Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение

 

 

            Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во хотелската соба, одвај прекриени со сатенските чаршафи. Тој беше потпрен на нејзините гради, а таа со рацете проаѓаше преку неговата кадрава и густа коса.

–       Како да се вратам во реалноста по ова?, – го праша со грутка во гласот.

–       Кој рече дека треба да се вратиме? Немој да се мажиш за Мануел, те молам.

–       Те молам немој да правиш потешко одошто е.

–       Го љубиш?

–       Го сакам. Потребна сум му.

–       Каталина, те молам, никој не се мажи за некого од потреба.

–       Него го сретнав прво. Пред тебе. Заедно сме со години. Јас не сум жена која може да те направи среќен.

–       А како ќе го направиш среќен Мануел кога не го љубиш? Никој не заслужува да биде со некого кого не го љуби.

–       Јас и Мануел знаеме да бидеме рационално среќни.

–       Рационално среќни?, – иронично ја праша. – Рационалноста нема никаква врска со среќата. Не можеш да го жртвуваш својот живот и својата среќа за да удоволиш некого.

–       Животот не е само црн или бел, Себастијан. Има и сиво. Постои сиво. Јас и Мануел сме сиви.

–       Зошто сакаш да биде сиво кога може да биде бело, Каталина? Не само тоа, туку ти го осудуваш и Мануел на живот во сиво.

–       Доста те молам. Не знам што ми се случува со тебе, но ова не требаше да се случи, – додаде таа извелкувајки се од креетот.

–       Не, застани, Ката. Не мислев да те поврдеам. Те љубам. Те љубам и не сакам да ја направиш најголемата грешка мажејки се за Мануел.

–       И јас те љубам тебе, но не сакам да те поврдам.

–       Како можеш да ме повредиш ти?

–       Пред да ме запознаеш беше среќен. Сега си напнат, опколен со проблеми…Јас сум онаа која носи несреќа, секогаш.

–       Престани со тие суеверни глупости и сослушај ме. Јас те љубам. Ти ме љубиш. Зарем не сакаше да леташ слободно како птица? Зарем не ми го кажа тоа попладнево?

–       Има нешто што не сакав да ти го кажам…Се мажам на втори април. Денес го договоривме датумот со Мануел, – додаде со грутка во грлото.

Себастијан инстатно ги пушти нејзините студени дланки. Ваквата вест ја прими како удар во градите.

–       Тоа го сакаш?, – ја праша со насолзени очи. – Бидејки мене не ми личи дека го сакаш тоа. Не ми личиш на некоја која ќе сака да се омажи во бело со погрешен човек. Ова вечерва ми докажа само дека сакаш да бидеш со мене засекогаш. Поправи ме ако грешам.

Таа не одговори ништо. Само две солзи протекоа по нејзината бела кожа. Нејзиниот молк Себастијан го сфати на поинаков начин.

–       Дали твојот молк значи дека ова е збогум?

Повторно молк. Со кристален сјај во очите, Каталина само потврдно кимна со главата.

–       Што ако речам дека јас не сакам?, – ја праша милувајки ја за косата.

–       Не можам да му го направам ова на Мануел. Никогаш нема да го оставам, Себастијан. Никогаш.

–       Нема да ти дозволам да го жртвуваш својот живот, Каталина. Ова не е крај, – додаде тој и стана од креветот. Ги облече своите алишта и ја напушти хотелската соба.

–       Колку те љубам, – тивко и низ солзи прошепоте Каталина, мирисајки ја перницата на која тој ја држеше главата потпрена.

 

 

Доцен и итен состанок по полноќ повика Емператриз за вработените во компанијата меѓу кои присуствуваше и Мануел.

–       Не сакам никој да знае за киднапирањето на Лусијано! Никој вон оваа компанија не смее да знае! За останатите, Лусијано Ламас е на патување во Аргентина. Дали сум јасна?

–       Дали треба да го известам господинот Себастијан?, – праша секретарката Ева.

Емператриз најпров погледна во Мануел, па назад во секретарката.

–       Секако, Себастијан му е син. Сега може да сиодите дома. Се гледаме утре.

Откако персоналот ја напушти конференциската сала, Мануел го раскопча највисокото копче на својата кошула и пријде до Емператриз гледајки ја во очи.

–       Ти си таа која стој зад оваа операција?

–       Што зборуваш? Нема подобра одбрана од нападот, нели?

–       Ти мислиш дека јас стојам зад киднапирањето на стариот?

–       Зошто не? Веќе еднаш размислуваше да го елиминираш.

–       Исто и ти.

–       Не се вознемирувај, драги. Не сакам да добиеш напад на астма. Биди сигурен дека не сум јас.

 

 

 

 

Кога Себастијан се врати дома, беше нешто по полноќ. Хисела седеше на каучот во темица.

–       Што правиш будна толку доцна?

–       Не можев да заспијам…

–       Во ред. Тогаш ајде да разговараме. За твојот излет и посетата кај Емператриз. За бегањето од часови.

–       Не смеам да ја посетам мојата баба?

–       Како прво, Емператриз не ти е баба! Како второ, не, не смееш да одиш никаде без моја дозвола!

–       Мисли си дека ќе биде така, генерале, – дрско му се спротистави девојчето.

–       Нарекувај ме како сакаш, но додека си под мој покрив, ќе биде онака како што јас ќе ти речеам. Дали сум јасен?

–       Не! Зошто не смеам да правам што јас сакам? Имам 14 години, не сум дете повеќе.

–       Бидејки јас сум ти татко и знам што ти одговара, а што не. Она што не ти одговара е да паднеш во канџите на Емператриз.

–       Не те разбирам. Емператриз е добра со мене, ме третира како да сум возрасна, за разлика од некои.

–       Сфати дека Емператриз е зла, расипана, злобна…Нека ти влезе тоа во глава. Знаеш ли зошто е добра со тебе? Зошто те третира како возрасна, како што ти велиш? Бидејки сака да те принесе на своја страна!

–       Зошто? Што добива со тоа?

–       Бидејки ме презира, Хисела. Бидејки знае дека си ми најважна на светот, и дека за тебе сум подготвен да сторам се.

–       Не е вистина. Емператриз те сака како роден син. Самата ми кажа.

 

 

Каталина само што се врати назад во својот стан кога го извади телефонот од чантата и забележа седум пропуштени повици од Мануел. Веднаш му врати со повик.

–       Здраво, Мануел…

–       До бога, каде си цел ден, Каталина?

–       Морам да зборувам со тебе.

–       Исто и јас.

–       Те молам јас да почнам, – додаде таа, прекинувајки го. – Долго време собирам храброст да ти го кажам ова, еве и денес не можам да те гледам во очи и затоа се одлучив за полесниот пат…Знаеш дека те сакам, Мануел. И, да, ќе се венчаме на датумот кој го одредивме, но не сакам да бидеме во брак со тајни. Не сакам да постојат тајни помеѓу мене и тебе. Мануел, дали ме слушаш?

–       Попландево го киднапираа стариот, Каталина, – во еден здив рече Мануел од другата страна на линијата.

–       Што? Не е возможно…

 

 

Луз живееше како во бунило последните 24 часа. Почна да се преисптува себеси со кого се омажи и колку всушност го познава Алекс. Неговата насилна страна која ја покажа сношти, ја заплаши и ја остави без сон практично цела ноќ. Освен тоа, тој не се врати таа вечер на спиење дома. Се обиде да го добие неколку пати, но телефонот му беше исклучен. Следното утро, слезе во кујната по шоља кафе, кога слугинката го пушти психијатарот во куќата.

–       Добро, утро Луз. Не си добро? Изгледаш потиштено.

–       Здраво, Виснете. Не, само проблем со низок притисок, ништо страшно. Дојде да ја видиш мајка ми?

–       Да. Се ли е во ред, Луз? Знаеш дека можеш да сметаш на мене како пријател и професионалец.

Таа со сила се намсевна и не можеше да ги задржи солзите.

–       Имам некои проблеми со Алекс. Знам дека ќе пројдат но ете…чуствителна сум поради состојбата. Бремена сум.

–       Ти честитам. Обиди се да не се оптоваруваш толку со проблемите. Првата година е најтешка во секој брак.

–       Многу ми е тешко, – на крајот призна Луз, не можејки да ги додржи солзите. – Алекс не го сака детето кое го носам. Не сака да го родам.

–       И што ќе направиш ти во врска со тоа?

–       Ќе го родам по секоја цена, – одлучно одговори мадата жена.

 

 

Себастијан стана тоа утро нешто подоцна од обично. Ја облече маицата и појде во кујната по кафе, прозевајки се, кога заѕвоне ѕвоното од вратата. Отвори. Беше Вероника.

–       Може ли да влезам?, – го праша.

 

 

Во меѓувреме, Емператриз појадуваше во трпезаријата на вилата, кога Пандора ја најави посетата на Надија Рохо. Сосема во поинакво светло од она на болничарка во домот на Урисотеги, влезе Дијана со пуштена коса, облечена во црвено здолниште и сако.

–       Седни, Надија. Сакаш да ми се придружиш?, – љубезно ја праша Емператриз.

–       Виски, те молам.

–       Роси, – Емператриз ја повика слугинката која служеше.

–       Да, госпоѓо.

–       Виски за гостинката, те молам.

–       Веднаш.

–       Дознав дека Лусијано е на пат во Аргентина, – рече Дијана, прекрстувајки ги нозете. – Дали патувањето е поврзано со тоа за што ме баравте, Емператриз?

–       Да, поврзано е. Но, Лусијано не е во Аргентина. Лусијано е киднапиран и сакам да знам дали тоа е твоја наредба, Надија?

 

#56то продолжение

 

 

Себастијан ја отвори вратата, дозволувајки и на Вероника да влезе во станот. Таа влезе полека, погледнувајки го под око. Сеуште беше згоден како некогаш, ако не и повеќе, помисли.

–       Само што тргнав да правам кафе. Сакаш?, – ја понуди учтиво.

Таа кимна со главата и седна на шанк масата во кујната. Себастијан извади две шољи за кафе и го принесе апаратот.

–       Може ли да знам зошто дојде?, – ја праша директно.

–       Не се слушнавме од оној пат.

–       Бидејки се појави во непогоден момент.

–       Како е Хисела?

–       Хисела е добра, на училиште е сега.

–       Тешко ми е да ти кажам зошто дојдов, Себастијан, – додаде Вероника, играјки си со премен коса во раката. – А ни ти воопшто не ми олеснуваш.

–       Зошто дојде?

–       Не ми оди најдобро, – одговори со суви солзи во очите. – Заканата на татко ти ми ги уништи сите планови кои ги имав. Не можам да се вратам во Шпанија без Хисела а не можам да останам да живеам тука. Хотелот е прескап и…

–       Ти требаат пари? Затоа дојде?, – ја праша подавајки и ја нејзината шоља со црно кафе.

–       Не, не сакам пари. Ја сакам мојата ќерка.

–       Не! Хисела останува со мене!, – одговори дрско, удриајки го апаратот за кафе од масата.

–       Сослушај ме, Себастијан. Немам пари да платам адвокат кој ќе се бори против магнатот од твој татко. Животот ми е уништен и не знам што да направам.

–       Проблемот е што ја остави својата ќерка како мала и сега не можеш да ги вратиш тие загубени години назад. Потоа се врати назад со закани. Со закани дека ќе ја замеш со себе во момент кога Хисела не сакаше ни да слушне за тебе. И по твоја вина, Вероника, Хисела падна на испит и за малку ќе се завртеше против мене. Се е твоја вина. По твоја вина мојата фамилија се замеша во случајот.

–       Не ми зборувај така, те молам – Вероника не можеше да ги додржи солзите.

–       Вероника, јас можам да ти го повторам истот кое ти го кажав и првиот ден. На Хисела и требаат и мајка и татко.

–       Да, но јас не можам да останам овде.

–       А зошто си запнала да се вратиш во Шпанија? Што имаш таму? Куќа? Фамилија?

–       Имам куќа која ја давам под наем.

–       Тогаш продај ја. Продај ја таа куќа и со тие пари купи си тука стан. Јас ти ветувам дека ќе ти помогнам да најдеш работа, да се средиш. Што се однесува до Хисела јас ќе ја издржувам и понатака, нејзиниот живот и школарина ќе останат на мој грб. Само така Хисела ќе ги има и дајцата родители во својот живот.

–       Сериозен си?, – го праша Вероника, држејки ја шољата со кафе во двете раце.

 

 

Емператриз ја спушти чашата со сок од портокал на трпезариската маса и погледна во својата соговорничка. Надија само што посегна по своето виски.

–       Морам да ти признаам дека ми олесна што не си поврзана со киднапирањето на мојот сопруг.

–       Зошто? Ако не ме лаже сеќавањето, Рафаел ти и Мануел сакавте да го елиминирате Лусијано едно време, -ја потсети Надија.

Ниту една од двете жени не беа свесни дека старата Пандора го прислушкува нивниот разговор зад затворената врата.

–       Тоа беа други времиња. Лусијано беше тогаш друг со мене. Откако излезе од кома, станавме поблиски.

–       Те молам, Емператриз, не потценувај ме.

–       Таман работа, драга. Јас многу добро знам за што си способна. Една огорчена болничарка се претвори во моќна Надија Рохо. Тоа не е за потценување. Но, исто така немој ни ти мене да ме потценуваш.

–       Смеам ли д ате прашам нешто, Емператриз? Зошто ми поверува кога реков дека немам ништо со киднапирањето на Лусијано?

–       Поради твојот поглед. Многу добро знам кога некој ме лаже. Многу пати во животот сум била лажена.

–       Ние две сме многу слични, Емператриз. И двете сме изразнале во сиромаштија, во кварт и сме дошле до овде. Секоја на свој начин секако.

 

 

 

Мануел не беше заминат цела ноќ од канцеларијата. Остана до рано следното утро со надеж дека ќе добие инфомрација за киднапирањето. Тоа утро седеше на своеот биро со главата потрпена на фотељата. Сонот го совладуваше полека, кога силното ѕвонење на телефоонот го размрда.

–       Мануел Ламас, – одговори најбрзо што можеше.

–       Слушај ме добро, – се огласи машки глас од другата страна на линијата. – Го имаме татко ти. Ако сакаш повторно да го видиш жив, обрни внимание.

 

 

Лусијано се рабуди по долго време. Се најде во некој дтуден хангар. Празна и долга просторија со високи стакла од кои продираа сончевите зраци. Како пес беше фрлен врз еден душек. Се обиде да направи чекор, но нозете му беа заврзани…

 

 

Алекс излезе од својата канцеларија во Фалкон и се заклучи во бањата. Го извади својот мобилен телефон и заврте еден број.

–       Алекс е. Мануел се согласи на откуп за милион долари. Откако ќе ги земете парите сакам да го убиете стариот!

 

 

Откако дојде во компанијата, Ева ја извести Емператриз дека Мануел сака итно да зборува со неа. Се упати кон неговата канцеларија.

–       Се јавија киднаперите, – ја извести својата маќеа. – Бараат милион долари за да го ослободат стариот. Но, слушај ме. Имам план. Од банката ќе извадиме милион и половина и ќе му кажеме на татко дека толку барале. Таа половина ќе ја поделиме јас и ти. Никој нема да знае колку точно побарале, дали сум јасен?

–       Во ред, во ред, драги.

 

 

Себастијан го сопре својот мотор на паркингот во зградата на седиштето на Фалкон Ерлајнс. Ја извади кацигата од главата и се упати кон лифтот кој го одведе до катот каде што беше администрацијата.

–       Добро утро, Ева, – весело ја поздрави секретарката. – Дојде ли татко? Сакам да зборувам со него. Ако е тука, те молам најави ме.

Наместо одговор, верната секретарка на Лусијано почна гласно да плаче на изненадување на Себастијан.

 

 

            Во меѓувреме, од банката Мануел и Емператриз повлекоа милион и половина долари кои им беа доставени од двајца вооружени момци директно во канцеларијата. Двајцата одвоија еден милион во една торбица, а другата половина ја сместија во сефот со цел накдандо да ја поделат, според планот. Мануел ја зеде на рамо спротската торбица со милион долари и излезе од канцеларијата. Со лифтот се упати директно кон гаражата каде што беше паркиран неговиот автомобил. Ги смести парите во гепекот и кога седна зад воланот, Сеастијан ја отвори вратата од автомобилот и седна на совозачкото седиште.

–       Доаѓам со тебе.

–       Што правиш, Себастијан?

–       Не знаеш што зборуваш.

–       Совршено знам што зборувам. Ќе одиш да ги предадеш парите за откуп. Патем, фала што ме извести дека стариот е киднапиран.

–       Совршено јасно ми потенцираа дека треба да одам сам. Ако останеш и инсистираш да се мешаш и ова ќе тргне наопаку.

–       Што излегло наопаку по моето мешање?

–       Треба ли да те потсетам дека Рафаел беше најден мртов откако ти одлучи да го бараш? Затоа излези од мојот автомобил и остави ме да ги однесам парите каде што ми рекоа.

–       Не помислуваш дека се изложуваш на опасност? Дека можат и тебе да те киднапираат?

–       Знам дека можам и треба ова да го напаравам сам! Затоа те молам излези!

Себастијан го послуша својот помал брат. Излезе од автомобилот, но никако немаше да го пушти сам. Потрча кон одделот каде што беше паркиан неговиот мотор, ја стави кацигата на глава и почна да го следи брата си по улиците на метрополата.

 

 

            Точно на пладне, Мануел го сопре автомобилот пред еден стар хангар каде што беше договорен да ги остави парите. Излезе од аввтомобилот, ја зеде торбицата наполената со пари и ја остави во една рѓосана канта за нафта. Се врати назад во автомобилот и го напушти мрачното место.

            Мануел не беше ни свесен дека Себастијан го следи.  Откако помладиот брат замина од местото, Себастијан слезе од својот мотор. Од џебот на јакната го извади пиштолот кој успеа да го земе од сефот во канцеларијата на  својот татко, откако Ева му соопшти дека е киднапиран. Застана зад еден столб и чекаше да види кој ќе се појави по парите. За кратко време, откако се увери дека Мануел заминал, од една вратичка излезе човек со средна висина. Пријде до нафтената канта и го отвори ранецот. Беше полн со пари.

–       Шефот ќе биде задоволен, – помисли за себе, и во моментот кога ја зеде торбицата и посегна по својот телефон, Себастијан го грабна од позадина, го притисна за вратот и го  впери пиштолот во неговиот стомак.

–       Веднаш однеси ме кај Лусијано!, – му нареди на киднаперот, одземајки му ја и торбицата со пари.

 

            Со ревловерот вперен во неговиот грб, киднаперот се движеше по хангарот водејки го Себастијан кон својот татко. Отвори една метална врата која беше забарикадирана и заклучена со катанец. Во  просторијата, на еден душек беше заврзан стариот Лусијано.

–       Здраво, татко. Долго време не сме се виделе.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #053 & 054

#53то продолжение                 Со двете дланки, Себастијан го покри своето лице. Одеднаш се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!