Почетна / Телевизија / Нова не емитува премиерна програма – телевизијата пред згаснување?

Нова не емитува премиерна програма – телевизијата пред згаснување?

 

Големи претензии за поставување поинакви стандарди во македонскиот телевизиски етер. Големи амбиции и одлична реализација. Но, сето тоа пропадна во вода. ТВ Нова остана само на репризи.

 

 

Од вторникот, 13-ти февруари 2018-та, ТВ Нова не емитува повеќе премиерна програма и програма во живо. Не се емитуваат секојдневните информативни изданија на вестите, отворените дебатни програми, нема ниту премиерни емисии, премиерни епизоди од “Викинзи” – тотална апокалипса се случи со телевизија Нова.

 

 

Медиумите шпекулираа за евентуално купување на телевизијата од страна на Сивус или Канал 77, но до ден денес официјално ништо нема. Вработените без плати се пуштени дома, а каква ќе биде нивната и судбината на самата телевизија, никој не знае. Како што пишува неделникот Фокус, во телевизијата остана само чуварот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!