќе ја известам госпоѓата дека сте тука, – рече Марта и се упати по скалите кон спалните соби на катот.

По заминувањето на собарката, младиот доктор наиде на Алекс во работната соба, кој се подготвуваше да замине на работа.

–       Повторно сте тука, докторе?, – го праша цинично. – Како ја гледате мојата ташта?

–       Терапијата е сеуште во тек и ги немам крајните резултати.

–       Не знам колку сте способен а толку млад.

–       Не се сомневајте во моите способности кои наскоро ќе се видат на дело. Пријатен ден, господине.

 

 

Откако Хисела замина на училиште, Фредо се врати од работа. Фрижидерот беше практично празен, па ја стави кецелата и ги завитка ракавите на кошулата за да зготви паста за ручек, кога одекна ѕвоното од влезната врата на станот.

–       Дали ова е станот на господин Себастијан Ламас?, – го праша детективот кој стоеше на прагот со придружба на полицаец.

–       Да, кој го бара?

–       Моето име е детектив Фаусто Моралес и имам налог за претрес на овој стан.

 

 

За време на испитот во основното училиште, малата Хисела не можеше никако да се фокусира на решавањето на задачите. Во глава постојано и се вртеа зборовите на нејзината мајка дека заедно ќе ја напуштат земјата. Девојчето го превитка тестот и низ солзи ја напушти училната на изненадување на учителката.

 

 

Себастијан се врати назад во станот најскоро што можеше откако Фредо го извести дека детективот има налог за претрес на нивниот стан.

–       Што значи сето ова?

–       Моето име е детектив Фаусто Моралес и имам налог за претрес на вашиот стан, господине Ламас.

–       Што поточно барате?

–       Детективе, најдов нешто, – се огласи помладиот полицаец од собата на Себастијан која во моментот ја претресуваше.

Детективот Моралес значајно погледна во Себастијан и се упати кон собата. Младиот полицаец држеше хартија во облика на документ во рацете.

–       Дали вие бевте пилот на авионот на Игуана од Мадрид до Мексико Сити?

 

 

Ноќта само што падна врз градот, кога Емператриз ја паркирше својата кола пред вилата на фамилијата Урисостеги. Излезе од автообилот и заѕвоне на влезната врата.

Марта имаше слобона вечер, па вратата ја отвори Дијана.

–       Добра вечер, госпоѓо Ламас. Влезете ве молам, веднаш ќе ве најавам кај доња Агата…

–       Не дојдов да ја видам Агата, дојдов да зборувам со тебе, Дијана, – значајно и потенцираше. – Или повеќе сакаш да те нарекуваат Надија Рохо?

 

 

Каталина имаше мирна вечер во својот стан. Откако ја изгледа епизодата од омилената серија, ја подготви кадата со пенлива купка. Наточи чаша црвено вино и легна во кадата да го опушти своето тело. Не можеше да престане да мисли на Себастијан. На неговите зборови на негоивте бакнежи и сензуални усни, на неговите големи раце кои го топеа нејзиното тело. Доби нагла потреба да го слушне, па посегна по мобилниот телефон од наткасната и го заврте неговиот број.

–       Ало?

–       Себастијан? Ката е…

–       Како си?

–       Во ред…Сама сум дома и помислив на тебе.

–       Ме радува што е така.

Одеднаш, погледот на Каталина се згрчи. Чешмата на кадата почна полека да тече во црвена боја. Го испушти телефонот од рака и изрипа од кадата. Себастијан само го слушаше нејзиниот силен вресок преку линијата…

 

 

 

Дијана не можеше да зборува на темата која Емператзри сакаше да зборуваат па ја замоли да го одложат разговорот за друг ден. Но, Емператриз инсистираше тоа да биде сега. И рече дека ќе ја чека во автомобилот на паркингот пред вилата. По кратко, Дијана влезе во црниот мерцедес со затемнети стакла.

–       Влези. Јас и ти имаме многу да зборуваме, драга.

–       Тука сум.

–       Долго време те гледав, поточно набљудував во фирмата каде што дојде како нов акционер, Надија Рохо.

–       Што сакате од мене, госпоѓо?

–       Да признаеш дека ти си онаа која стои зад анонимниот праќач на сите оние пораки. Да признаеш дека ти си Ерика Мастерман.

–       Од каде ова?, – со благ потсмев праша Дијана.

–       Нема кој друг, драга. Како што реков, јас набљудувам многу внимателно. Нема кој да биде генијалниот ум зад тој псевдоним освен ти. Лусијано беше во кома долгов реме, значи не можел да е тој, Мануел со сигурност не е бидејки тој ги користеше твоите совети и ги следеше твоите наредби цело ова време, а јас сигурно не сум. Освен тоа, кој друг можеше да го убие Рафаел освен ти? Болничарката на неговата жена, неговата љубовница? лесно како два и два што е четири, така ти си Ерика Мастерман. Кажи ми само дека сум близу до вистината.

–       Близу но и далеку, госпоѓо. Точно  е дека јас сум Надија Рохо, но не сум Ерика Мастерман. Бидејки ниту јас не знам која е главата на целата оваа операција, и не знам која е Ерика. Освен тоа, идејата за појава на Надија беше на Рафаел. Тој ја измисли таа личност. Тој беше оној кој што ја создаде и ја направи Надија Рохо. Јас само играв по неговите инструкции. На Рафаел му беше смачено што сите го сметаа за потрчко, му беше смачено од Лусијано и од Агата која никако не сакаше да му ги препише своите акции. Така се роди Надија Рохо. Надија Рохо е дело и имагинација на Рафаел Уриостеги.

 

 

 

Себастијан веднаш се качи на својот мотор по кусиот разговор со Каталина. За помалку од дваесетина минути се најде пред нејзиниот стан. Вратата беше подотворена а станот мрачен. Се упати кон бањата од каде што се гледаше блага светлина на свеќи. Ја најде Каталина гола во кадата во вода која полека се ладеше. И го повери пулсот и заклучи дека е слаб. Го грабна најблискиот фротирски пешкир, го замота околу нејзиното тело и ја извади од водата.

Ја смести на нејзиниот кревет во собата. Почна да и го масира вратот и младата жена полека почна да доаѓа при свест. Ги отвори очите полека, повторувајки како низ бунило… – Крв…крв…

–       Смири се, јас сум. Тука сум, смири се.

Таа го виде познатото лице пред себе, тоа блажено и убаво лице кое секогаш и влеваше доверба па полека ја подигна истоштената рака и го прегна околу вратот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Enseñame a Volar

Научиме да летам

#52ро продолжение

 

 

Емператриз гледаше во Дијана која полека го откриваше идентитетот и создавањето на Надија Рохо.

–       Значи имбецилот Рафаел ја создал Надија во тебе?

–       Имбецилот Рафаел беше човекот во кого бев вљубена, – дрско и пакосно призна Дијана гледајки во мачкиние очи на својата соговорничка. – И ако нешто знам од него, тоа е фактот дека Ве презираше госпоѓо Ламас. Рафаел беше оној кој што му ги испрати фотографиите од вас на Лусијано…за да ги убрза нештата.

–       Внимавај што зборуваш, болничарке, – гневно и дофрли Емператриз. – Не ме познаваш и не знаеш со кого си имаш работа.

–       Ниту вие мене не ме познавате, госпоѓо. Нималку не ме познавате и не знаете што сум способна да сторам, – додаде Дијана и го напушти автомобилот.

 

 

Себастијан остана да седи на работ од креветот, милувајки ја догата костенлива коса на Каталина која полека заспиваше уживајки во неговите милувања.

–       Зошто дојде?, – го праша тивко.

–       Се исплашив. Не знаев што се случило и не можев да те оставам така. Кога влегов во бањата и те најдов без свест во кадата..беше едно од најгрдите чувства во животот, – додаде со кнедла во грлото, масирајки и ја раката.

–       Ме радува што си тука, – му призна таа, милувајки го неговото лице.

–       Исто и мене.

–       Кога ме најде во кадата…виде ли нешто чудно?

–       Како мислиш чудно? Крв?, – ја праша претпоставувајки за што зборува.

–       Зошто велиш така? Имаше крв?

–       Смири се. Не, немаше крв, само така зборуваше во сон. Што те исплаши толку што се онесвести, Ката? И зошто си ја оставила вратата отворена, бидејки кога дојдов беше отворена.

–       Не е вистина. Убаво ја заклучив кога дојдов дома, се сеќавам дека ја заклучив.

–       Во ред, во ред, смири се…Обиди се да заспиеш.

 

 

Алекс само што се врати во вилата таа ноќ. Луз веќе спокојно спиеше кога влезе во спалната соба. Го соблече сакото и влезе во бањата. Ја запали светилката и пријде до огледалото. На неговото лице се развлече задоволна насмевка.

–       Малку по малку ќе ја доведам Каталина во состојба на нејзината мајка…Само трпение, Алекс, само трпение.

 

 

Откако Каталина заспа, Себастијан влезе во бањата. Ја испушти пенливата вода од сифонот и случајно забележа дека вентилот е отворен. Прво помисли дека можеби е расипан и дека протекла каллива вода која и се присторила како крв.  Го заврте докрај па ги изгасна свеќите кои догоруваа во бањата и излезе затворајки ја вратата зад себе. Во тој миг одекна ѕвоното на фиксниот телефон низ станот. Се вклучи секретарката и Себастијан го слушна гласот на помалиот брат.

–       Те барав на мобилниот и не ми креваш. Што се случува со тебе сега, Каталина? Ако си ми нешто лута, сакам да знам. Како и да е, најверојатно спиеш и оваа порака ќе ја слушнеш наутро. Затоа, добро утро, љубов моја. За кратко се гледаме во канцеларија. Те љубам.

Ваквите љубовни изјави го погодија Себастијан директно во срце. Како можеше да чувствува нешто за неа, за вереницата не неговиот брат? Се мразеше себеси. А од друга страна стоеше тука, во станот на беспомошната девојка која спиеше како ангел. Не беше праведно кон Мануел да остане тука покрај неа. Ја зеде својата кацига за моторот и излезе од станот. Ја заклучи вратата од надворешната страна и го турна клучот назад во станот под прагот. Влезе во лифтот и ја напушти зградата.

 

 

 

Ниту Мануел не можеше да заспие таа вечер. Откако и остави говорна порака на Каталина, легна на својот кревет и потона во сопствените мисли, во сеќавањата кои го вратија назад во раното детство. Беше едно од оние доцни, летни попладниња на имотот во Колима. Седеше на верандата на големата хациедна гледајки како животот тече околу него, а тој беше врзан за проклетата инвалидска количка по несреќата која ја имаше со кингерот пред две лета.

–       Сакаш чај, Мануел?,  – го праша Пандора. Домарката ги придружуваше секое лето поминато на хациендата.

–       Не, благодарам, Пандора.

–       Мораш да јадеш и пиеш, Мануел. Ако одбиваш да внесуваш храна, ќе останеш салб и никогаш нема да проодиш.

Одеднаш, како од ехо се чу гласот на Себастијан. Мануел го подигна погледот. Неговиот постар брат Себастијан трчаше низ полињата кон куќата, низ широка насмевка довикувајки го неговото име.

–       Мануел…Ману!

–       Изгледа дон Лусијано конечно му дозволил да дојде на распуст, – рече Пандора, која како да му ги читаше мислите на младиот Мануел.

Себастијан дотрча кон својот брат со широко отворена прегратка. Мануел го дочека седнат во својата инвалидска количка.

–       Не знаеш колку имав голема желба да дојдам и да те видам.

–       И ти ми недосастуваш, Себастијан.

–       Што е тоа што вели татко дека не сакаш да одиш?

–       Не е дека не сакам. Не можам.

–       Секако дека можеш. Секој може, ајде, – инсистираше Себастијан. Го тргна кебенцето од неговите нозе и со рацете му даде знак да дојде до него.

–       Ајде, направи чекор…Јас ќе те држам. Ајде, Ману, ајде…

Со растреперени нозе, Мануел одвај успеа да се задржи на земјиното тло. Себастијан го држеше за раце во првите неколку секунди, но брзо го пушти, а Мануел остана да стој сам полека помрднувајки ја десната нога.

–       Гледаш ли дека можеш?

Очите на малиот Мануел беа полни со солзи а на лицето имаше развлечена насмевка. Се фрли во прегратката на постариот брат, онаму каде што беше најбезбеден и најсигурен, секогаш.

 

Солзите сами течеа по лицето на Мануел и сега, по толку години сеќавајки се на тој момент. Таа вечер заспа мислејки на својот брат.

 

 

Хисела немаше желба да оди на училиште ни тоа утро. Замина од дома лажејки дека ќе оди на настава, а всушност се упати кон паркот. Потоа го фати автобусот кој водеше до Ломас де Сан Анхел, елитната населба каде што живееше нејзиниот дедо. Слезе од автобусот и се упати кон големата куќа на фамилијата Ламас. Портирот ја пушти внатре, откако Емператриз му даде одобрение.

–       Те очекував, малечка. Знаев дека ќе дојдеш кога тогаш.

–       Тука ли е дедо ми? Сакам да зборувам со него.

–       Лусијано не е тука, но јас и ти можеме да се забавуваме. Дојди.

 

 

Себастијан само што се врати од трање тоа утро. Влезе во станот и го пушти песот да се стрча кон кујната по вода. Ја слече испотената маица и се упати кон бањата кога заѕвоне телефонот.

–       Ало?

–       Како си, убавецу?, – го слушна мазниот глас на Емператриз.

–       Што сакаш, Емператриз?

–       Само сакав да те известам дека мојата внука, твојата ќерка е тука со мене во куќата, – додаде пакосно гледајки како Хисела ужива во базенот во двориштето.

–       Што бара Хисела со тебе?, – инстантно избуввна Себастијан. – Зошто не е на училиште?

–       Се обидуваме да се зближиме. Во што е проблемот? Можеби на крајот од денот твојата сакана ќерка ќе почне да ме нарекува “баба“.

–       Слушни ме добро, Хисела не  е ништо твое. Хисела е моја ќерка и не сакам да се мешаш во тоа. Прати ја назад по шоферот веднаш! Дали сум јасен? Веднаш!

Себастијан ја прекина телеофнската линија и веќе во следниот миг се огласи ѕвоното од влезната врата на станот. Беше детективот Фаусто Моралес со двајца претстваници на полиција.

–       Себастијан Ламас, уапсен сте во името на законот…

 

 

Откако ја прекина ленијата и разговорот со Себастијан, Емператриз пакосно погледна во девојчето кое уживаше во водата на базенот.

–       Време е да излезеш, Хиселита. Многу хлор ќе ти дојде наеднаш. Дојди, седни до мене. Дали си среќна? Ти се допаѓа овде? Сето ова ќе биде твое еден ден. Веќе го известив татко ти дека си овде.

–       И, што рече?, – праша Хисела, бришејки ги капките вода од своето тело.

–       Ништо посебно. Знаеш дека постојано е во брзање и колку е зафатен.

–       Не се налути што не сум на училиште?

–       Не, не се налути, само беше лут што не си го известила дека доаѓаш овде. Јас ќе се погрижам да не те прекори.

 

 

Откако беше приведен од дома, Себастијан беше доведен во полициската станица, каде што со врзани раце, се најде на испитување пред инспекторот Моралес.

–       Вие сте биле пилот на кобниот лет од Мадрид на компанијата Игуана кој се урна во гватемалската џунгла во ноември минатата година?

–       По не знам кој пат ви повторувам, да, јас го управував леталото тој ден, – дрско одговори Себастијан.

–       Внимавај на емпераментот, Ламас. Не заборавај дека си во мој раце овде.

–       Тогаш не си играјте со моето трпение и кажете ми зошто сум приведен?

–       Сакаш да зборуваш сега или ќе го чекаш својот адвокат?

Себастијан нервозно почна да чука со прстите по масата на која седеше. Набрзо во просторијата влезе адвокатот на фамилијата Ламас. Детективот Моралес ги остави сами давајки им десет минути.

–       Зошто сум овде, по ѓаволите, Игнасио? Зошто ме држат во притвор?

–       Смири се, Себастијан. Некоја жена, сосетка на Браулио Сантос те видела во неговиот дом дента кога е пронајдена мртва неговата жена Перла.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!