Во четврток во 21 часот, уживајте во Дирлада, Оган под ѕвездите и Македонија
Првиот канал на Македонската телевизија со ексклузивна снимка од концертот на култните “Меморија”, одржан во ноември минатава година. Четврток, 1 март точно во 21 часот ќе имате можност да уживате во неповторливата енергија на песните кои што го одбележаа животот на неколку генерации.
Меморија е македонска музичка група основана во 1984. Во почетокот свиреле поп-рок. Основачи на групата се гитаристот Душан Трпковски – Ринго и Петар Георгиевски (свирел бас гитара).
Во првите години од работата групата често ги менуваше членовите, но со демо албумот отпеан со првиот вокал Зоран Или-Зоци излегува и хитот „Нена”. Подоцна имаат концерти во Скопје. Ринго и Зоран ја напуштаат Меморија и со нови членови се снима деби студискиот албум Оган под ѕвездите. Групата го снимила во состав: Апостол Поце Икономов (вокал), Георгиевски (бас), Антонио Димитриевски (тапани), Дејан Кузмановски и Валентино Скендеровски (клавијатури), Ицо Јовковски и Бане Поповиќ (гитари).
На следната плоча Октомвриски дождови ја објавија обработката на песната „Македонија“ од репертоарот на групата Тајм и Дадо Топиќ. Концертната плоча ја снимаат на 27 октомври 1991 година во скопскиот ноќен клуб „Хард рок“. По смената на вокалистот (на местото на Поце запеа Ристо Самарџиев), Меморија направи неколку снимки на старите песни. Темите: „Дирлада“, „Дек’ си бе цимер“ (од репертоарот на групата Пеницилин) кои беа дел од нивниот последен студиски албум – Меморија 5.
Дани | ТВ Пакет