Почетна / Телевизија / Вистински и трогателни „Судбини од животот“ секоја недела на Сител

Вистински и трогателни „Судбини од животот“ секоја недела на Сител

 

Отворено и без срам – нова емисија на ТВ Сител во недела по “Јазол”

 

 

Од 4 февруари во 21 часот, па секоја следна недела во истиот термин, на Сител ќе се емитува српската телевизиска емисија “Судбини од животот”. Авторката на емисијата, Тања Војтеховски, ќе зборува со луѓето кои се желни да ја отворат душата, да ја раскажат вистината, каква и да е – тешка, страшна, тажна, болна.

 

 

Во искрените разговори во студиото, луѓето ќе зборуваат за своите судбини кои ќе ја заинтересираат јавноста. Ќе слушнеме искрено и отворени животни приказни, сведоштва за настани, раскажани емотивно и лично проживеани. Ова се судбини од животот за личноста, за дилемите, тајните, одлуките, околностите кои ги довеле до одредена ситуација.

 

 

Гости во емисијата се луѓе кои не се познати на широката јавност, иако за многумина можеби се познати случувањата во кои они директно учествувале. Сега, тие луѓе се подготвени без никаква резерва да се отворат пред моментот на вистината. Некои приказни ќе дадат поинакво светло на настаните и ќе интригираат проблеми за кои сите сме знаеле, но сме молчеле.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!